ќерка ми е 2.5 години, минатиот петок имаше течна столица, почна да поткашлува и да добива нагон за повраќање од шлајм, посл епиење на млеко од кашлица силна повраќање, се смири 2 дена се смири и стомачето, за да во вторникот почне пак со уште посилна кашлица која сеуште трае, слушната од доктор 2 пати вели чисто грло чисти гради, носето е полно, ни даде риностоп иако е мала но до 5 дена 2 пати дневно можело, по цела вечер кашла, синоќа не кашлаше но денес пак.. температура до 37.2 крева, иначе весела јаде пие сакакви врсти на храна,... крвна слика никогаш подобра.. нз што да правам, инхалции не дозволува, едвај и капки за нос, мислам дека риностопот и олеснува малку еве 3 ден го пие.. мислење?
Пак јас....вчера малата (1год и 4 месеци) беше со повраќање...се смири повраќањето ама денес има течни столици...во 6 сати 6 течни столици. Знам дека не е пролив нели треба почесто ама и ова не ми е нормално. Даде е waja пробиотик. Само цица, не сака ништо да јади. Што можам да дадам друго да да се смири столицата. Фала
Дуолин Ликви кесички, гима во Зегин. Во Козле докторка ми даде совет и со домашно нишесте, пола лажичка со водичка растворено да го давам малку, искрено не сум пробала да ти кажам, не беше толку критично кај нас.
Варен морков, варен компир, двопек, соленки... Таква храна. Јас одвај се наткренав после стомачниов, трет ден ништо во уста не ми се става, освен вода.
Фала..ништо не клава во уста..неколку соленки само...весела е..цело време рибари низ станот ама пак ми е мисла. Ќе одам до Зегин сега да побарам. Фала
Дали од многу трчање и активност може да има болка кај тестисите кај машко дете, а да нема кила? Вака на изглед нема ништо, а ми се пожали вечерва ко се врати од надвор. Инаку е преактивен, на училиште трча, физичко последен час исто вежби и трчање, па одма на тренинг еден саат на фудбал, и после тоа надвор играше до доцна.
Може, се случило на неколку пати кај син ми дур беше помал(сега веќе е скоро 12 год). Хиперактивност, можно и некоја жиличка да истегне па да се јави болка, дал во препон, дал накај тестиси
Не знам веќе што да правам, син ми е 5ипол и има 17кг едвај, значи никако не качува на килажа, толку прибирливо дете па јас не знам.. Што повеќе да му дадам каков сируп како да го здебелеам малце?
@kristina.k @Bubi*2 а баш сакав да прашам на темава. Синоќа пред бањање ми се пожали дека го боли долу ама не ми кажа точно каде, го допирав но не ми изреагира точно на некое место. Утрово пак ни спомна дека го боли... Ќе пробам после леднат да го проверам, а како се гледа ако има кила? Секако ќе го однесам на уролог или хирург да го види, се загрижив 3 год има
Ако станува збор за кила во поголемиот број случаи треба да има оток. Отокот е најчесто кај срамната коска ( тоа се случува ако не се затворени препонските канали па може да настане кила таму при голем напор) или на тестисите доле (се нарекува водена кила). А ако е папочна кила тогаш се јавува оток кај папокот.
Здраво мајки во градов нема дежурен доктор,пишав на матична чекам да ми врати.Малата има 2 години од вчера забележав како блед осип околу коленото и на задното бутче,а денес распространет е осипов на двете нозе ,стапала, има малце на газето и грбчето и како една ѓумка на чело (а не е удрена). Малце и почна да џежи иако топломер ми покажа 36.9. Дали е можно да е коксаки ? Се мислам ради стапалцава. Еве и слики.
Мајки ај ѕирнете ја крвнава слика можеби сте имале слично искуство. Во понеделникот ни дадода антибиотик алмацин бидејќи малава имаше тт и поткашлуваше односно зацрвенето и беше грлото. Со неколку дози од антибиотикот се смири тт вчера бевме на контрола, докторот рече грлото е многу посмирено во ред е се, да продолжиме со антибиотикот уште денес. Утрово пак покачи до 37.8 и направив крвна слика. Се извадив од памет. Првиот пат лаборантката зела помалку крв и вика гранулоцитите се немерливи. Вториот пат испаднаа пониски од граница. Многу сум исплашена. Се консултирав со 3 доктори од кои 2 педијатри. Викаат во ред е, вирусна инфекција е. Ама ете стравот од лаборантот ми остана. Кажете ми дали сте имале искуство вакво. @Alishan30 ќе те означам душо ако може да погледнеш и ти.
здраво, аптекиве поделени со мислењата, на опаковката пишува за над 18 год.возраст...сепак прифатив мислење дека може и на помали деца да се дава, во случајов за 4ипол годишно ... дали имате искуство во примена на помали деца?? фала...
Доктор ти препиша? Имате проблем со црниот дроб? Ова е Јако. Докторката моја на мене 30 годишна ми рече не!