Искрено не знам. Мене истиот доктор кога бев мала ме лечеше со оспен за болно грло. Антибиотици колку што имам прождерено не сум тешка ама тоа во деведесеттите, пред сѐ да стане "опасно", и пред да станам родител па на секоја терапија да се тресам и да читам нуспојави
Така беше порано И јас цел живот со крајници, направени швајцарско сирење, смрдат корнат, оспени, амоксиклави, а депопен инекции колку имам примено ни сама не знам. Битно нема вадење, филтри биле. Кога станав полнолетна прво тоа го средив, ги извадив и раат. Ама секогаш со ладно сум ги ‘лечела’. А грлото кога ме боли само топло ми помага.
Мајки како постапувате кога детето се тресе и нагло качува температура. За 3 мин стигна до 39,5 и цело време се тресе
И велам на пријателкава секој пат кога му даваш сладолед на болно дете некоја балканска жена експлодира
Имав неколку такви ситуации претходната недела, го покрив со ќебенце за да не се тресе, да се стабилизира малку оти помодре од тресење и дадов антипиретик. Не знам дали е правилно, но така ми дојде да реагирам во тој момент.
Да не го тушираше? Јас кога туширам така се случува... инаку @Tiny Love добро рекла, и јас така правам. Го покривам за да не се тресе, сируп давам и додека да почне да делува мерам стално, ако ми е страв одма со ракија крпи му ставам по телото..
Правевме кс, за да примаме мрп но не не вакцинираат дека леукоцитите се покачени, ни кажа не е страшно за две недели да повториме кс и ако е добра да се боцнеме, ваше мислење? Инаку одкако одат во градинка стално прокашлуваат или носиња течат.
Некој да знае нешто повеќе за бактерија ешерихија, доста проширена, препишан антибиотик, дали има плус нешто на природна база да се ублажи, освен чај од брусница, и колку е сериозна и опасна?
Да се надоврзам, матичната ни вика добри биле резултатите за нивната возраст изненадена зошто не вратиле од вакцина. Ова докториве како од различни книги да учеле, колку повеќе мислења бараш толку различни добиваш.
Се надевам симнал.. знам пријателка многу испаничи така на 39.4 го однесе синот на инекција. Не пиеше вода ниту сируп. Јас гледам да избегнам одење по болници, па пробам се што знам. Но навистина ми е стресно и страшно, се плашам и да не заспијам кога е со тт.. со лесно нека ти е, брзо нека оздрави.. чим е покриен со некаква терапија ќе помине..
Син ми кашла само додека спие а вака додека игра ептен малку ама кога спие е хорор.. Има мрсули, му вадиме со Носко и прскаме спреј а нема ништо на грло нит ништо.. Се мислам да го однесам денес на брис да му земат од нос ? има ли некоја вакво искуство ?
Колку дена е така? Ако е влажна кашлица како со шлајм обично сме ја средувале со инхалации со физиолошки.
Да го ставаш на повисока перница? Да не е сув воздухот? Ако пуштате клима можете малку и навлажнувачот за воздух да го вклучувате.
Еднаш во месец обавезно имаме еден ден со повраќање проследено со некочку часовна температура. Викендов поврати на два пати и постојано се жали ма болки во меше. Вчера бевме на брисеви за нос и грло и крвна слик. Што мислите за резултативе некако се ми изгледа покачено, а овие денови е со некоја константна тр од 37-2/37-4