Големиот (13 год) на 2 пати се пожали на болка кај срцето. Јас сум малку во паника, матичната е на одмор. Пријателка доктор вика дека е многу извишен летово може да е до тоа. Срцето некогаш не го следело растот на телото, па се појавува шум. Инаку добро се чувствува, се нормално. Некој да има искуство?
Малата ноќеска се разбуди накај 1 саат. Малку му беше топличка, измерив температура имаше 37.8 Она што ме буни е дека не беше скроз разбудена, беше некако во полусон или бунило. Додека цица преташе со нозете, кажуваше мама, тата и се вртеше по креветот. Не и беа цело време отворени очите ама ги отвараше. 2 саати траеше ова, пробував да ја презаспијам, видов не иде и ја станав од кревет. Си поигравме малку (се расони) и после пак заспа. Од што би можело да биде? Не верувам дека е од температурата, не е тоа висока температура а и после измерив малку беше паданата Едит: 18 месеци сме
Кога имаат температура се такви, не можат да спијат и се будат. Таа е најлоша темпер ем не е висока ем те мачи доволно да не можеш да спиеш. Мојата кога ја има таа темпер сега е веќе 5 год по цела вечер не спиеме, блада во сон, вика, па ај во раце не е будна будна ама не спие
На таа температура се најмлитави. Со ноќи сум ја шетала во раце, душички се. Јас и онака ја презаспивам со шетање ама барем ќе заспие. А со оваа температура само во раце.
@*Milicka* @brm_brm еве сега качи до 38.2, ја истуширав, сега се симна малку. Не знам што да очекувам, она беше со затнато носе неколку дена, дали е од тоа дали е ова нешто друго не знам поткашлува ама малку Аман веќе
Дај и сируп де, нека не се мачи, и течност само. Моиве од средата се со сите можни симптоми и денес во Козле ги носев, се си е добро. И они се малце подобри денес, па ќе видиме.
Плука сируп, на сила би пробала ама над 38.5, за чепче не знам Во Козле направија само крвна слика и брисеви или и други испитувања? Што симптомии имаа и до колку температура? Сега и ставив чорапчиња со оцет, ноџињата не беа ладни, ама ни многу топли. Заспа сега. Да не направив грешка со чорапите?
Јас до 38.5 не третирам темпер никако, оставам сам организам да се избори. Ако темпер продолжи над 3 дена носам на лекар и правам крвна слика. Инаку до тогаш расоблечено дете, течности многу, може туширање со млака не мн жешка вода пред спиење, ќе се гушкате и ќе помине. Ако тече нос ставај солен раствор. Не се секирај мајка ќе помине
И јас сум за тоа да не се третира до 38.5 ама многу и се спиеше и ми беше страв во спиење да не крене поише, затоа ставив чорапчиња.. ај само нека поминува побрзо
Јас сеа на 38 им давам, зошто моите одма качуваат 40 тт. Не чекам зошто си имам проблем, да гледам да се мачат и да се млитави не можам. Со такво чекање завршивме во Козле на крај. Од средата имаат темп прво почна со 37 со 6, и затнат нос, па почна и да им тече после, другиот ден кашлаа и малце пролив, вчера повраќаа, денес малце имаат тт, се надевам ќе се подобри...
Ќе помине, само ние посмирени да бидеме И мојата денес имаше покашеста столица, може да е истото, ако е тоа значи да чекам повраќање Зошто во Козле? Ради висока температура или ти беше страв од дехидрирање?
Во Козле бевме ради висока тт 41, не спушташе, имаше фатено адено вирус, 3 антибиотици сменивме ниту еден не делуваше, на крај на венски заврши. Поради тоа се плашам и одма во Козле одиме на преглед, веќе не чекам толку денови.
Шо вирус е ова со температура, нос и грло, пролив па повраќање? За колку дена мине? Како се затворивме во школо и градинка две недели со растечени носиња, температура пред неколку дена, кашлање и врвот денес со пролив и повраќање
Се жали и мојот некогаш, скоро 8 години е, особено ко ќе е многу активен или по тренинг. Истиот одговор од матична го добив дека е од раст.
Офф... само стресови имаме на секоја настинка или температура. Мајки... Ајде нека се живи и здрави само
Средата навечер касно почна да повраќа, петокот пролив и вчера Сабота почна да нема чести столици ама уште се течни, ваљда зошто ништо не јаде само цица или нешто течно случајно ако касне. Денес Недела сабајле 38,1 темп не и дадов сируп само ја расоблекувам ама под 37,8 не паѓа. Дали вирусот е таков или има закачено нешто друго неможам веќе некој со слично искуство до вирусиве? Дали да ја носам на дежурен се мислам
Здр мајки детето пред две недели имаше коксаки вирус сега му се лушпи кожата кај прстињата на рацете и нозете и ова му излезе повторно кај двете раце црвенило и ситни бубулици има малце и кај колената му дадов сирупче за алергија и мачкам бетаметазон ама не се повлекува дали сте имале вакво искуство после коксаки вирусот или е нешто друго?
Сте имале ли проблем со дехидрирано дете и како сте го решиле? Пред 2 недели го фати стомачен вирус, го држеше 10 дена, сега пак го фати. 3ти ден денес. Три дена скоро ништо нема ставено во уста. Течности пие, али денес од пладне до вечерта намерно го оставив во ист памперс и му беше сув. Ме фаќа паника. Инаку давам ентерофурил за проливчето, наусолвит капки против повраќање и пробиотик. Електролитите не ги прифаќа. Едит: има 2 год. Го носев во итната, нѐ вратија дома под изговор дека во оваа ситуација само инфузии се ставаат, а тој е мал за инфузија.
Како мал?? Син ми уште од помал примал инфузија во главче го боцкаа. Првиот пат ко лежеше беше премногу дехидриран трауми имам од стомачен вирус.Децата многу лесно дехидрираат како можеа да го пуштат господи. Врати се пак, ако треба и расправај се или оди на др место ако има каде не е играчка ова воопшто..