Незнам тој по цел ден е активен не седнува случајно го приметив прееска...може ли да е плускавец или ..?
Ми се има наоравено така од штипнато со патент, најдобро однеси го на лекар ако можеш у живо да се види.
Ова е каснато од инсект, на свекор ми цели нозе му беа вакви од движење низ трева, не знам искрено каков, мислам дека е пајак. Следи дали ќе се прошири, а ако се дупне чисти го убаво. Оптимално е на доктор да сликнеш.
Леле цели нозее и мојво низ трева сака босо да трча, само го карам ќе го следам. Фала ви на сите на одговорите
Здраво.. дали имате искуство кај деца полипи во нос како се лечи што се прави? Испаничена сум на преглед ми кажаа срга ке треба кај матичната да земам упат за орл
Сега и малото го фати стомачниот вирус со повраќање...година и 4 месеци има и уште цица. Да и давам без проблем да цица зошто ноќта почна со повраќање и само млекото го повраќаше.
Во ред е продолжи да даваш да цица. Најбитно е течности да внесува да не дехидрира, а за јадењето колку сака толку
Зошто да го караш оти трча низ трева босо? Нема подобро за развој на дечиња од босоного одење, трчање. Зборам за развој на мозочето. Еден куп деца има кои се плашат од трева, песок, земја, па имаш на плажа деца со патики и чорапи, не газат на трева, не сакаат влечки... Сензорната терапија вклучува меѓу другото и босоного одење по различни површини. Купи синопен или фенистил и немаш гајле.
Дали има некој искуство со повторувачки црвено грло кај дете? Големата има 3 и пол години и од јануари наваму е секој месец со црвено грло. Некогаш е пропратено со температура а некогаш не..три пати имаме брисеви правено и трите пати се негативни. Овој пат и е ептен црвено ама матичната мисли дека е дополнително надразнето бидејќи повраќаше од стомачен вирус. Терапија само лисобакт( не знам точно како се вика) и да пратам дали ќе крени темп.
Исти сме мајка од Јули наваму неможеме да кренеме глава од црвено грло.. Примаше Алмацин однесов на контрола по завршување со атб сеуште црвено после 4 дена прекинува да јаде плачење на максимум го носам уште црвено,ни даде упат за орл да му ги проверат ушињата па не препратија на педијатрија бидејќи беше се во ред. Совет од таму само температурата да ја третираме бидејќи примал антобиотик,на 22ри август пак крева температура носам кај замената бидејќи неговата беше на одмор пак црвено грло,направивме крвна слика добра беше за навечер да ми крене над 39 со ништо да не спушта и го однесовме во Козле воспаление на дишникот добил примаше Панцеф 10 дена и инхалации со Кортаир 7 дена. На 2ри септември заврши со антибиотик на 11ти пак ми крена температура сабајлето носам на матичен црвено грло. Не знам колку пати сме зимале брисеви,крвни слики.. Сега правев и респираторен пакет во Авицена за InfluenzaA&B+Adenovirus+RSV+Covid и секако испадна негативен,матичната ни закажа на имунолог да го носиме..
Купив фенистил да. Да знам тоа, си и во право што ете тој не се плаши за разлика така од други но и јас го оставав ама многу мозолчиња само некакви црвенила само нешто го каснува и тоа е работата што јас почнав да се плашам вака ради што е цел искасан, затоа го карам да не оди бос и него и помалото
Ja sum takov od dete so crveno grlo te preeska udarav deksazon inekcii za grloto, nema so da se prae samo da vnimava deteto nežno grlo ima i taka ke e ja sum 27 g taka
Н Стрептокока А е најверојатно само не можете да ја фатите зошто пое антибиотик. И син ми од април навака 4 пати со гнојно црвено грло, последен пат во август го излечивмњ со 2 дози сумамед. Ама ја фативме бактеријата и на брис и се потврди со к.слика со апла бактериска инфекција. Докториве викаат ептен е лоша стрептококава годинава, и сите ја имаат вика ко вирус се шири.... Детево мое у 4 години имаше испиено 1 сируп, сега во 4 месеци 5 шишиња...
Ние имавме Стрептокока пнеумониае во нос да имал Стрептокока А би требало да ја изолира чим е изолирана другата во нос.. Не знам веќе
Антибиотик пиеше само два пати...во јануари и во јуни а брисевите беа правени во март, април и сега во август....многу голем размак има меѓу антибиотикот и брисот, досега немала гној на крајниците, сега прв пат рече ко да почнува да се прај и да пратиме дали ќе крени температура.
Не си свесна која мака ја имаат мајките чии деца не сакаат да одат боси по разни површини, не знаеш. Само добро прегледај го пред да се облечете, приберете и немаш гајле. Јас сум човек што еден комарец, една болва, едно инсектче да е мене ќе ми се закачи, нозете ми се ко на ратиште да сум била, лом, па ете жива сум. Ако е поголемо земи од Стокомак (ако имаш стокомак) Брос против убоди, ништо нема да му пријде. Тестирано на планина покрај голема вода, околу нас кружеа, другите ги јадеа, нас не не пипнаа. За бебе Мустикер земав имаше ефект ама не толку колку бросов. Меѓу другото тоа и од крлежи штити. А кај твоево тоа е од пајаче, нешто што може и на спиење да ви се деси, ко мене што ме каснал сега пошто спијам полугола со доењево и цел стомак ми е такви пликчиња па ми дадоа Гентамицин да мачкам оти ми се воспалија.