Nosi ja vednaš na brza pomoš čim mu e potečena nogata na deteto i ja bole, ne čekaj, zaso da trpe deteto bolki.?
Мајки споделете искуство и дајте совет. Бебе една година е, веќе 10 ден е со течна столица, над 5 пати на ден. Имаше 6 и 7 ден температура 37,5 постојано, на 8 ден крена 38,5 . Сега нема температура ама денес веќе имаше 7 течни столици. Матичната вели дека е од заби? Мене не ми се верува бидејќи веќе има десет заби и до сега не се случило нешто слично. Дали да го носам на дежурен?
Синко се разбуди утрово со оток на едното око. Лапнат е од некоја бубачка, можно е да е комарец и лани вака ми потекуваше од убоди од комарци. Синопен намачкав и дадов лоратадин сируп. Можам нешто друго да направам? Не ми се носи на болница, кај матичната утре ќе го однесам.
Што направивте како е? Ладна облога ставај ако има сеуште оток. На газичка памук нешто можеш и вода само ладничко да е
Мила дефинитивно не е од заби, апетит има ли? Течности пие ли? Те молам внимавај мн лесно може да дехидрира. Фурал дали даваш сируп и пробиотик ? Диетална исхрана? Носи на дежурен бе оставај така штом долго трае. Може ќе треба и копрокултура да испитате.
Не се тоа заби. Давај електролити и пробиотици дупла доза. Друго за жал нема што да правиш. Можеш и Смекта да пробаш, пишува над две години ама можеш и пред.
Ви благодарам на одговорите. На диетална исхрана е веќе 8 дена, давам само пробиотик, дека ми рекоа во аптека мал е за друго. Затоа и ми е чудно внимаваме на исхрана, а нема подобрување. Па и вирус да беше ќе му поминеше. Сега спие, попладне секако ќе го однесам.
Големото вчера кога се вративме од шетање го допирам врие мерам тема 38 со 5 му дадов блокмакс ја спушти темп и више не качи. Што беше незнам ќе видиме вечер како ќе биде. Малото имаше до 39 качуваше ама он со две бактерии во нос
Смееш и фурал ама секако после ќе го носиш на лекар ќе дадат терапија таму , со лесно и брзо д апомине
Единствено нешто што ни помогнало за дијареа е Ентерофурил сируп. Лани на одмор детето од некоја храна почна со повраќање и дијареа која држеше 3 недели. По 10 столици имаше дури и во спиење ноќе, страшно беше Сирупов не спаси во комбинација со диетална храна после неколку дози само, е сега не знам од која возраст смее да се дава
Лоратадин сируп како се дозира? Мали има 13кг. По упатство (за деца под 30кг) му дадов 5мл. Ама цел ден ми е многу поспан и се мислам да не е премногу, сепак има многу разлика од 13-30кг. @Alishan30 @duffi @Doktor F
Да не те измешам не знам дали е исто дозирањето. Нас ни потенцираа доза од летизен 2,5 мл. За неполн месец дена полниме 2 и имаме над 10 кг. И кога прашував измеѓу летизен и лоратадин ми рекоа подобро летизен бидејќи лоратадин успива.
Јас имам алвотадин од порано, ама отворен ми беше. Од него му давав по 3.5мл, уште пред годината, по препорака на матичен педијатар. Една аптека најдовме дежурна денес дека недела, лоратадин му понудила фармацевтката на маж ми и тоа зел.
На џумки што ставате? Падна денес сосе точок во двор, има огромна џумка на глава, не знам што да му ставам за да ја намалам.