@Malesia Страшно беше искрено, за малото досега толку исплашена не сум била ама море се лечи Како нов е дечкото, фала на прашање
Мајки дали досега сте давале чист кортаир? Јас така ја разбрав докторката и ставив во инхалаторот само 1 мл кортаир но да не требало да се измеша со физиолошки многу ми е на мисла??? Инаку се работи за 1 год дете само со засипнат глас и ниту еден друг симптом рече дека е вирус…..
Нема да му е ништо, ама пожелно е да е со физиолошки за да трае инхалацијата подолго. Сепак поентатат е подолго да дише од тој влажен воздух. Препрашај, ама мислам треба бар со 1мл физиолошки
Од колку мг кортаир? Нас обично ни дава од 0.25мг, пола да ставам со 2мл физиолошки. Ако е од 0.5 кортаир на 4 дела да го делам. Ова зборам за поголемки дечиња. Препрашај најдобро, да не мислела само физиолошки 1мл? За вентолин знам дека не е убаво поголема доза (ја убрзува работата на срцето, тахикардија прави), а за ова не сум сигурна...
Неколку пати вирусно, последниве два пати ни викаат алергиски пошто нема ниеден друг симптом. Прв пат на 7 месеци имаше и секогаш завршува со инхалации со дексаметазон. Два пати и ние сме трчале во Козле и го боцкаа со урбазон зошто страшни напади имаше. Ноќе на тераса во раце ни спие кога многу кашла, друго не помага. Совет што да побарам од матичниов, упат за каде да испитаме респираторни алергии? Фала ти!
Здраво девојки Да ми препорача некој добар детски уролог? Имено син ми има 17 месеци и еве веќе три месеци по ред е со бактерија во урина, сите три различни со по 1000000. Двапати пиеше антибиотик но на контролна уринокултура друга бактерија. Однапред благодарам
Значи исто. Без никаков друг симптом само ларингитични напади на кашлица со гушење. Ни нос, ни тт, ни било што друго. Ние го носевме кај Благица Манчева и они дирекно таму му направија и испитување ама преку кожа со грепкање. Е сега мојов беше 5 години, незнам помало е твоето. Да се посоветуваш со матичната, инаку и козле прават, ама они преку крв. Инаку за оваа докторка јас сама следев на мој термин, па само и се јавив на матичната да ми издаде упат.
Што ви помогнало за пролив? Пие пробиотик линекс, ама од што често иде исплашен е и кенка само газето го боли. 6 год е.
Мајки, ова на каснато ми личи или се некакви сипаници? Ваше мислење? Ги има на повеќе места низ грбот
Ќерка ми пет години е и повраќа од вечерва на секој час, нема многу јадено, а од течности - вода по една голтка, што можам да дадам и како, дали да форсирам вода или кога сака кога се буди... ? Течна столица немаше прегеска...
Примарно вика во вода 50мл. Ама прилично невкусно е, а гледам овде може и во потечна храна, значи би требало и во сок да може.
Утрово малото (4 год) се разбуди за вода, побара за во вц и гледам топол. мерам тт36.9 за пола саат 37.4 не појдов на работа, крена до 37.8 најмногу. Со чорапи со оцет падна и заспа. Кон 1 сатот го однесов на лекар вика докторката не е некоја голема температура,устето му беше исушено и испукано. Дадов парацетамол да се испоти и од тогаш не крена. Ама еве иде ноќ и паника ме фаќа. какви вируси има во моментов? Навистина не ми е добро кога се неарни децава