Мислам дека среда накај четврток дигна температура, а со нејадење ич од саботата. Докторот ни препорача Flonivin Kids Imuno 5 дена по ред. Во суштина е пробиотик и се надевам му помага.
Моево од четвртокот исто е со температура и поврќаше два пати. Во саботата го однесов на дежурен рече многу црвено грло и му препиша трицеф, од вчера го пие. Денеска не крена температура, од сабајле машала јадеше убаво, весел си беше, после ручек ништо, едвај едно млеко се напил и цело време лежел, страв ме фати еве го сега спие, се поти и се буди плачи го прашувам дали го боли нешто вели главчето.. незнам шо да направам веќе како да му помогнам незнам шо вирус ќе беше ова во 4 години прв пат вака..
3 години има, моментално прима од 125мцг наместо 2 пати по 50 два пафа, меѓутоа рече да си набавиме од 50мцг (навреме не информира) ако е добар за помалку од месец ќе треба да продолжи со 50мцг 2 пати дневно
Да не конзумира храна/ сокови обоени со портокалова боја? На пријатели девојчето беше исто вака од сок од портокал и морков
Со ножици го исековме малку на ушето. Ставив дезинфекција и со Газа тапкав и престана да тече крв. Може опасно да е? Треба на педијатар?
Ако е малку сецната ушната школка и крварењето престанало не би требало да е проблем. Плус е со домашпни ножици. Проблем е ако надвор длабоко се изгребе па има опасност од тетанус или ако не може да се сопре крварење. Вака дома сецнато/гребнато и без крварење не е проблем барем според мене. Брат ми како мал неколку пати глава дупна и само еднаш беше на лекар. Се друго проаѓаше во домашни услови (со хидроген, алкохол и бетадине).
Може ли од чукнато на глава да се појави топче и да стои подолго? Вчера приметив дека има топче на главата. Баш топче, поткожно, со големина колку зрно грозје. Ја болеше на допир па ме асоцира дека е удрена, но не се сеќава. Си реков деновиве ќе следам дали ќе се повлече ако не другата недела да одиме на доктор.
Само што му приметив како загноено на горниот дел меѓу кожата и ноктот. Ми кажа дека со заби си ја подегнал кожата сабајле на самиот прст. Сега му е како отечено и ми личи како да ќе гнои... Што да го намачкам??