Се потсмири, од 5 навака 2 пати поврати, почнав и електролити и вода се напи, не ги поврати. Може и наусолвитот и помогна колку толку.
И јас дадов антибиотик кога му се воспали уво, не велам дека треба да се мачи дете. Мајката кажа дека детето било прегледано од доктор... Не ми ни беше намерата да поставувам терапија за увото, се надоврзав на членката што пиша за крвни слики и брисеви. Не знам што подразбираше сестрата под неколку пати месечно, валјда некои контролни се прават, еве ти подобро знаеш. не можеш да споредуваш бебе од 9 месеци што уште не разбира и можеш да го заматкаш како сакаш, и дете од 3 години што е свесно за тоа што му се случува
Што симптоми има? Се зависи од заедничкиот однос на симптоми и кс. Ми личи на бактериски ама не би кажала со сигурност. Зависи и на кој ден е кс правена од симптоми. За ваква кс јас не сум давала антибиотик.
Заборавив тоа да го пишам Од завчера вечерта жолти мрсули, сува кашлица, сега почнува да се затнува и синоќа еднаш качи температура до 38.6 и толку. Општо вака е клапнат, без енергија, не е ич весел.
Кога им се ладни ноџињата и рацете значи ќе качуваат уште температура? Ми кажа докторка ама да не сум разбрала погрешно.
Асоцира на бактерија. Чистете нос обавезно. Направете и брисеви. Ако е само во нос локално ќе се среди.
Здраво мајки, од денес кивање и растечено носе, мрсулчиња проѕирни, ставам аква марис и влечам со аспиратор. Што може да ставам друго да и олеснам, кога цица не може убаво од мрсулчињата се нервира, што да дадам плус нешто? 11 месеци е
Во 5 ко му мерев 38 имаше и се жалеше дека главчето го боли, му дадов 5мл а треба 7ипол, сега гледам пак качува и заспа неможам да го истуширам.
Уринокултура резултати за колку време стигаат? Бебка има уринарна, некој совет? Ни дадоа Панцеф, за колку време поминува?
1 ден ако е негативна, 2 дена ако е позитивна, толку време му треба на атб да се насади за антибиограм.
Течности давај многу, гледај да не внесува многу благо, јогурт е убаво и пробиотик претпоставувам веќе даваш. По антибиограм ако е сензитивна на панцеф за 1 ден ќе и делува. Брусницата е многу добра за уринарни инфекции, само не знам во која форма можеш да и ја даваш, евентуално да попариш сува брусница и тоа да го пие. Ама од антибиотикот ќе и помине брзо. Едно глупаво прашање. Ова стомачниов може пак да ја фати или ќе си направи имунитет? Пошто со месеци им се врти во градинка изгледа.
@Skyler @AngelOfArh @Mucika Фала ви! Купив Утисан сирупче на база на брусница, за деца над 12 месеци, се надевам ќе помогне. Мислам до сега се нема вака истоштено од температура, се исповадивме од памет што и пулсот и беше многу висок, тоа од температурата било…
Прашав лактациски консултант ми рече може, во whey пишуваше дека може да содржи нешто плус, нешто што користат билдериве и затоа ова земав.
Ноќеска ја пипкам жешка. Мерам 39 тт. Дадов сируп спушти 37.5. Посче 3 саати скроз се стабилизира. И толку беше. Сега си е ок. Постојано си е со секртче во нос. Имаше летово мораксела, ја лечевме. Може уште ја има Може да е од тоа? Само во еден наврат тт.