Ќе го однесиш пак, лабораторија ќе направите, ако има потреба и инфузија ќе се уклучи, 5 дена повраќање не е малку
мајки, кажете ми каде и како се испитуваат глисти? колку се чека резултат? Сакам да испитам, имам сомнение да не фатила нешто бидејќи беше во контакт со животно кое подоцна се испостави дека имало глисти
Ме фаќа страв од симптоми ако развие, болки во стомак или слично. Педијатарот вика за 2-3 недели може да има симптоми, а абаш ни се погодува кога ќе сме на одмор . А во измет мрдаат?
Нема шанси да промашиш, како црвци се. Најчесто тоа е прв симптом и не напредува во кг или слабее детето исто чешање по кожа . Да не стварам панка може и ништо. Да не му биде ама полошо е ехинококна циста на црн дроб ако се направи ,Тогаш може да има болки во стомак.
Па тоа и јас инсистирам, со природни суплементи не поминува. Сега не повраќе постојано, 2 дена само навечер по еднаш, ама пак многу трае. Не сум лекар, ама мислам дека ако не поминува по 2 дена со Локомотив и пробиотик треба Ентерофурил или Реглан нешто не знам.
да свесна сум за тоа, и под стрес сум. Матичната вика да истераме одмор па после да проверуваме дали има. Какво е вашето искуство?
Мами што може да е причина за влажна кашлица? Трае неколку дена веќе правиме инхалации со физиолошки..температура нема,бевме на лекар све е ок,но не знам од што е кашлицава...
Не знам дали си била, ама ако не е респираторен инфект подобро не носи. 2 од 2 пати одлично не примија, брза реакција, ама џабе кога погрешна дијагноза и терапија.
На клиника сме како итен случај пратени сега... извадена од памет сум и се изнаплакав и пред него, ќе ви пишам после...
Затоа ти пишав, не носи, исто и нас ни направија. Не пратија итно на клиника не чекаа цела амбуланта надвор, суспект на менингитис. Животот тогаш ми се скрати. Поарно директ на клиника, мада во работно време јас секогаш одам прво кај матичен.
Кај матичен бевме прво, они не пратија итно на клиника. Не задржаа, на клиника ќе лежиме со синчето, ќе ви пишам после.. немам батерија..