Може глупо прашање. Не знам дали на воздух да испаднам после со нејзе, ако се смири. Делува весела за сега, може и олесни од повраќањето, па да ја прошетам на отворено. Шеткате вие кога има вака на очите?
Цело време е надвор. Не можам внатре да го приберам. Кога дува, приметив дека повеќе му се иритираат очите, ама генерално ок е, не му смета.
Исто и моево му се затвори едното окце, претходно температура 2 дена имаше и носето позатнато и голта секрет, ама вечерта одма почнавме со Тобрекс капки. Пред да ставам капки со физиолошки и со газички пребришувам. Следниот ден матичната го прегледа чисто грло, плуќа, ама брисеви за секој случај, за мирна душа. А мојов шета да, моментално во двор е со баба и деде. Да прашам, џивџи си кашла суво чат пат, 3 пати го прегледуваа ништо нема на плуќа, рекоа од носето што се слива, ама синоќа имаше напади на кашлица до зајдување/губење воздух и после плачеше. Па не знаев што да правам го однесов во вц пареа пуштив, седевме 10 мин, и кромид до креветче ставив. Како да му олеснам на др.начин? Страшно звучи кога ќе се закашла. Не спомнаа ни инхалации ни сируп.
Конјуктивитот може да е бактериски, ама не секогаш. Кај ќерка ми два пати до сега беше алергиски. Секоја година крај на јуни, почеток на јули и се јавуваше. Последниве години давам Аериус и не и се појавило. Муабетот ми е дека ако е алергиска реакција, џабе Тобрекс.
Ако има мрсули бактерија е. Мојата имаше пред месец исто залепени очи. Тобрекс 5 дена. После се повтори. На брис покажа дека реагира на друг антибиотик и се излечи.
И чаре? Јас имав мака. Ми рекоа конјуктивит. Првев брис. Чист. Ставив капки тобрадекс малку се смири, па еве од вчера пак ми се врати чешањето. Немам гурелки ич.
исто ни беше со ко-алмацин. Пролив фати после 2-3 дена користење а секое пиење или ќе повраќа или ќе му се гади. ние пиеме зинат сега. На контролниот брис кој правевме да видиме дали исчезнала кандидата од грлото и стрептококата на носот испадна носот чист а грло малку отечено и бактерија стафилококус пиогенес. значи од почеток на март до сега све сме под лекови. Не можам вакцина да ставам а ми рекоа до август мора да им однесам и потврда за да заоди на училиште.
Neznam kako funkcionirate tamu ama zosto ne go nosis vo Krankenhaus ima Kinder Ambulanz em ke ispitate odma sto e ke zemat bris em ke ti dadat soodvetna terapija.
Не знам ни јас колку пати сме биле и таму. Само еднаш дадоа антибиотик. Од око видоа бактерија, од око проценија каков да дадат. Разлика помеѓу матичниот и нив немало никогаш. Не знам за во другиве покраини, ама од 4 годишново искуство тука, скептична сум во тоа дека одма се ќе испитаат. Добра е остатоков од денот. Нема оток и црвенило, бришам со физиолошки цел ден. Да видам ноќта како ќе мине, претпоставувам тогаш е критично.
Здраво, детето има сува кашлица неколку дена. Тече носето малку. Денес ептен кашла пак суво. Со препорака од матичен инхалира Пулмикор. Вечерва пред спиење пиеше вода и се закашла и поврати. Дали е можно да поврати од кашлицата? Искуство?
Можно е од инхалацијата да се разводенил секретот и провоциран од засркнувањето со вода да поврати и шлајмче. Следи го детето, ако не да го слушне уште еднаш доктор
кај нас една недела се чека резултати од брис. ние имавме пред 2 недело стрептокока во нос и кандида во грло,добивме терапија само за кандида. По завршена терапија повторивме брис испадна чист нос а грло со стафилокока и сега сме на антибиотик.
јас би ти препорачала да си направиш брис од око,не верувам да е од носот. Мене често ми се воспалуваа очите како мала. Ако се вцрвенети сигурно има некоја инфекција. Не верувам дека без капки ќе излечите
Лабораторија Ремедика денес дали работи? Да не знае некој, работат саботи? Не ми креваат, вртам на бројчево на Ремедика што е на нет...