Мајки стомачен вирус со пролив и малку повраќање.. цело сабајле има пролив а само еднаш поврати, нема тт ама омалаксана е и лежи само.. како за беља сме во Грција, а јас со мене само ваја пробиотик и електролити имам.. што друго да давам и што да купам од аптека од тука нешто ефикасно? 6,5години е
Работата е што воопшто не спушти, и по 4 саати 39.2 остана. Еве сега пак качи 39.5, не знам дали и кај да го носам денес. Друг симптом ниеден нема.
И мојава беше таква минатата недела само температура, 4 дена 39-40 имав постови пишувано, малку поназад во оваа тема. Бевме во 1 саат на полноќ во Систина, не спушташе со ништо ни Далерон ни Блокмакс поминати 24 часа со таква температура, на 4 часа давав наизменично 3-4 дена преку ноќ само, преку ден теравме и на 7 часа без сируп (не дека препорачувам ова наизменично ама кога нема чаре нема). Вирусно по крвна слика. 5-тиот ден ништо немаше 36.6, 6-тиот ден сабота пак трчавме по болници воспаление на ушите доби и завршивме со антибиотици.
Дермазин е кортико, само со доктор тоа да видиш, на своја рака јас не ти кажубам кортико или антибиотик. Нека ја види доктор секако.
Zdravo devojki , imam vnuk od 7 godini na koj pred 3 meseci mu otkrija deka imat Talasemia. Zaradi nizok hemoglobin (70) mu dadoa krv odma i sega sekoja nedela mu prajme krvna slika. Dali imat nekoja so slicen problem? Lele citam po internet deka ovie so talasemia ne ziveat poveke od 30 godini i ke poludam. Aj ve molam nekoja so iskustvo da mi spodelit
Зависи кој тип на таласемија го има, има разни, но и за најтешкиот тип има лекување. Ние поради друг проблем проверувавме во Ману тоа кај синчето и нели мора и кај родителите да се провери и испадна маж ми да е носител на некој подтип, јас и синчето не. Пребарај на search горе, имаше членка чие детенце имаше таласемија, ќе најдеш искуства од неа.
Понеделникот почна да се жали на болки во стомачето. По некој саат почна и да повраќа. Давав наусолвит и блокмакс против болките. Качи и температура. За два дена симна темп, повраќањето се смири во рок од 24 саати, али од тогаш натака остана со пролив и болки во мешето. Давам пробиотик. Направена кс, според матичниот (во средата) било само стомачен вирус, за брзо да очекувам подобрување. Од тогаш наваму нема подобрување. Се исуши дете, нема апетит за ништо, течна столица, кенкаво и се жали од мешето. Почнува да ме јаде мисла дека можеби не е стомачниот вирус. Да барам да се испита примерок од фецес? Подетална кс ќе покаже нешто? Првпат се соочувам со ваква ситуација, се шекнав од грижи.
Можда звучи глупо ама првпат слушам за фурал. Во главно каснува по малку ориз, компирче, лепче, кисело млеко, јогурт. Друго не сака.
Ентерофурил сирупче исто е со фурал , се дава кај дијареа. Прашај го матичниот, јас сум давала во ситуации кога има повеќе течни столици повеќе денови и мн помага, секако плус пробиотик и исхрана како што си пишала и течности многу.
Кај син ми траеше пет дена исто се исуши. Докторот ми каже дека е вирус. Пиеше пробиотик, јаглен, електолити и полесна храна.
Јас го благословувам тој што го кажа фурал сирупот за пролив и повраќање. Со вкус на банана е ќе сака да го пие. Мојата имаше проливче 2-3 пати а мораше да оди на градинка немаше кој да ја чува, и дадов и се сопре за пола саат. Мислам дека и кај вас ќе делува.
Два дена сме веќе со тт 39. Вчера вечерта беше качи 39,симни максимум до 37,8. Цело време со плачки и во раце да е. На 4 саата наизменично Далерон со блокмакс давав, туширање, алкохол со вода и што ли уште не. На моменти си мислев дека сируп џабе давам, ко да нема ефект воопшто. Нема течна столица, има гасови.Пие пробиотик и вода количински а и ок јаде. Верувам дека е стомачен во прашање ама па сабајлево почна секрет од носето да се слева накај грло. За тоа ќе прскам бејби диво оригано па оперил п. Сте поминале ли нешто слично периодов, колку време трае ова? Да не пропуштам нешто?