До сега ефералган и блок макс сум давала. Овој е замена за блок макс?, на иста база се? како се дозира?
Да, ибупрофен се и бруфен и блокмакс. За температура за деца се две опции: ибупрофен и парацетамол. Се комбинираат при многу висока температура на 4 часа. Кога не е многу висока температурата, давам само парацетамол на 6-8 часа. Сируп и чепчиња. Чепчиња делуваат за нијанса побрзо од сируп. Јас користам ваков парацетамол и ок е вкусот
Ибупрофен е поефикасен од парацетамол за симнување температура. Се дава при повисоки температури или ако парацетамолот не делува. На мојот парацетамол скоро и да не му делува на температура освен ако не го комбинирам со Дијазепам. Од сите Парацетамол сирупи само тој од Алкалоид му делува (вкусот му е лош ама е најдобар за симнување температура). Од ибупрофен се држам до БлокМакс и супер ни е. @brm_brm ефералган е парацетамол, а БлокМакс е ибупрофен. Не се исти.
да знам тоа. Прашањето ми беше дали бруфен и блок макс се на иста база. Сега прочитав дека се. Јас дека до сега комбинирам ефералган со блок макс.
И тоа на 4 часа давање сируп за температура не го препорачуваат баш педијатри, а е широко распространета пракса.
Да, ама на температура 40 други опции немаш. Сите методи ги применив ама не паѓаше без сируп. Траеше еден ден ама страшно е. Само во таа прилика и ставив диазепам чепче.
И јас сметам дека не е препорачливо, ама ајде дајте предлог за друг начин на спуштање. 40 температура, и давам веќе на 39 парацетамол, додека почне да спушта отишло над 40. После ќе падне , 3 часа после сирупот пак почнува да крева, 4 часа после сируп пак има 39. Ова навечер, веќе 3 вечери по ред, вирусна инфекција, преку ден гураме некако и над 6-7 часа. Ниту мачкање со алкохол ниту туширање ништо не помага. 2.5 години првпат користам ибупрофен, секогаш спуштала со парацетамол и тоа со помала доза од препорачана по килажа. Под 38.5-6 не давам антипиретик ,ама кога нема чаре немам друг избор.
Ибупрофенот е подобар за смирување на болка, пад на температура уствари подобар е од парацетамолот. Парацетамолот го оптеретува црниот дроб што значи подобро симнувај температура со ибупрофен доколку не се смине тогаш со парацетамол. Е сега кога е во прашање 40 темп и ако веќе 2- 3 дена качува на 2 до 3 часа тогаш веќе на лекар ќе треба да се носи. Највеќе се симнува со пиење течности и често мокрење како и потење.
Ако гледаш така исто и ибупрофен оштетува и стомак и црн дроб, ама и за двете важи само при прекумерна употреба. Ибупрофен ја разредува и крвта дополнително, делува како аспиринот, плус за некои болести несмее да се користи, пример за варичела. Така да според мене е подобро парацетамол. Во случајов комбинирам и двата антипиретици, без оглед на тоа што не ме бендисува ни едниот ни другиот и секако дека сме биле на лекар и дефинитивно уште еднаш ќе треба. Што се однесува за течности и храна фала му на бога, да не ја урочам пие ко камила вода и електолити и плус солидно јаде и кога е болна,(наследила од мама) ама ете не помага ни тоа. Ќе видиме вечер како ќе поминеме.
Немој да се плашиш од температурата, тоа е показател дека се бори организмот со вирусот, колку повисока температура толку побрзо ќе ја победи инфекцијата, немој да даваш сирупи нон стоп за да ја симнеш температура, колку и да даваш ќе се качува таа колку треба и ќе се симне кога треба. Остави го телото само да се избори и верувај побрзо ќе се избори отколку со сирупи. Ако мислиш дека ќе добие грчеви ако има висока температура тоа и со ниска може да се случи,, со 37.5 доби грчеви ќерка ми. Нема правило верувај . Остави ја да оди колку треба да оди и се спушта сама кога ќе ја победи инфекцијата. Секој нареден пат после кога ќе се разболува температурата нема да,трае повеќе од еден ден. Гарантирано и испробано кај нас!
Баш секогаш ја спуштаат температурата? Моите на пример спуштаат сами ако иде до 38.5, над 39 никако не спуштаат. И јас ретко давам сирупи ама оваа ноќ ќе ја памтам. Бебето ми е болно, со саати беше 40ка и не спушташе пониско од 39. Полудев веќе. Еве сабајлево е подобар.
Што да дадам за вцрвенето грло и сува кашлица, на 2 годишно? Докторката рече да и' дадам сирупот од тегавец, ама гледам дека е за над 3 години. И аптекарката имаше цврст став дека не треба да го дадам. Дајте совет.
Се изнамачи мајка. Само да те гушна побрзо да поминува Нашата матична исто е против сирупи за кашлица. Има мислам лижавчиња за грло во зегин сум купувала, прополис, мед ако е воведено. И многу течности за да се влажни грлото и да не иритира кашлица.
Користи само бруфен на повеќе часа. Не мора да даваш парацетамол ако гледаш дека не делува. И убаво пишалд, не се плаши од температурата, таа им помага да се изборат побрзо со инфекцијата.