1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    6.505
    Пол:
    Женски
    Каков стомачен кружи моментално низ градинкиве?
    Од сабајле прво многу се жалеше на стомакот па почна да повраќа. Капки против повраќање ги повраќа.
     
  2. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Поискусни мајки за висока температура неколку прашања…

    Колку време да чекам најмногу за да делува сируп? Што кога не и се симнува температурата од 39 и нешто подолго време, кога треба веќе да реагирам и да ја носам на доктор?

    Никогаш до сега вака не било, скоро 2 ипол години има и секогаш и делувале сирупите, ептен ме фаќа страв што не и се симнува температурата.:worried:
     
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    48.355
    Пол:
    Женски
    Колку дена крева температура? Воопшто ли и по даден сируп не спушта?
    Можеш да даваш наизменично на 4 часа блокмакс и парацетамол
    Иначе кај моето за околу половина час отприлика почнува да спушта температура
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    После 40 мин од прилика делува.
    Ако сирупот не симне пробај алтернатива,расоблечи,туширај со млака вода,чорапи со оцет,масажа со медицински алкохол...со лесно
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Почна денес попладне крена 40,2 и дадов ефералган брзо симна, за 4 часа пак крена еве ја со 39,3 скоро 2 саати, во 11 и дадов пак ефералган не ја симнува…. И оцет и ставам на ноџињата но темп не се симнува :(. Ич немам вака искуство затоа незнам што да правам и колку да чекам, многу ме плаши висока температура…

    едит: @Sofi.ja ја истуширав и и ставив оцет но нема промена, се мислам сега рендан компир да и ставам, почнав по нет да читам вика симнувало темп.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    48.355
    Пол:
    Женски
    Оф бе мајка баш ми е жал сите низ истото во даден период минуваме, температурата кај децата нас како родители не вади од памет но за децата тоа е знак дека телото се бори, раслечи го детенцето, давај му течности, прогурајте уште час и половина па дај му блокмакс, значи доколку даваш на 4 часа не треба од истото сирупче туку треба да комбинираш.
    Дали правило дозираш?
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Сигурно е ок дозата баш пазам на тоа. Ама не сум знаела дека треба да комбинирам да не давам два пати од истиот сируп. Фала за советот. Никогаш до сега не сум имала вакво искуство, ептен стресно ми е кога креваат темп ужас.:worried:

    Добро е што пие вода, сок, не премногу ама пие колку толку, тоа ме радува.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.028
    Допаѓања:
    48.355
    Пол:
    Женски
    Ако крева на 6часа минимум ондак даваш од исто сирупче, но ако не симнува температура во тој случај даваш наизменично на 4часа како што ти пишав погоре, гурнете ја ноќва види и утре како ќе биде, доколку и петок нема подобрување носи го на лекар нека му земат брис или нека испитаат крвна слика, доктор најдобро ќе ви каже.
    Секое добро
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советите. Уште утре одиме на доктор, се сомневам дека е стомачен вирус, имаше една течна столица попладнево откако крена првиот пат темп. А ова за сирупиве стварно не сум го знаела, фала ти. До сега никогаш и не се случило вака да не реагира на сируп, што вирус ќе беше…Само нека минува побрзо.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nestorovskaa

    nestorovskaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мајки, девојчето ми е година и три месеци. Неколку дена ми е нафрлена по цело тело и лице, поточно од понеделникот откако ја зедов од градинка. Не се чеша, ама ова е прв пат вакво нешто, никогаш немала проблем. Дадено и е летизен и синопен по препорака од матичната, но не и се повлекува. Се секирам од што може да е, а веќе се јаде и не по прв пат. Искуство или мислење?
     
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.371
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    со што третиравте и што симптоми имавте од моракселата? во нос или грло ја имаше?

    Малата имаше црвено грло и др вика ај секако ќе идете на одмор ај да направите и брисеви, излезе мораксела во нос. до сега не ја имала.
    Симптоми има црвено грло и како носот де затнат де мрсолчиња вадам со носко.
    И цела недела наутро кога се буди како топла 37.1 и само што ќе се раздвижи си е ок, не е топла (ова со тт да го препишам на топлото време,...така ми одговара де)

    Ќе ја носам после пак да ја види и да ми даде нешто за моракселата ќе барам (лоално), за да не се искомплицира пред одмор. и од градинка ќе ја повлечам.
    Марфи тропна на врата пред одмор :D
     
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    31.181
    Пол:
    Женски
    Во нос ја имаше, и доби воспаление на ушиња. Матичната кажа дека е од моракселата тоа, стававме капки во ушите и хлорафеникол маст во нос и се исчисти. После месец дена правевме брисеви, чисти беа
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    8.536
    Мајки, малата е 13ипол месеци.
    Последниве 4 дена има чудна столица, нема повеќе од 3 такви столици на ден, течни се и жолти, ама не е баш баш вода.

    Ја ставив на режим од вчера, само мелен ориз со компир, банана, и каснала смоки бебешки.

    Една имаше нормална столица, а друга пак ретка и дури ко да ми се привиде нешто црвенкасто ама минимално… сеа трипам, матичната на одмор ми е.

    Други симптоми нема, да рачунам дека е дијареа, да давам нешто?
    Можно е да е вирус?
     
  14. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    5.595
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела и кај нас така беше,се среди со пробиотик...давај и ти па ќе видиш баш треба да помогне.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мајки во Грција сме од вчера
    Денес на син ми пределот на внатрешната страна на нозете и задникот му е цел со ситни брунчиња и рапаво на допир слично на атопичен дерматит
    Јас мислам дека е од солената вода
    Како мал имаше атопичен дерматит многу лошо беше се до 3 год
    Но еве 7 е и никогаш повеќе не се повтори
    Дали некоја се соочила со вакво нешто сега ке го носам во аптека да прашам но ако некоја може да ми предложи крема уште подобро
    Неможе да седи цело време стои
     
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Ако носи купачи може од песокот да му влегува и да се иритира кожата . Исто беше и кај нас , се смируваше само мачкав понекогаш и биодерма. Не е ништо страшно
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Вирусот со тт 38, без други симптоми колку време трае?
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Кај моето излезе на брис од нос , додека чекавме резултат ги снема симптомите па матичната препорача само спреј од оригано.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Кај моето нешто повеќе од 24ч
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    8.536
    Можно ли е да развие алергија на млеко после 1 година?

    Некој со искуство со алергија на кравјо АД?