Мила пробувај електролити, колку толку барем по лажичка. Електролитите се надоместуваат и со консумирање на свежо овошје (лимон, портокали, јагоди, шумско овошје, ананас, лубеница, праска, грозје, банана), свеж зеленчук (спанаќ, зелка, кељ, домати, блитва, пиперка и компир), млеко и млечни производи, семки и жита.
Да, се извинувам на грешка. Тогаш банана и компирче варено со солче и електролити со мамење (јас едно лажиче ао мамење, едно во шишенце, едно со цевче, едно со си. Ако мислиш мајка дека е посериозно, носи го пак
Како мал? Моите на година и пол примаа инфузии, дехидрирани од стомачен вирус. Потоа дома продолжив да давам електролити со шприц на 5мин. Помалото не прифаќаше ни храна ни течности и давав на сила електролити. Мора да најдеш начин.
ОРС давам. Ги плука, од цело лажиче дали две капки ќе капнат во уста.. Знам што се дава, нудам ама не прифаќа. Две соленки изеде се на се.
Како знаеш напикај електролити. Со шприц по 2 мл на 10 мин ќе средиш работа. Измешај банана со електролити, едно лажиче едно. Варен компир оладен едно лажиче електролити. Не мора ништо да јаде битно да пие прво електролити после ќе почне да пие. Инаку незнам како е мал за инфузија. Мојава кога имаше бронхопневмонија на 2 год, имаше и бебиња во козле од 4 месеци кои примаја инфузија. Тие незнаеле или не сакале да пробаат вена да му погодат. На бебиња стари еден ден ставаат инфузија.
Има во Зегин едни како шумечки, давај му сам да ги става во чашка како сокче, не се Орс, други се, многу се убави и освежуваат а сосема се ок за поголеми дечиња од 18м. Моето мисли дека е сокче и ги пие нема мака, а орс или други електролити не сака.
Со шприц. Некој викни да го држи ти по малку давај. Ама према образ да не го удавиш. Ја со шприц се давам
Уф на работа сум, побарајте ги во Зегин, плава кутија е внатре е шишенце исто ко шумечки што пиеме, такво долго тенко, има 20 мислам внатре. Едит, ги најдов.
Зошто мислиш електролитите не ги прифаќа? Од кои даваш? Смени друг вид, јас додавам малку цедевита на големиот, без проблем ги пие како сокче. Малото (година и 9месеци) исто така ги сака, им давам ОРС на Алвоген мислам беа, шумливи со вкус на лимон. Земи и ти шише, пиј и ти нешто, нека биде заедничка игра
@nevermet18 како сте мајка? Мојата не сака ниедни други освен кесичките на Бекутан, има со лимон и со анасон... да пробаш финта да му ги раствориш во оние шишињата детски од сок, па да пие сам со цуцла некако. Јас растворени и ставав и во каша, Чоколино, овесни, буквално во се што можев да ставам.
Фала ви на сите. И од двете врсти електролити имам дома, му нудам, џабе. Таков е на карактер, сите финти ги имам пробано и при давање сирупи и за ова, што му се допаѓа пие, што не нема шанси. Мислам он повеќе финти знае како да го исплука отколку јас како да му дадам. Денеска пак исто, ќе го носам кај матичниот и не си идам додека не ми најде решение. Или нека го боцнат нешто од кај да знам, или ќе се бориме за инфузија и ќе си барам нешто за појачување на имунитет. Дури мислам дека најреално решение ми е да го отпишам од градинка или барем да паузира некој период. Сите болести ги закачи таму.
Ќе ојача мама не се секирај. Давај плус нешто за имунитет. А што се случува, спушта на плуќа, температура?
Кога се жали кај реброто знам ништо не е, ама за кај срцето или на средина на градите ме фаќа страв малку