Верувала или не сум ставала маргарин одма кога ке падне и навистина помага да не потече местото да нема џумка...
Ациди борици на памук ладно стави и со стегач за глава за бебиња стави го колку ќе седи, ама брзо им се повлекува ти кажувам од детево мое што нон стоп се лупа негде.
5ml за под 30 кг и над 2 години обично се дава еднаш во ден и тоа навечер заради ефектот на поспаност
Не е грешка, впрочем тоа е сајд ефект на лоратадинот, предизвикува поспаност и кај возрасни не само деца. Јас за таа килажа преп 3мл.
Исто ставам и јас, го имам дома и го препорачувам. Намалува отоци и не дозволува да се направат модринки.
Какви се симптомите кај деца за уринарна инфекција? На одмор сме и големата 3 години ми се жали дека ја боли дундето и неколку пати и на мокрење ми се пожали дека ја боли. Не мокри постојано туку нормално мокри. Да ја носам на доктор? Ќе помини само од себе и без антибиотик?
Најдобро е да ја носиш, можеби има уринарна инфекција во бешиката. Ако оставиш нетретирано, недај боже може да се влоши, инфекцијата да стигне и до бубрезите и да крене температура. Давај и многу течности и чаеви (најдобро увин ако може да пие)
Трет ден им е на моите, качуваат само сабајле и навечер до 38,1. Јас не ги носев, лесна вироза ми личи.
Малиов последниов период знае да се пожали на лактите. Плаче одеднаш дека го боли и чеша и кога ќе го видам му се црвени и со вакви кругчиња. Сликава е од сабајле кога му се смирени. Синоќа кога почна да плаче го измив и му дадов сируп за алергија. Не се пожали после тоа ама не сум сигурна дали е алергија. Некоја со искуство?
Да не се потпира многу на лактите на тврди површини? Јас кога вежбам на тврда подлога, вакви ми се прават и ме болат и чешаат. Можеби прави нешто што ја иритира кожата таму, лази, се потпира, зависи од дневните активности. Алергија на тоа место не се појавува, оти е погруба кожата.
Обично оди со печење при мокрење (може ова го опишува како болење), често мокрење, поконцентрирана урина/темна, ама најдобро е да се направи уринокултура пред било што друго. Кај дечиња може и да одбива/ да “стиска” да не мокри поради болката.
Хидрирај неколку дена со хидр крема, овие се обично места со посува кожа и предизпозиција за дерматит. Ќе видиш како ќе напредува дали ќе помине или ќе се шири.
Го приметив дека му се воспалуваат најчесто навечер надвор кога е. Не е дете што се поти ама деновиве нема таков и кога ќе се испоти почнува да се чеша по рацете и нозете и за кратко плаче дека го боли на лактите. Тогаш му се црвени и исфрлани. Откако ќе го измијам дома црвенилото и голем дел од топчињата му се повлекуваат. Вчера на плажа му видов неколку на едното стапало од горе ама се повлекоа. Еве слика од синоќа, малку му се воспалија, "не доволно" за он да се пожали. А ова е од сабајлево, пак му е црвено. Да не е па реакција од пот и прашина