Фала ви мајки на сите Бев во паника прееска, многу јака болка имаше во градите.. неможеше да се соземе, се искриви цел, а температурата пак 39.2. Отидов кај матичен и таму шок уште поголем. Го слуша доктор и вика: Неможам да слушнам ништо. И јас онака се олабавив, океј нема ништо.. и се врти пак, вика: неможам буквално НИШТО да слушнам, ова како целосна опструкција, зафатени надоле скроз белите дробови, итно на клиника! Козле не, затоа што има и градна болка, на Клиника си има доктори за се. Во меѓувреме и крвна готова, црп 80. Дојдовме на Клиника, секој што го слушна со истиот став дека не е воопшто добро, но од паника не ни разбрав што точно е. Зафатени се да и двете страни, едната може и целосно, а другата пола (колку разбрав и слушнав). Излив некој бараа да не има (ради болката), но тоа нема најверојатно. Го хоспитализираа, јас лежам со него.. си тече инфузија, правеше и инхалација, температура спуштаме со парацетамол апчиња до кај 37.2, а болката уште ја има, без прекин Патем ги ѕирнаа и резз на малата, рентгенот од Грција. Имала и она на рентгенот малку нешто, ама па она е добра веќе... Којзнае што имаат закачено. Се бањаа во 10 дена на море, еднаш само со 300 молења во базен еден. Не ми изгледаше дека е ок за бањање и сега ќе пукнам што им дадов да се избањаат. Мислам рекоа дека ќе се испита што е...
На кумовите наши малото со пневмонија е, исто од бањање во базен, ама со ладна изворска вода. Еве ги сега на лечење во Грција се 15 дена на море треба да се. Многу дечиња знам што се со пневмонија овие денови.
@mariz со помин што побрзо да е, се измачивте многу ми е жал. Пиши како е ко ќе си во можност, или на фб, да не те замарам
Стана испотен од глава до пети, жива вода и кревет и перница и 36.6 температура. Последно 10ч вчера апче парацетамол, се надевам толку од температурата. Болка уште има во гради, уште си тече инфузија. Ама подобро ми изгледа каде каде. Чекам визита сега, да видиме што ќе кажат... Фала што не мислите
Jas se izvinuvam se mi e pomeshano... Cerka kasla mnogu dlaboko i sega oti znam deka ima asma i bronhitis pa' zemav da i pravam aersol.. Mi go dadoe ova vo apteka,vie sto koristite za inhalaci?
Мамички како мерите температура, моево плаче кога ќе види топломер, почнавме со градинка и за 4 дена почна да кашла како со секрет е кашлањето, поврати 3 пати изгледа поврати шлаем. Има температура, незнамшто да правам, недела е, каде да го носам на преглед или што да му дадам за кашлањето? Не бил волки болен до сега, немам искуство со вакво кашлање