Извинете можи во погрешна тема пишувам ама итно ми треба препорака за безконтактен топломер од кој сте задоволни и кажува поточно или барем приближно. Со живин е невозможно да мериме, знам дека тој е најточен.
Како што опишуваш исти сме. Нема повеќе температура. Таман помислив подобро е сега многу кашла и повраќа од кашлање, не сака да јаде веке два дена… уф тешко
Вчера бевме повторно на контола, докторката вика на грло нема ништо визуелно, ама носот преполн..не знам колку пати во денот се чистиме, со аспирација, со носко, џабе..и таа вели кашлицата му е од носот..обавезно инхалации...а ова моево не сака сируп да пие не да се инхалираме ама мора од денес со сила некако мора...сношти се отепа од кашлање, се разбуди во 6 и не можеше повеќе изгледа затнат цел, го исчистив со ноското да не кажам што не излезе...и презаспа, неможевме во 8 да го разбудиме...и сега ќе морам и во текот на ноќта да го будам и да чистам..не дека ми е прв пат..и ни смени антибиотик, ни даде панцеф ќе видиме...вчера веќе беше малку подобар после 4 дена јаде дури два пати..многу ми е тешко особено зошто и јас сум болна, и јас полна со секрет и јас кашлам на вечер и преуморна сум..ама се надевам ќе се смири викендов, бар апетит да му се отвори тој и онака е нејадач, сега 4 дена на вода беше
да те "утешам" ретко кој го одминува. Кај нас и малото (кое прво фати или префати од негде, не знам) дури до мене стигна вирусот. Многу е за нигде.
Бевмме ние денес на контрола ни го сменија антибиотикот, сега и дадоа оспен… Инаку многу кашла ама суво, од сабајле не може да и се смири кашлицата, ама за кашлицата ништо не и дадоа
За кашлицата мене ми препорачаа инхалации со кортаир..иначе ние пиевме оспен 4 дена ама немаше никакво подобрување па ни смена на панцеф...ќе видиме...сабајлево јадел нормално, се надевам панцефот подобро ќе му делува..иначе и ние суво кашлавме ама матичната ни рече се ни од носот, му се слева секрет и затоа кашла
Мајки дали при бактерија на грло се прават инхалации со дексазон, бидејќи има сува кашлица ( цело време кашла). Нешто како да имам слушнато дека при бактерија на грло не се прават инхалации.
Синко со гнојна ангина, кашлица, главоболка и температура 39, девојче со осип и тт 39, еден ден имаат, друг немаат, па одново.. на големиот му препишаа Амоксиклав, на девојка правевме крвна слика и сѐ е мирно. Ова вирусот е или мешана "скара"? Ме полудеа, секој месец се болни, сите вируси ги собравме
Гнојна ангина може да е и вирусно и бактериски. Нас докторот ни рече крвна слика после 48 часа од прво качување температура. Претходно не било релевантно.
Здраво. Дали некоја мајка има искуство со потење кај деца? Ќерка ми има 7.30 години и веќе почна да се поти под мишки со непријатен мирис. Нели е рано за тоа и дали има антиперспиранти за деца?
Не знам дали е рано. Но имаше во ДМ едни како течност, стојат кај обичните на прскање. Заборавив кој бренд се, некоја нивна марка, мислам дека пишуваше без алуминиум. Не се од обичните рол они, нешто друго е. Или евентуално лидера кремата да ја земеш.
Не можам да го едитирам претходното мислење. На овие мислев, или слични вакви видов последно кога бев.
Мајки помош. Малата ми е скоро 4 год еве месец дена мака мачиме со какање. 3 дена не е какана, и ставив клизма ништо не се случи. Таа многу плаче, ја боли и дупето и мешето. Се напнува по цел саат и повеќе се мачи и пак не може да се искака. Имаме проблем со неа, лудо од дете е оти е многу инсетлива. Таман и дојде да кака го враќа назад, не знам како да ви ксжам. Кака стоејки, нема шанси фа седне на шоља или да чучне. И давам 2х на ден waya пробиотик, пие calm releife сируп, давам сок од модри сливи. Млеко и благо и грицки не јаде, чорбички слабо, супа никако. Вода нудам, и се што и збориме се како на против да прави. Значи инает не виден, контрира во се. И збориме објаснуваме да се напне, да чучне почесно ќе се искака нема шанси. Бевме на детски гастролог, детски хирург и само ни рекоа смени исхрана и одма клизма и ставаат. Ама не можам никако да ја натерам ништо што не сака, пробано со лошо, со добро не иди. Детето многу ми се мачи, не можам веќе вака да ја гледам. Еве веќе 3 часа се мачи и пак ништо. Помагајте