Ај давајте памет не можам да спијам од мисли. Поголемиот (скоро 3 ипол години) беше болен пред 2 недели, некоја полесна вироза со температура до 38,5, така си помина без никакви лекарства и од тогаш почна да си поткашлува суво и се жалеше на грло. Бевме на доктор, лесно зацрвенето грло ништо посебно, пиеше прополис и од лижавчињата на др Тајс. Пред 5 дена ноќта многу му се влоши кашлицата, со саати кашлаше и никако не можеше да се смири, таа вечер повраќаше до сабајле, утредента една течна столица и толку беше ама како повраќаше приметив и доста шлајм. Еве се уште си кашла, носот од вчера почна да тече така погусто. Го носев на доктор веќе ни грлото не е црвено, градите чисти ама мене ме мачи зошто така тешко кашла, како да има шлајм, а не може да го искашла. Докторката вика на слушалка не се слуша како да има шлајм и ми рече да направиме една крвна слика утре зашто вака детето е супер. Ич не сум мирна, си мислам немој нешто на гради да има или некој друг проблем, а јас си седам така. Дали им се случило на вашите така долго да кашлаат и како сте го решиле проблемот? Вака е супер, весел, јаде, пие, се ок. И плус приметив многу му смрди здивот и тоа е се почесто во последните 5-6 месеци, крајниците се во ред ама има поголеми крајници уште од раѓање. Дали е можно тоа да му прави проблем цело време што е вака болен, иако не се повеќе зголемени на секое разболување?
Мајче мојот не кашлаше, а беше со опструкција... немора да значи ако кашла дека има на плуќа. Кашлицата му е од грлото што е надразнето, најверојатно и подоле душникот. Со корона кога бев така кашлав месец дена, од грло надоле тој дел ме печеше од кашлање мислам и како кашлав, се повеќе ме тераше да кашлам, а немав на плуќа. Направи му 1 голема лажица мед, 1 лажица лимон и 1лажица маслиново и давај му по 1 мала лажица во текот на денот, на 4,5 часа. Најверојатно некое такво вирусче фатил, но ќе помине... За здивот што мириса, видете и запче да не е..
Ова ко мене и син ми да си нѐ опишала, од лесната вироза пред две недели со исти симптоми, до пролив, повраќање и кашлицата..јас се чувствувам затнато, како оток да имам на трахеата, тешко ми оди и голтањето. Ларингит кажа матичната, нормално било овој период од годината, а јас мислам дека е вирален, малку чудно двајца шо имаме и други испоразболевме. Инхалации правиме, немаме црвено грло ама се суши и тера на кашлање, влажно, носот мене ми е ок ама дечко се жали на затнат.. За крајниците и син ми има мака, од кога планирам да го носам кај Зографски и никако да закажеме, т.е. никако да сме скрос здрави за преглед
@mariz Фала ти за рецептата, ич не ми текна на такво нешто. Го инхалирам со физиолошки трет ден веќе ама ич нема подобрување. Се жали на грло, а нема ништо. Може и он како тебе од кашлање да му е надразнето веќе. На забар редовно го носам, се ок. @Anaksunamoon И јас од кога го носам и никако да го однесам. Пред 2 недели се наканив и ме премисли докторката, вика дај му шанса на Бронховаксомот, ако од тоа не се среди тогаш ќе го носиш на орл. Носот не е затнат среќа ама му се растече сигурно од инхалациите. Еве го и бебето веќе втора ноќ не може да спие, и тој со густи мрсули, а роденден организиравме, ммр не чека…
Нека му е наздравје, дај боже да помогне да се опраи детенцето, а какво ви беше искуството со изопринозинот? Го имам во фрижидер уште од крајот на зимата но не го ни отворив.
Па се разболе на седмиот ден додека го пиеше и после уште еднаш и имавме мирни два месеци. Од тогаш навака дали полесни вирози фаќа или сирупот помогна, не знам ама само 2 пати беше болен и тоа многу лесно. Само јас изгледа направив утка, не знам дали не ја сфатив докторката, му дадов само едно шишенце и толку, а изгледа требало исто како бронховаксомот да се пие по шема. Веќе беа поминати повеќе од 20 дена пауза и баталив.
Жени дајте искуство веќе неможам да си го гледам детето колку ми е паднато и омалаксано само спие. Од прошла недела Средата навечер почна со повраќање, па следните два дена пролив и неделата крена темп. Цел ден повеќе 38,2-3 не отиде ја однесовме на дежурен рече нема грло, чиста е од вирусот е. Вечерта касното крена висока темп 39,5 и не се спушташе со сирупче, туширање и ајде правец на детско. Скоро 24 часа беа поминати од првата темп кога качи и земаа крв, црп 4,8 друго ок беше само едно малку ппкачено незнам како се викаше стручно што укажувало дека се развива бактериска инфекција. На гради на десна страна и слушна малку изострено дишење и даде алмацин и инхалации со физиолошки. Денес е втор ден од антибиотик, темп уште има до 38,5 најмногу оде ја третирам со сирупи зошто и многу е кенкава, омалаксана. Само спие, ништо не јаде од со стомачниот уште едвај некое шмукалче со сила, цица ама немам многу млеко и си пие вода не е лоша. Денес ми е најпадната неможам да ја гледам, матичниот е втора смена па ќе а носам после да а слушне. Дали вирусот е таков ли што е незнам, прво разболување е ова и јас немам памет. Скоро 13 месеци е се исуши скрос од нејадење. Давајте совети ислуства ми се плаче
Има ама реков нејзиниот да ја слушне по темелен ми е од другиот. А си пивнува вода не е лоша вака и хип електролити пие.
Мајки сте го давале ли овој сируп за имунитет? Дали е добар и дали се прави пауза по одредено време или можам 3-4 месеци по ред да му давам? За 4 годишно дете.
Јас му го имам давано на моето, двајца доктори ми го пофалија на педијатрија, се дава 3 месеци во континуитет па се прави пауза од 10дена, на сабајле и навечер му давав по 5мл. Ефект .. никаков кај нас
Мајки едното бебе од сабајле ми беше кенкав, од горе му излегуваат 4 заби, многу тешко му пробиваат. Ми изгледаше топол мерев температура, 36.7. Дојде маж од работа и он му измери исто 36.7. Не сакаше да спие од сбајле, после малку заспа и кога се разбуди топол беше му измерив 37.5, по кратко татко му мереше 38.2. Се испаничив дека прв пат ми крева температура, дадов далерон, после мерев околу 37.5, 37.7 му држеше, па намали сега 36.5. Зборот ми е дали е можно да е од забите зашо вака нема растрчено носе, не кашла, нормално си ручаше денес, цела каша си изеде без проблем, најчесто сомолење ми јаде.
Дете имаше како гној и некоја инфекција на кожичката над прсте. Матичната препиша Белогент. Го мачкавме помина инфекцијата. После тоа прстето му се направи како на сликата ,почна да му паѓа горниот дел од ноктот,денес му паднал баш цел нокт. Матичната ми вика му расте нов нокт,не е ништо. Мене ми изгледа страшно. Да го носам некаде или???
Мене ми беше вака и ми падна цел нокт, ако сакаш однеси го за ти да си мирна, а иначе не изгледа страшно, во фаза на заздравување е, нема гној веќе.