Се тоа е нагаѓање и може само контра ефект. Или како што ти пишала ели евентуално со диво оригано бидејќи е и антивирусно и антибактериско. Во спротивно ништо не те чини да си направиш брис па да си на чисто.
Од која возраст беа спиранто? И мојава почна со носот од вчера. Вчера беше како вода, денес е веќе погусто и жолтеникави. Друго нема ништо, мм вели да ја носиме ама ќе почекам до утре. Големиот поткашлува и затнат е неколку дена. Дали да правам инхалација со синомарин на своја рака или може да се влоши ако е бактерија случајно?
Детето ми е 2 ипол, сега при мокрење се жали и вришти дека го болело курето, уште носи пелени ја тргнав мокреше некоја капка и вриштрше се жалеше, као 2 мин па прекина, што може да е?
Црвено е? Може да е некоја инфекција или бактериско. Стави во леген топла вода и повеќе ќесички чај од кантарион нека поседи, сабајле земи урина и однеси на испитување. Да не пиел антибиотик во скоро време? Можеш и со канестен крема да го отвориш и намачкаш.
@kristina.k мојава има 13 месеци ги лепам во близина на креветот, не на пижамите. Мојава ја однесов денес кај матичната ама не можеше грлото да и го види пошто многу плачеше. Вака на слушалка рече дека е ок само носот друго нема ама ме замисли со тоа што ми рече некако на слушалка слушала хрчење па да правам инхалации со физиолошки да не фатела бронхит. Ама мојава не седи воопшто за инхалации.... Јас и ставам синомарин и влечам со пумпа. И давам сируп виранто и лепенки лепам навечер.
не не е црвено, ни пак е пиел антибиотик, ке однесам да испитам. Потоа пак не се пожали ама ке испитам за секој случај, фала ти
Стави сода бикарбона 1 лажичка во млака вода да се растопи во чашка и брцнете го да се измие. Ова е од свекрва ми и секогаш му помага кога се жали дека го боли курето. Плус намачкај хлоранфеникол на чисто.
Мајки, колку треба да биде сатурација со кислород кај дете? Во болница сме, вчера му беше 99 денес 97. И што ќе прават ако мпродолжи да му паѓа?
Над 95 е нормална сатурација. Прима терапија некоја? Моето правеше инхалации со вентолин и пулмикорт, плус урбазон и антибиотик примаше.
Моето имаше пневмонија тогаш. А инаку кога има опструкција и не може да дише му давале секогаш инхалации.
Мамички син ми 2 години и 3 месеци од Неделата има ларингит. Претходно му течеше носот и кашлаше изгледа фати некој вирус од градинка. За сега пие виранто, рупафин и спрејче лизобакт. Дали би поминал ларингитот без антибиотик пошто матичната спомна дека може ќе му воведат, не сум имала до сега искуство со ларингит и ме плаши еве веќе трет ден има
Никогаш антибиотик не пиеле моите за ларингит ама инхалации обавезно сме правеле, некогаш само физиолошки, некогаш со плус вентолин или кортаир зависи колку е лошо. Не знам зошто не ви препишала. Рупафин ако е за алергија ќе ја смири кашлицата и ќе го намали течењето на нос.
Подобро прашај ја докторката прво може ќе ти препише и кортаир зашто стварно така одма се гледа подобрување. И немој топло да пие, само ладно.
Три дена држи температура 38.9 со оваа крвна слика. Чекаме брисеви од нос и грло. Некоја бактерија ли е во прашање?? Носот му е затнат,др кажа има црвено грло.