Мојот пројде таков вирус. Само со неколку саати температураи и прилично затнат нос. Се опорави за една недела од затнатиот нос.
Се мислев денес да ја носам за кс, ама само трауми и правам. Ја убив од боцкање до сега. Ај белким на ова ќе остане.
Ич не и прави штом се смирило и нема други симптоми. Само ноќе и нема други симптоми? Мојот така кога има ларингит прави или алергиски. Евентуално да пробаш со сируп за алергија пред спиење, ама сепка консултирај матичен, немој на своја рака.
Може и ова да направите за да се подсмири. Во бања пуштете топла вода да се направи пареа или ако некој предходно се туширал да поседи таму и да дише влажен воздух. Многу течности да внесува исто
Не. Ова е да се отворат дишните патишта од пареата ако има шлајм за полесно да се исфрла, за сува кашлица не е.
Па да, ете баш пишува "за да се спушти слузта од белите дробови и полесно да се исфрли", ако веќе нели се има слуз-шлајм, кој стои внатре, а не може да се исфрли , пареата помага полесно да се исфрли. Баш така и јас кажав
Исто така вика и сува кашлица што се активира навечер, а членката освен сува кашлица што се активира навечер нема потенцирано ништо друго. Кај нас кога се јавувало тоа, и дете да звучи како "кученце кога се дави" препорака било тоа што пишав и плус инхалации. Ама еве ќе речам може грешам, може не е иста ситуација. Ама ако знаеш што конкретно значи сува кашлица и како се третира би те замолила да споделиш. Можеби во иднина ќе ни биде советот многу од корист.
Се прекинува ли антибиотик ако има дијареа? Сепак не е уринарна, а ЦРП и беше 44… матичната не ми е достапна, на два ума сум дали да прекинам атб.
Го забораив антибиотикот со мене на ручек време, а делку од дома бевме и не и дадов, сега дали да го продолжам вечер исто или да го прекинам се мислам ? До утре требаше да го пие.
Колку што треба дози, толку ќе дадеш. Ако не си го дала на ручек, ќе си ја дадеш следната доза. Антибиотик треба да се испие колку што е предвидено со терапијата, не да се прекинува ако се скокне доза.
Терапоја се дава до крај. Ако скокнеш доза ке дадеш наредна, никако нема да дополнуваш со дупла доза или слично.
Мајки, синко качи температура, дадов далерон поминаа скоро 2 саата наместо да намали од 38.5, качи на 38.9. Совет што да правам?