Му беа ладни, па му се стоплија,.сега му се топли. Блокмакс немам дома, нема една година, во аптека ми рекоа дека се мали. Дадов 4мл, 9.5 до 10кг има, не е мерен скоро. Инаку 10++ месеци е
Добро нема да качува веќе штом се топли, можеш и да го расоблечеш. Инаку блокмакс мислам после 3 месеци се дава ама ајде се надевам нема повисока да качи. Сега би требало да почне да спушта. Ако мислиш дека има околу 10кг давај 5мл далерон.
И блокмакс зедовме ништо не намалува, од 39 за три часа намали само до 38. Цела ноќ туширање, ладење. Од вчера попладне ми качи, без речиси никакви симптоми, малку може се накашлуваше. Брат му беше вака пред 3 дена, ама не качуваше волку високо, со уредна крвна слика се сомневавме на забите кај него. Претпоставувам вирус е.
Мајки, што давате за влажна кашлица? Од петок наваму почна да кашла, и да му тече носето. Педијатарот цел викенд не работи дури утре можам да го однесам (21 месец е)
Јас имам давано Special kid за искашлување. Али пак види го составот да не ти е алергично на нешто на мојот му помогна тоа доста периодот на кашлица кога беше.
Секако ќе прашам после, во петокот не беше на работа инаку немаше да прашам тука а бевме на дежурен заради увото. Немора да ми одговориш така, одмини го мојот пост
Ох боже сачувај, пишав дека секако ќе прашам доктор минатата недела не беше на работа инаку немаше да пишам тука , јас не пишувам туку така , само прашав колку дена е препорачливо да се пие терапија без прекин за мајките кои имаат веќе искуство со болки во увото
ќерче пиеше 10 дена, имаше високо црп и тт. Но на 7ми ден правевме контролно црп и затоа 10 дена. ова е по совет од педијатар.
Малиот се дупна на шајка ама за жал не е вакциниран за тетанус бидејќи пред 3 години имаше реакција и од тогаш се маткараме де на невролози де на имунолози. Е сега од инфективно не праќаат во Скопје да ја прими вакцината и да останеме да биде под надзор ама ме плаши што имало ковид на инфективно. Не знам ни дали да одам ни дали не. Од друга страна ако ја прими никој не ми гарантира дека нема да јави пак реакција. ве молам советувате ме или посочете ме кој крај да го фатам
Мислам дека тоа што сега треба да му стават не е исто со вакцината дтп. И сега после шајката мора да ги прими тоа оти е исклучително ризично. Јави се кај матичен или кај имунолог да ти објасни и не си играј со тетанус.
матичниот советува вакцина под надзор на лекар. Вакцина се прима на инфективно. Во случајов имунолог нема врска (иако јас мислам дека на имунологија треба да се прими вакцината)
Јас мислам да одиш и да разговараш за сите ризици. И да следат у болница дали ќе развие нешто ако решиш да не вакцинираш.
Прашај дали е вакцина илк серум. Различни нешта се. Инакј тетанус е прилично сериозна инфекција и го погаѓа нервниот систем.