Мајки дајте некој домашен лек за упорна кашлица? Од вчера се раскашла, денес кулуминира мислам, што може домашно да помогне не давам сирупи за кашлица
Печен шеќер со ловоров лист, загорено млеко со шеќер, банана и мед исто помага (зависи колку сте големи)
Прополис или оние лижавчињата на др Тајс. Знам дека не си во Мк, да видиш во аптека какви опции имаш.
@Malesia @Skyler фала ви Се вари ли чај од ловоров лист па се меша со прегорен шеќер? Прополис давам од вчера на лажиче мед, има и овде едни лижавчиња, па и со нив ќе пробам.
Потребни ви се: – 6 ловорови листови – 2,5 дцл вода – 6 лажици шеќер (најдобро да користите кафеав шеќер) – 1 лимон Постапка: Затоплете ја водата. Додадете го ловоровиот лист и варете со затворен капак од 6-10 минути. Извадете ги ловоровите листови, ставете ја течноста во сад во кој ќе го приготвите сирупот, па додадете го шеќерот и исцедете го лимонот, промешајте добро за да се стопи шеќерот. Земајте по една лажичка неколку пати дневно. Секој пат кога ќе ве нападне интензивна кашлица земете по една лажичка. Напомена: Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Можете да го консумирате и ладен и топол.
Мирка Шалиќ позади Дом на градежници. Жената ем е профи и човек. Само биди упорна за термин, секогаш е фул.
Зависи колку многу е исипано детето. Првиот пат кога го помина за неколку дена му заздравија. Имаше само 3 околу и во устата. Вториов пат скоро незабележливо на стапалата ситен осип, за 2 дена сам се повлече. Со лесно
фала мн. Прилично многу е. Не сака да оди се жали дека ја болат и чешат. ја мачкам со течна пудра и пие лоратадин се надевам ке поминат за брзо . Ти благодарам
Дали некој знае, дали ако со свој потпис родител земе дете кое било хоспитализирано во болница, може пак после ден-два да се врати? Се мислам имам слушнато дека не го примаат детето по втор пат.. Ако знае некој нека ми пише.
Na sto okazuva krvnava slika dete 19 meseci pred mesec dana je imal temperatura potoa kaslica i rastecen nos so sekret. Fala vi
Точно не го земаат поради тоа што на своја рака и покрај препораките да не се зема сте го зеле на пример.
Ете сефте направи и мое ќерче. 2 годинки е, на денско спиење падна од кревет. Околу 30цм е висината, долу ламинат плус тепих. Слушнав тресок и плачење, лежеше на грб испружена. Не знам како паднала. Само што ја земав и одма се смири и си продолжи да спие. Знам од тукашни искуства дека не треба после пад да заспива. Ама како да ја држам будна кога е капната за спиење. На што да внимавам откако ќе стане.
Како сте мајка? Иста ситуација сме и ние сега, како дозираш блокмакс? Јас па според упатството 2,5мл дадов сега се мислам малку да не беше па затоа не симнува темп.
Мајки, дали сте имале некакво искуство со алергиска реакција од Ефералган сируп кај деца? Малиов е 3 год, имаше тт и малку пролив 2 дена (после одмор ова), правевме кс покажа малку повисоко црп како за бактериска основа. Др не му даде антивиотик, не морало со таква кс. За стомачето ни даде сируп Фурал. Е сега, вчера кај 10 и кај 20 часоѕ пиеше фурал, а вечерта имаше 39 тт и дадов пак ефералган околу 1 по полноќ (кој го пиеше и претходно и само таков имам давано за тт досега), и веднаш за некоја мин се нафрли околу устата, а по кратко доби оток на очните капаци. Веднаш појдовме брза помош, го боцнаа со Урбазон, и ни рекоја да даваме една недела антихистаминик. Имам давано Рупафин. Е сега, и порано комбинација со температура, ефералган и рупафин се случуваше да јави некој ситен осип над градите и не знаев дали е од тт или рупафинот или ефералганот. Сега еве пак треба да дадам Рупафин поради оток на капаците (му помина од инекцијата, само на левото око малку му стои подотечено). Ме чуди, ефералган пиеше веќе 2 дена и да јави реакција по неколку пиења, или пак од овој за мешево Фурал (ама од него поминаа скоро 5 часа). Некои ваши искуства околу ваков вид на алергии ако може да споделите? Педијатарот рече да давам следно блокмакс за тт.
Супер сме сега, три дена траеше се со висока температура секој пат 39.9 креваше на 3 4 саати, полека се зголеми интервалот во петокот попладнето на 5 6 саати и вчера на ручек 38.7 па вечерта 37.3 и толку беше денес ко ништо да не било. Без антибиотик пројдовме и урина проверена, освен што покажа мала дехидрација се беше во нормала. За сирупот, почнавме првиот ден со 5 мл, но до вечерта ни зголеми на 7мл(според килажа), јас го давав во сокче пола чашка за да го испие сигурно колку толку му се прикриваше вкусот. Е сега сфати што правев па едвај по пола ја пиеше на сила и со плачки па не делуваше нешто многу. Гледав да е на мин 5 часа, бидејќи немаше шанси друг да проба дури на сила(за жал пробав и ми поврати се после 30 секунди). Нас не спаси туширање со млака вода и ракија. Со ракија цело тело освен глава, најмногу под пазуви и на стапала премачкував и од тоа спушташе многу брзо. И да додадам бидејќи сме во куќа со двор, кога немаше температура цело време во двор игравме на воздух, мислам дека тоа ептен ни помогна. Со лесно нека ви е, брзо да ви пројде. Како сте вие? Што ви кажаа на лекар?