За поголемиот бидејќи правеше невидени отоци и од комарци а камо ли од нешто друго (еднаш и болви го испокасаа) секогаш прво нешто што ми кажуваше педијатар беше сируп за алергии и мачкање на местото со крема(дали Синопен, дали камагел) или течна пудра. Ако станува полошо секако ќе одите да ве видат
Majki dali znaete vo koja apteka vo Skopje gi ima bronhovaksom za deca da se kupat, treba da gi pocneme od 20avgust
Мене ми рече докторката дека никаде ги нема кај нас. Е сега и јас да прашам за тоа, докторката ми рече таблети да земеме ама во аптека на маж ми му дале прашак за растварање во вода, таблетите му рекле не се деца. Секако ќе се консултирам со докторката ама кажете ми вие во каква форма сте го давале бронховаксомот?
Лани декември месец исто вака никаде низ државава ги немаше ги нарачавме од Бугарија, е сеа ако периодов ги нема потруди се да најдеш некој што често патува Бугарија, без рецепта ги даваат и се некаде околу 30е, мене ми ги донессоа во вид на капсули тие пластични што се, ги отворав, прашокот го истурав во мало лажиче, малце вода и така го давав
@Skyler на нив пишува дека се за деца, јас тој период фатив по телефони по аптекиве да вртам и вработениве системски проверуваа и се сеќавам дека само во Зегин успеавме да најдеме ама останато само за еден месец терапија, така да пробај и ти може ќе начекаш
Здраво мамички имам еден проблем денеска со ќеркичката излеговме има 1 година и 6 месеци се вративме околу 2 часот одручек заспа до кај 3 ипол кога стана имаше темепратура од 3 ипол до кај 8 сато беше 38 со 1 мислам дека не е висока темепратура кај деца тоа па не дадов ништо кај 9 без 20 качи тмепратура 38 со 7 па и ставив чепче EFFERALGAN ок беше сето сега крена 39 пак темепратура но не смеам до 3 часот да и давам чепче пак и давав водичка и сокче ама сеа поврати што да правам дали да одиме брза помош или да почема ве молам пишете ми и во Inbox да напоменам девојчето има 1 годинаи 6 месеци
Мајка можеш на 4ч ефералган да даваш ако има температура над 38.5. Или да комбинираш парацетамол (ефералган) со бруфен/блокмакс. Во меѓувреме течности и лади го детето. Со лесно.
Ок само да прашам уште нешто пошто ми е прво детенце , дали да ја истуширам ? Пошто се јавив брза помош не знаеа шо да ми кажат ми рекоја утре на педијатар да ја однесам а родителите на сопругот не се тука на одмор се и сеа сме сами малку сме уплашени како шо напоменав порегоре детенцето има 1 година и 6 месеци еве сеа меревме има 39 со 4
Истуширај ја со помлака вода, ама без главчето, само телото. Облечи ѝ пелена и остави ја така, не ја облекувајте, не ја покривајте. Чепче можеш на 4ч ако качува над 38.5. Можеш да ѝ ставиш чорапчиња натопени со оцет ама само ако ѝ се топли ноџињата, ако ѝ се студени, немој. Исто можеш жив компир изрендан или исечен на кругови да ѝ ставиш на ноџињата и да ѝ облечиш чорапчиња. Немој да паничите, останете присебни, сѐ ќе биде во ред. Лесно да ја минете ноќта.
Само да прашам уште нешто ако сака да спие да ја оставиме да спие така по пелени и да не ја покриваме а не сака вода да пие и даваме како да и се повраќа
Така нека спие за да ѝ се лади телото. Не форсирајте голема количина наеднаш, омалаксана е сигурно. Голтка-две нека пие колку може почесто за да не дехидрира.
При увоболка може да се дава еферглан? Во аптека ми кажаа дека исто дејство имат ефергланот и ибупрофенот.
Блокмакс имам, отворен во фрижидер, ама може да се користи до дата на истек нели? Пола или цела доза даваш? Фала многу