Како бе така на форум бараш совет дали да дадеш антибиотик препишан од лекар?! Дали мислиш дека ние тука можеме да ти дадеме подобра и поточна дијагноза од лекарот? А и “советувачиве” тука не ми се јасни. Како можете да советувате дали да дава или не антибиотик? Ја знаете ли клиничката состојба на детето? (божесачувај)
Божесачувај од такви како тебе што читаат а не дочитуваат, но трчат да нападнат некој. Советот кон Блек беше најдобронамерен, ја следам одамна, детето нон стоп и е на антибиотици, а според она што го пишува таа симптомите и клиничката слика се благи и умерени, а не нешто сериозно. Нормално жената ќе се консултира со лекар, нели ја читаш, го носи детето редовно штом крене температура и сл. И кој може најдобро да ја знае состојбата на детето ако не мајката. Таа е со него нон-стоп, знае колку често и како кашла, знае дали го боли нешто или не, дали омалаксува и сл... Анамнезата од родителот е и те како битна иако толку многу ја потценувате, секој добар доктор прво го зема во предвид тоа што родителот има да го каже, па потоа она што ќе го чуе на слушалка. Црвено грло за мене не е ништо страшно доколку детето има над годинка, нема болки и не е загноено. Има пред терапии кои може да се дадат за ублажување на воспалението, па дури ако тие не дејствуваат да се направи брис и да се даде антибиотик. Што е со децата во странство во поразвиените земји каде не можат да дојдат така лесно до термин па со денови имаат температура и кашлаат но никој тоа не го смета за сериозно туку оставаат организмот сам да се избори?? Таму лошо да не им мислат случајно или да не сакаат да им наштетат?? За да добие антибиотик треба да има солидна причина, а не ко тука секоја втора недела препишуваат антибиотик на толку мало дете. Јас што читам само и не ме засега сум револтирана и бесна! Ако детето толку често се разболува, ако е нешто сериозно нека го хоспитализираат, нека направат испитувања, нека го пратат во погорни институции, да се открие причината, а не 2 пати месечно антибиотик. Најлесно е така!
Секое дете кое почесто се разболува и почесто прима антибиотик во текот на неколку месеци, треба да не загрижи и да ни алармира проверка на брис, лабораторија, црп, асо и консултација со орл специјалист.пред да се даде било каква терапија. Не ми е јасно, одете на лекар, ви даваат антибиотик и овде прашувате што да дадете, а антибиотикот не го давате. Кажете му на докторот дека не примате, барем само да ве следе. Тој чека повратен одговор за тоа што ви го препишал. И попаметно би било да прашате додека да отидете на лекар што би дале на природна база. За кортико препаратите се сложувам со @Annath . Намената им е исклучиво за опструкција, ларингит интензивен или за алергија. Ниту за температура, ниту за настинка. 37,4 не е температура за антипиретик, оставете ги децата да се борат сами, со помош од вас со физички методи: рехидрирање, туширање, електролити и масажи со алкохол
Чекајте малку, јас само прашав колку дена може да трае ова со затнат нос. И сакав да поминеме ете така без антибиотик зашто детето мки пиеше цефалексин пред Велигден и не сакав само да се труе. И не треба одма обраќање со бе, бре како што прочитав погоре. Фала им на Лолипоп , Алишан што ми одговорија убаво. Да оздраве и ќе ја однесам на орл зашто не ми оди во градинка, настинува често, ама еве овојпат настина од на јатрвата детето, тоа беше со растечен нос, беа во иста просторија и ете ти. Само ако можете да ми препорачате орл за деца.
Извини Блек го немав видено мислењето. Вадиш ли нешто со пумпицата или се суви мрсули? Кога се суви мрсули јас само му ги чистам со стапче за уши и навлажнувам со спрејче од морска вода (аква марис конкретно). Кога се течни и густи му ги чистиме со шприц. Го полниме шприцот (треба да му е исечен врвот) со 6-7 мл физиолошки. Го легнуваме со главата настрана, еден го држи, а другиот го истиснува наеднаш шприцот во горната ноздра, а од долната излегуваат сите мрсули, потоа му ја вртиме обратно главата и ја повторуваме постапката. Буквално сè излегува и наредните неколку часа детето си дише убаво. Има видеа можеш да погледнеш за да ти биде појасно. Парна бања исто помага, ставаме сол во кадата, детето го држи мм близу до кадата, а јас пуштам жешка вода да испарува. Така да дише 10тина минути, а после ја разладувам водата и го оставам да се бања уште некое време, по можност да нурка во вода. Кромид до глава додека спие помага да не се затнува носот преку ноќ.
Блек те читам неколку дена. Мојот лани овој период може нешто покасно, да ме те лажам ама секако беше месец дена со затнато и растечено носе, повремено кивкаше и толку. Се што правевме беше само Синомарин спрејче и пумпица доколку имаше секрет. И често на слушалка. Дома сестра ми го слуша. Ама мојот не пушта лесно, бар до сега фала Богу не направил опструкции. Па затоа и само те читав. За моето знам што е правилно. Го научив детево. Инаку на Т под 38,5 јас не давам ништо. И подобро од тоа сам да ја спушти нема, после се како нови.
Блек добар е од вчера само хрчи по малку и гледам тук-таму по некој шлајм го закашлува и навечер. Го држевме на сила за инхалации и блечење со пумпица,жал не жал шо да му праам Исто како Лолипоп секоја вечер парна бања му правев и јас
Мајки ај совет некоја ако повеќе знае. Правевме брис од нос и грло. Да напоменам нема синко никакви симптоми,поткашлува по малку ама ништо страшно. Брис од грло негативен,брис од нос позитивен. Не се разбирам во бактерии,прогуглав нешто и уплав фатив и исклучив. Ако има некоја што знае нешто за бактеријава нека пише. Иначе му препишаа антибиотик. Амосиклав да прима 7 дена. @Lolipop23 @Alishan30
Не е страшна бактеријата, се работи за истата бактерија Мораксела катаралис која секое второ дете ја има во носот. Обично не предизвикува инфекција, си живее како дел од нормалната микрофлора на носот. Ептен треба да е паднат имунитетот за да предизвика инфекција на увото или синусите. Да е МОЕ дете во прашање не би дала антибиотик штом нема никакви симптоми. (пред да ме нападнат поединци, значи ова не е совет што да прави членката, туку што би направила ЈАС во истата ситуација).
Тинче големата често има бактерија во нос.Ама не ни дале аб никогаш бидејки е без симптоми.Јас ставам Ацидосалус спреј.Земи го одличен е
Оти антибиотик ако нема никакви симптоми? Прскај упорно физиолошки, ако можеш набави Ацидосалус и тоа прскај и направи контролен брис за 3 недели.
Заради тоа што се наоѓа бактеријата во носот, и обично ја има кај секое дете.кажавте дека поткашлува, значи и не е дека нема никаков симптом. Не би одела со антибиотик за системска употреба. Можеби со цитерал капки во нос би дала, зошто гледам дека е сензитивна бактеријата на нив. Антибиотик се дава кај докажана бактерија, знае да биде асимптоматски но да си тлее во организмот. Затоа и се прават брисеви со антибиограми