Па докторката кажа за декса, не сакаше антибиотик, јас не сум настојувала. Пет дена со тт беше, а сѐ беше во ред. Овој пат само еден ден имаше тт и помина
Знам, форситаат кортико докториве, ама не е убаво да се дава туку така. Туку, има некое дете со страпна кашлица и алергиска реакција по шетање низ парк? Овие 2 дена после одење во градаки парк по 40мин не може да му се смири кашлицата...
Мајки, малата, 3години, има црвено грло и во неделата почна да се жали, не јадеше ништо и крена темп до 37.7. Денес, понеделник, температурата е до 37.3, почна да јади, весела е, поручекта сепак ја однесов на преглед, матичната рече црвено грло Оспен. А пред 2 недели пиеше Оспен но тогаш навистина имаше гној на грло и повисока температура. Се мислам да не го давам антибиотикот, ваше мислење и искуство?
Колку години има малата? Тоа не е баш висока температура и доколку има црвено грло немојте да им давате антибиотици,земала пред 2 недели мора да и е смирено грлцето.
Не можам да кажам дали да даваш ама да споделам исто е и мојот 3год, температура до 38,5 со црвено грло, малку зголемени крајници и ни рече докторката само грлото да го лечиме со оние лижавчињата, прополис итн.
Дали доколку дете има уринарна инфекција ќе се види на крвна слика во смисла покачени вредности на некои параметри?
Јас колку што прочитав има само црвено грло и незначително покачена температура, таков вирус има сега. Еве моето дете нема веќе температура и грлото помина. Не знам што видела докторката затоа и пишав дека не давам совет за антибиотикот да не бидам погрешно сфатена ама на таа температура скоро сигурна сум дека е вирусот. Над 3 години овие на dr. Theiss.
Што вирус ќе беше ова Два дена со висока температура до 39.6, чепчиња и сируп ја симнуваат ама само на кратко. Туширам 100 пати на ден, мачкам алкохол/вода. Крвна слика намалени леукоцити, тромбоцити, хематокрит, MCV, CRP 5.9 Има ли крај? Одбива да јаде. Сирупот полна да го плука а вчера не сум ни сигурна дали делуваше. Последно чепче ставив во 17h, на упатство пишува на 6 часа, што предлагате да правам да почекам 1 час и да дадам пак чепче, или да дадам сируп на ризик дали ќе делува. И до тогаш како да симнувам многу е поспана И знам дека не се вади температура од глава ама најтопло и е челото, под пазуви и вратчето. Па кога туширам и го мијам и лицето, без косата. Океј е така?
Не знам ни јас дали постои нешто. Она како беше со путер и млеко ако си почнала да даваш такви работи? И шеќер се ставаше знам ама скоро година е. Евентуално блокмакс да даваш наместо парацетамол, тоа помага и за болка.
Ќе направам утре нешто такво, има пробано путер и млеко. Далерон и давав за температурата, нема висока ама мислам и за болката и помагаше малку, ко ќе помине дејството е лошо. Дури да проделува антибиотикот, после се надевам нема да ја боли толку. Цел ден само на цицање сме денес.
На десната нога го има нешто искасано ноќеска, не личи на комарец, пајак да речеме, големи црвени и тврди се околу 6-7 места. Страв ми е. Го чеша малку. Може ли да се случи нешто? Би требало да е искасано. Или може нешто друго да е? Се оди на педијатар за ова?
Јас имав еднаш голем оток од нешто каснато, според мое мислење не требаше да одам на лекар. Бев во аптека, демек крема да земам некоја, кога ме виде фармацевтот ми рече ти си за на итна , не за во аптека, 3 дена примав Синопен инекции. Така да оди барем до аптека ако не си во можност на педијатар во моментов.