Психолошки има детето мака, да не ме сфатиш погрешно. Детето звучи како да се плаши да кака. Консултирај детски психолог.
Консултиран детски психолог, носена е на терапија, и на крај добивме одговор дека со време ќе помине само да не ја форсираме
Тогаш само трпение , понуди и да ја гушкаш додека кака или друга утеха нешто , и многу зборење. Моето кога има мака исто запек плаче седнувам долу пред него бидејки на нокшир кака и го гушкам му зборам го тешам и плаче секако некогаш че се искака некогаш ќе стане не го форсирам да седи ама тука сум до него. Нема друго што да се прави... Се надевам брзо ќе го решите проблемот. Со лаксативи нема да се реши пОшто нагонот таа го сопира ...
Верувала или не, навистина со време ќе помине. Исто имавме проблем потполно ист, и ништо не помогна, едноставно само од себе..
Малку сум досадна овие денови. Ама овие два -три дена едвај две лажички ќе изеде, до сега многу пати е била болна ама никогаш не е одбивала јадење. Моментално пие антибиотик ја лечиме стрептокока во грло. Дали е нормално да не сака да јаде, чудно тие денови што беше со темература јадеше сега несака
Најбитно е течности да внесува и тоа што сака давај за јадење, ако воопшто нешто сака. Ќе биде добро не се грижи.
Земи било каков природен антиперспирант имаш голем избор во Белина само што се поскапи, Алверде во дм. Ја боли грлото сигурно. Нека внесува течности, супи, јогурти, чај, сок, пробај корнфлекс со јогурт, житарки, пире, нешто така полесно. Не знам колку години е, јас после 2 години почнав прополис да давам многу го опушта грлото, исто има и лижавчиња во аптека за болно грло само прашај од која возраст може.
Оваа стрептокпкава изглеа ни ги покоси све децава, и моево три дена ништо в уста, не го форсирај, само на топлово давај течности, кај нас веќе 4тиот ден почна сам да бара да јаде, не ни е ова прв пат кога е болен ништо да не сака в уста
Лимон под мишки, мене ми функционира а на дете верувам уште повеќе би имало ефект. Релативно рано е, може треба да испитате хормони, верувам дека имаат врска со потењето и мирисот
Ехх.. немам совет.. може утеха само. Моево не јаде воопшто. Се е со молење, значи и кога не е болен 40 минути го хранам, на секој залак вода пие. Кога е болен не успевам ниту еден оброк да му дадам. Не сака и се лигави х100. После секој вирус е уште послаб од претходно. Итри се децата. Кога е болен прашувам што сака и одговорот е сутлијаш, чоколино, бисквита, торта, лебче. И нормално, ќе дадам сув леб да гризе (доктор има речено дека при болно грло добро е така да голта леб) или варам сутлијаш, ама реално количински слабо ќе изеде. Неколку залчиња леб или неколку лажички сутлијаш. Се тешам се додека пие вода, ама кога е болен некогаш и вода одбива..
Ѕирни и ја устата може има афти или крајниците ја болат малце потешка бактерија е стрептококата така да нормално е да не јаде али гледај течности да внесува ако треба и прави и ги јадењата како каша барем додека се стабилизира.
Ajde majki sovet ako moze. Ke vadime krajnici pa kako najlesno da gi pomineme tie dve nedeli? Mnogu sum isplasena.
Ќе слушате доктор. Додека заздрави течности, супи, лесна храна за голтање. За болка веројатно ќе дадат лекови.
Фала ви сте на советите. Утре обавезно ќе ја носам да јавиди докторката. Јаде по малку ама многу време го држи во устата до дека да го голтне. Најверојатно ја боли грлото. Малку се потсмирив. Дека прв пат одбива јадење и ми беше чудно
Јас имам вадено крајници и ќе ти кажам најважно е грлото да се влажни цело време. Докторите ќе ти речат важно е течности да пие ама кој не вадел, не знае. Не мора да испие чаша одеднаш, подобро голтка по голтка ама често, на 15-20 минути потсетувај зашто ако се исуши грлото боли како жилети да голташ. И во спиење буди на некој саат, па ќе продолжи. Добрата работа е што кај децата многу побрзо поминува и не е болката огромна или до аналгетиците е, којзнае. Потешко се поминува анестезијата реално.
Мајки бедоксин освен во апче има некоја друга форма за деца? Треба да пие по 2 дневно, нема никакви шанси да се напие
Б комплекс знам има и сирупи и гранули за растварање ама дали има доволно бедоксин во него незнам. Прашај во аптеките за алтернатива