Бевме на дежурен синоќа, во рок од еден саат скоро 10 пати поврати и ме фати страв. И додека бевме таму уште еднаш и толку помина тоа, сега проливле од сабајле два пати. Тие и ни ги дадоа, и направија кс не беше дехидрирана и тоа рекоа да земеме. се набилдав со аптека и за нас очекувам да не фати, а ја доам и ништо нема да може да земам фала ти
Не се плаши, толку е. Ако си дала одма течности, електролити од тоа може повратила. За друг пат да знаеш остави ја 1-2 саати, па после давај и тоа голтка по голтка. Го помина мојот и толку траеше, малку течна столица и заврши.
И јас малото го дојам и одма зедов пробиотик и не ме фати мене. Земи си и ти и со лесно. Брзо поминува.
Жени кажувајте чаре дете 11 месеци кашла веќе месец дена и како затнато е е прскам оригано физиолошки влечам нема ништо имаше бактерија во носе сега е нема ама уште е како затнато и кашла многу највеќе сабајле мирно спие си јаде весело е кај да го носам да го чујат да кажат чаре матичната ништо вика ќе му пројде На клиника да го носам на уво нос и грло немам памет веќе
Исто беше ќерками таа возраст и алерго тест и превевме и ништо долго време кашлаше потоа почнав дс и дадам молерс маслото од црн дроб на бакалар и од тогаш и помина кашлицата
Можеби е алергиски, можеби е алергична на домашна прашина а тоа е душек за кревет, теписи, завеси итн сето ова го има во градинките па можеби и затоа е проблемот. Можеби е 3от крајник но ако веќе ја носиш на лекар носи ја кај Мистер Џек кафичот има ординација докторката и работи и со деца Мирка Шалиќ мислам дека се викаше, јас мојот го носев на 2 години убаво пројдовме искрено. Само што доколку се работи за 3от крајник ја не би го оперирала сега зошто тој знае и да порасне кај некого повторно и џабе операцијата.
Зарипнат глас има постојано откако е во градинка, некни се закашла суво и ме фати паника, (ама 2-3 пати во денот) како ларингит, Докторката ја виде вика ларингит, ништо страшно. Два дена инхалација и правам 0.5 дексазон, и ноќеска како влажно кашлаше во еден наврат.Нормално е тоа, после инхалации?
Нормално е без гајле. Само што е доста чест па почесто ќе си правиш инхалации макар и само со синомарин ампулите или физиолошки.
Фала мами. А обично колку дена инхалирате со дексазон? Мене ми рече пед. 6 дена навечер. и наутро само со физиолошки, ама доколку успееме, а навечер обавезно плус аериус сируп. Наутро не инхалирам, не можам да ја плачам пред работа. Кога имаат ларингит, зарипнат глас, носите во градинка?
Сум инхалирала максимум 5 дена за бронхит, ларингит обично поминува после 3 дена од инхалации. Не го носам во градинка, не знам дали е исто кај сите ама мојот кога добива напад ако не го инхалирам одма не може да се смири.
Сум инхалирала до една недела, зависи од симптомите. Не сум носела во градинка дофека е со ларингит прво зошто често тој е вирусен, а вроро што вика скај ако има напад мора одма инхалација иако мојов обично ноќе има напади кога има ларингит.
таа бактерија големиов ја имаше негде околу 4-5 г. Неколку пати истата. Јас би со антибиотик. Така и ние сме ја лекувале
Ај малку хелп, значи два пати го носевме на слушање и преглед денеска зашто кашла како да лае. Две различни докторки велат не е ларингит и нема потреба од инхалации, само Виранто. Не кашла често, кога стана од спиење се накашла така 3 пати во рок од 15мин и после немаше. Што да правам? Да пуштам навлажнувач повеќе?
Добро каков е овој вирус? Ви средата имаше 37 со 6 тт само, и носот ем затнат, ем течеше. Ајфр со капки и аспиратор средуваме тоа, вчера почна и да кашла, а денес 2 пати ми поврати во рок од пола саат, дадов сега наусолвит 20 капки, после и пробиотик ќе дадам. Што вирус ќе беше ова се споено? Има некој вака? Колку трае?