Дете асматичар мора да носиш на лекар одма. Ако си од Скопје носи одма на Детска, јас во Козле иако добив одличен пристап и брза реакција добив и погрешна дијагноза 2 пати во рок од 3 дена.
Ми пиша матичната, Виранто сируп ми рече да дадам, дадов и Ефералган, кашла само кога се врти на стомак да спие, изгледа нешто го дразни, звучи на мокра кашлица, носот му е полузатнат. Едвај го заспав, на секое вртење на стомак ќе се закашла и со плачки станува од кревет од што е исплашен. Утре ќе го носам да го слушнат на гради и ќе земам лој од гуска малку да му помогне да не кашла, аххххх таа градинка, како ќе тераме вака ако се разболува од неа стално, Детска клиника е во државна? Незнам
Здраво да ве прашам дали кога е настинато детето бебетп секој ден го носите да го слушаат да не му се спушти од мрсулите
Не, педијатар ни кажува на колку време. На што да пазиме, што да правиме итн. Кога беше мала мислам преку еден ден ја носев. Но ми кажувала др, дека има случаеви и јога им барале по два пати на ден да одат.
Не ги носам секој ден освен ако ептен се болни. Уствари никогаш не сум ги носела така, само еднаш бебево кога беше болно ама имаше 2 месеци. Веќе над година подруго е, си го знаеш и детето. Да побараш нешто против кашлица, не знам што смее ама да се утврди прво дали кашла од секретот или веќе и грлото е болно. Сува е кашлицата или веќе искашлува?
Мајки што давате солено на децава кога се болни? Ние уште се мачиме, 5 дена со темп, Црп 22, крвна слика добра, ама кашла,има темоература 38-39, носот затнат со течење и кашлање. Сега пак го носев на детска клиника и ми рекоа црвено грло, давај Оспен. Ослабел пола кило за овие неколку дена упм, не ми јаде скоро ич, само банана и печено јаболко, супа нејќеше вчера, дајте идеја за солено нешто што би јадел а да да не му го дразни грлцето
Ослабело, ќе си качи пак. Кога се болни не им се јаде. Јас тогаш не ни форсирам нешто многу јадење. Побитно е да внесува течности да не дехидрира.
Фала ви мамички,прв пат е волку болен па немам баш искуство, се изнаплакав прееска колку беше тажени и омалаксан. Незнам дали е стално вака ама многу било тажно своето дете да те гледа безпомошно уффф
Здраво, може да ми кажете дали овие така се даваа по едно, без да се мешаат со физиолошки раствор??? Знам дека е морска сол, па не би требало да се меша ама ај да прашам, зошто од едно до друго заборавив како беше...фала..
Мамички синко 24 месеци од пред три дена е со растечен нос, окото му е некако полу затворено и му течат солзи, се лигави доста и има температура до 37.8. Правевме крвна слика црп е мирно и кажаа вирусна инфекција. Не ни дадоа ништо. Еве не му паѓа температурата без парацетамол. Има ли шанси да помине без антибиотик или да не се надевам залудно да појдам пак на доктор. Вака е омалаксан и жал ми е да го гледам така али па и секој месец антибиотици е уште полошо