Сирупите за температура кога ќе се отворат може да се користат 3 месеци,потоа не. Ќе земеш нов. Цела доза даваш. Блок макс содржи ибупрофен, тој делува на болките. Ефералганот содржи само парацетамол и аналгетици, така да ако имаш подобро блок макс дај.
На мене матичната ми кажа ако е во фрижидер до рок на истек може да се користи, ако е на собна температура може само 3 месеци
И јас го користам додека не се потроши Далеронот. Го чувам во фрижидер по отварање и има ефект без оглед кога е отворен.
вакви сум давала капсули, Гледам дека и на прашакот што го постира пишува дека е за деца веројатно тоа е
И јас ги имам овие, син ми е 2.5...а сестра ми и кумашинката порачаа прашоци, двете се фармацевтки, на моето прашање зошто прашок, ми рекоа прашокот као бил за помали, нивните дечиња се по 1 год
А јас кога прашав за бебето дали може (ќе тргне на година во градинка) ми рече дека е мало за вакви лекарства. Секако јас не мислев за пред да тргне него ете не дај боже ако се разболува. А знам и поголемиот кога беше 2 години ми рече да го оставиме уште малку, дека е мал, хмм.
Знам, и тие го добија истиот одговор од нивните матични, знам едната праша и во вакцинален пункт и таму докторот им рекол не сум јас за такви препарати, ама вие си знаете...сите сме возрасни, одлучуваме за своите деца па така не се мешам во изборот на никого...плус на двете тоа им е струката, ќе си одлучат сами дали да даваат или не
Секаде низ ЕУ освен во Грција не ги најдовме ама секаде бараат рецепт, Романија и Бугарија може без рецепт. @elimkd мислам спомна во Зегин може да ги има.
Еве и јас како фармацевт тоа кажав 3 месеци од кога ќе се отвори може да се користи. За матичната што им рекла не знам.
Да да за во Зегин знам за во останатите не знам, јави се најдобро нека проверат системски во која аптека имаат на лагер