на деца под 12 год не се ставаат капки,така ми рекоа во аптека, парацетамол или нешто против болка ни препорачаа
не се сложувам со тебе, тука сме за совети од искуство а мајката решава дали и што ќе даде. Мене ептен многу често ми се случило да не ја дадам терапијата од докторот и да не погрешам и исто ко ќе појдам на преглед јас прашувам дали за таа состојба можам да давам таков и таков лек. И ниеден доктор не може толку добро да го знае организмот како мајката
И ние ја имавме пред повеќе од месец дена. Не ми дадоа антибиотик, дури и ми дозволија да вакцинирам со ммр со неа. Немам повторено брис после тоа повторно, но сме немале ни потреба.
па и јас ме би додавала капки. Што знам,некаде читав дека можеш да правиш инхалација и со етерични масла растворени во физиолошки раствор. Најдобро били капките од еукалиптус и лаванда. Јас имам правено на синко инхалација со чај од нане. Не ихалирав со апарат туку онака класично варен чај па да дишеш од пареата. Ама чај од листови од нане а не филтер. Се изненадив колку му пушти и грло и нос. Почна да му тече и го издувавме а од грло се раскашла и корнеше шлајмови. Барем се исчистивме
Да да најубаво така природно. Еве јас неџнам што е ова оваа година. Детето големо ми е девет години, досега ниту еднаш не кашлало ниту пак некогаш спуштило на плуќа. Може е чудно но ете ќе настине два дена температура, грло и толку било. Ама годинава..... Во декември кога почнаа да кашлаат....Морав инхалатор да купам. Еве ги сега пак. Големиов пак му врвинодма а малово две год има еве го спуштило малку. Докторката ми рече може со вентолин. Ама тој не стои за жива глава. Незнам стварно што е работата. Цела зима ги пукнав од овошја, вит ц бимунал давав, што ти не. До воздухов ќе да е. Најтрагично.е што и бебчево поткашлува штом тие почнат. И тоа оцкаво на инхалатор. Многу се нервирам.
Веќе не знам што да направам. Од саботата ми е малата со затнат нос, еве уште е, крчи со носот. Ќе и извадам мрсули и одма пак и се создаваат. Прскам и синомарин, но џабе. Дури и се закашлува, како да се задавува. До кога ви имале децата проблеми со носот, колку дена ќе трае ова? И дали да и правам инхалации?Дека сум читала не треба за течење нос инхалација или можеби грешам.
@LiliBoz ок тогаш, ќе правам. А нормално е од нив да се закашлува? @joy1 искрено не знам. Првпат во овие две години е вака со затнат нос, претходно имше на 8 месеци бронхит и после ларингит еднаш. А кога ми настинувала другпат било само со тт, а вака со затнат и растечен нос е првпат. Да дадам лоратадин или не на своја рака?
Мајки веќе не знам што да правам. Сакав да прашам дали е можно поради растење на заби дете да има пролив една недела? На малата одеднаш и излегуваат три 5ки( една речиси целосно излезена, една половично и една со врв) Вчера приметив. Пишував на темава, малата една недела веќе има течна столица/пролив.(на 6дена после вакцина и почна сѐ) Два дена беше пролив со многу течни столици, другите денови по 2_3 пати, а вчера и завчера само по една течна столица. Меѓутоа сабајле повторно имаше три течни во рок од два часа. (Претходниот понеделник прими мрп, во саботата повраќаше и колабираше и од неделата има пролив. Цела недела е нервозна кенкава) Не знам дали е ова реакција од вакцината, дали е стомачен вирус или нешто друго. Па се прашував и се надевам дека можеби ова е резултат на растење заби Истоштена сум физички и психички и со идеи за храна. Јадеше само супи, ориз, двопек, морков, компир, варијанти помеѓу, меѓутоа во недостиг на дозволени намирници и затоа што сама си бараше јадеше и кисело млеко и јогурт. Утрово пак, затоа што вчера и завчера имаше по една столица, мислев дека се смири, и сварив јајце со кифличе и јогурт. Дали можеби тоа и направи проблем повторно? Пие пробиотик и електролити. Одвај. Совет? Искуство да споделите? Навистина сум исцрпена во секој поглед, но уште повеќе загрижена до кога ќе трае Извинете на долгиот пост
Еве мое искуство ќе ти споделам. Четвртокот сабајлето стана со затнат нос. Почнав со спрејот и со пумпицата за влечење и мукоплант цел ден во зовриена вода имав да испарува во дневна. Надвор беше поголем дел од денот. Два пати дента го бањав во спурено вц и со млазови вода преку глава ( нормално припазував да не се испоудави ). Вечерта кромид исецкан во спална стаив. Мирисаше спална бетер од Дестан ќебапчилница . Вчера истото го практикував. Еве го денес е како нов. Четвртокот и петокот давав на два пати супа со повеќе црн бибер и лимун. Пробај со мукоплантот и со кромидот.
Moive se non stop so mrsuli od site mozni vidovi i boi vo nosevite. Te retki, te gusti. Od kako trgna golemiot vo gradinka. I fala bogu, samo na toa ostanuva. Deluvam vo zavisnost od potrebata. Nekogas fizioloski pa so aspieatorceto vlecam, ako ima za vadenje. Acidosalus. Soleni banji im pomagaat. Inhalacii po potreba i sto ke mi kaze maticnata od lekarstva stavam vnatre, lokalno antibiotik. So suv suv nos se samo vo leto po vrakanje od more.
Еве и од нас пример ,скоро 2 год бевме нон стоп со затнато носе и што не пробавме и само тогаш за тогаш ке понинеше па се повторуваше .Направивме се можно да не е алергија нешто ,се беше чисто и на крај да му помине од риноко спреј кој се дава само за алеегии .Исто така приметив дека има доста подобрување и од мералис спрејчето.
@Black girl ,не на своја рака @Вереничка а на лекар?Зошто не проверите брис од измет?Може е вирусно може е бактериски?Ако колабирала требало на систем да ја вклучите да се редехидрира
Минатата сабота кога обилно поврати само еднаш и беше изнемоштена после тоа, ја однесовме одма на дежурен, проверивме крв добра беше крвта добра беше и нејзината општа состојба рекоа нема воопшто потреба од инфузија(гледајќи ме со чудење кога прашав). Во неделата продолжи со повеќе течни столици, понеделникот бевме на матичен(зборови на матичната беа тоа дека веројатно колабирала дехидрирала во саботата) исто рече добра е, штом не е омалаксана, штом бара да јаде, крвта добра, да давам лесна храна пробиотик и електролити. Направивме и проверка на примерок од измет негативно е сѐ. Малата не изгледа изнемоштено и омалаксано, поголем дел од времето е весела, горе долу јаде нормално, понекогаш негодува но тоа го препишувам на храната која веќе и е монотона, нервозна е, имаше и една вечер тт 38(8-9 ден од вакцина) забите и растат како што пишав ... Меѓутоа столицата сѐ уште е течна. Тоа ме загрижува. Затоа прашав, од искуство, колку може да трае течна столица, колку е "нормално"? Може ли од заби? Дали имал некој слична реакција на мрп?? Има ли стомачем вирус периодов? Се соочил ли некој со слична мака? А секако доколку продолжи и не се подобрува повторно ќе одам на д-р.
@Вереничка немам искуство.Кај моите стомачен траел до три дена најмногу.Пробај смени пробиотик.Давај темна чоколада(70% какао да има) леблебија(ако може сама да ја грицка).Тоа помага