вака, 2 годишно дете настинка вироза 5 дена поминавме без антибиотик, немаше темп само кашлица, без црвено грло, на крај се воспали увото имаше болки па примаше 8 дена антибиотик, за да после 2 дена од испиен антибиотик пак се жали на болка во истото увце и тоа само наутро... некое искуство мислење, додека да отидам на орл до вечер или утре
Малата моја со температура е деновиве и вчера ми се пожали на ушето. Ја однесов вчера на лекар ( не живеам во Мк) не ми даде никаков антибиотик, ми рече од грлото чувствува болка во ушето ама штом не е константна болка тогаш не е страшно. Пропилис прскам во грлото и панадол ми рече да и дадам во случај да има болка за да поминеме без антибиотици. Фати го позади ушите дали има потечено нешто?
Ама воспалено увце без антибиотик не поминува. Напротив може да е страшно ако не се лечи, од лично искуство. Ако не е воспалено ќе помине со лек за болка.
А зошто 8 дена само антибиотик или уште пие? Постои веројатност да не бил погоден антибиотикот за жал. Обавезно носи да го видат и следи случајно да не му потече позади увцето кај коската.
пиеше амоксиклав, една доза, се смири болката додека го пиеше повремено ја ќепкав не реагираше... ќе ја носам до вечер, матичната е 2ра ако треба и на орл
Знам по себе за болка во уше… Не е воспалено кај неа, од грлото и е болката. Сега за сега да сме чекале за да помине без антибиотици.
После температура спиат многу децата? Денес четврт ден од температурата намалена е скоро и да нема 37,3 и не качува, ама само спие, почна да ме загрижува. Вчера бевме на контрола не е дехидрирана, плус од сабајле убаво се напи течности, а и јас со шприц електролити и ставав.
Му треба одмор на детето, нека спие да надокнади, стрес им е кога се болни, и тогаш лошо спијат, сега штом и е подобро и треба одмор да надокнади, не се секирај, следи ја само.Ако јаде, пие течности, и нема тт нека спие.
За пиење да ама со јадењето е скарана, дека прво стомачен имаше па после температурата, и едвај шмукалче ако и стиснам на сила, и шо цица, друго ништо. Витамини и давам па се надевам ќе се крене некако. Цела недела бидна
син ми еднаш повеќе од една недела не сакаше ништо да јаде, ниту пак течности, во очај го мелев дури со грицки, солено, кока кола, газирана вода,вода со шеќер, се што обично бранам, и не сакаше, мн страшно беше, ама помина, ке пројде и кај вас само трпение, секоја голтка или залак се успех кога се болни.
Uvo se vospaluva od bakterija vo nos i grlo. I od tamu pretpostavuvam e temp i grloto. Nemoze bez antibiotik da se leci bakterija. Ako taka ostavite ke napravite belja vo kraen sluvaj moze da dovede do pukanje na membrana, namalen sluh itn. Ne e igracka. Najdobro napravete brisevi nisto strasno ne e i ke znaete dali ima i koja tocno bakterija pa po toa ke se dade i antibiotik.
Кај нас во Мк мајкиве да кивне детето одма крвни слики, пнеумослајд, асо тест, брисеви.. хаос, за се живо прават што ќе им текне. Надвор од Мк 2 пати годишно КС прават, па антибиотик не знам дали воопшто и даваат, затоа овде и за секој случај сите у фрижидер имаат антибиотик. Ние сме богдачува.
Ме насмеа летово кога бевме Мк го носев за кс, дека година дена не му беше проверувано, сакав да видам железото како му е. Инсистирав од вена, дека секако ќе се трауматизира, па да се направи комплетна, ама не кај толку мали деца страв им било од вена да земаат и ајде од прсте Дете се тегне, почна да плаче, а сестрава па и го искара како не било убаво и ништо "не знаел", децата овде биле навикнати крв и брис како за добро утро неколку пати месечно...
Што се прави кога повраќа на не цел пола саат. Во 2 се разбуди (пред 2 ипол саати) исповрати тоа што јадеше кај 5-6 попладнето, така повраќаше 3-4 пати, после уште 4-5 пати само светло, празен и е желудникот. Има нагони, и дадов наусолвит, после 5 мин поврати. И вода и јадење бара ама не можам сега да и дадам. Растворив електролити, чекам да се смири, не знам дали да и дадам. Ама ова што повраќа на помалку од пола саат ме плаши. Инаку е расположена освен во моментот на повраќање, дури и брисачите си ги бара кога и доаѓа, на нив да поврати. Ако ја носам на дежурен ќе и дадат нешто да и се смири повраќањето или само инфузија ќе и дадат?
Јас сум имала воспаление на уше и знам која болка е тоа. Затоа само што ми спомна малата дека ја боли после пола час веќе бев на доктор. Самата докторка рече дека не би да ми дава веднаш антибиотици да остави организмот сам да се бори, доколку продоложи температурата тогаш ќе бидат дадени антибиотици. Верувам дека од грлото и дошла болката ама мала и не знае да објасни, затоа што повеќе не се пожали. @Mumoftwo30 овде не ни можам да купам антибиотик туку така. Добро кај нас иде тоа со познатата реченица : Е што ни фали? за се што ќе дадеме, направиме. Да овде крвна слика од вена се зема крв и тоа многу ретко.
Како е малата? Се смири ли повраќањето? Моето на такво повраќање, во инфузијата му ставија и некој лек за да му го сопре повраќањето.
Малиот ми беше сега со повраќање. Се повраќаше, вода, електролити, тоа што цица, 30ч. без престан. Отидовме на клиника зошто почна жолто на крај да повраќа од што немаше веќе што, но не беше дехидриран и не му дадоа инфузија. Ми рекоа да продолжам со електролити и наусолвит капките, односно затоа и не бил дехидриран зошто по секако му ја давав таа терапија. После 2 дена се среди и со јадење си се врати во нормала. Со лесно.
Јас не знам кој зима крв неколку пати месечно и брисеви, ама знам дека воспаление не се лечи со чист воздух, оно се лечи, кога бев трудна и не смеев ништо да пијам како се лечев, ама место за 5 дена да помине кризата, 21 ден бев со изразена слика и на крај накалемив нервози да мислев ќе се породам во 7ми и од кашлање и кивање силно се подмочував и мислев дека е плодова вода. Зошто дете да се мачи 2 недели ете, не мора 3, кога може побрзо да помине ако на време дијагностицираме и ако е бактерија да добие антибиотик пример, зошто да чекаме 1 недела да видиме дали ќе помине. Една траума од прст еве крај, бебево од 9м не плачеше кога му зимаа крв а откако е роден ова е втор пат што му зимаат крв.