Затоа ти реков оди. Може само серум треба. Мислам дека не треба да се ризикува тетанус. А ковид има насекаде. На инфективно се лица кои имаат проблем од ковидот а не се веќе заразни. Ковид и тетанус кај дете се илјадници километри далеку од сериозност.
Од синоќа син ми е со температура.. 13 месеци и 10.5 кг е. Вчера бевме сабајлето правевме крвна слика леукоцити 11, црп 8. Малку грло црвено, носе затнато, гради чисти. Амоксиклав ни препиша др, го земав ама следам за да видам дали да му дадам, пошо по крвна слика педијатар ми рече дека е вирус. Дадов прегеска на 38.2 далерон пред 4 часа сега еве пак има толку темп и пак му дадов далерон... што друго да направам за да спушти? И рачињата и нозете му се ладни да го покривам ли? Колку да е расоблечен? Првпат ми качува тт и не знам што да правам др..
по 300 вртења телефони и одење по лекари уствари видоа дека има примено 3 дози што е доволно и дека веќе следна е на 6години
Не давај на 4 саати сируп штом е до 38,2. Облечи го да се стоплат рацете и нозете, почекај го да видиш колку ќе качува. Само обавезно прскај некој хипертоничен спреј да се одзатнува носето, мора да тече за да не се искомплицира.
На ќерка ми и дадов пола доза парацетамол сируп(за8кг) сега почна да качува тт, колкава доза можам да и дадам пак ако ми качи повисока тт?
Дозата ништо не прави ако е пола. Се дава соодветно на темп над 38 со 5. Колку кажал доктор толку се дава, не знам точно Знам дека на 6 саати смее ист вид, на 4 различен. Без темп превентивно не се дава лек.
Само за инфо за инфективна. Апсолутно е безбедно да однесете дете или вие да одите на инфективна ако има потреба, без страв од ризик за ковид. Ковид пациенти се скроз оделени од другите, за во чекална маска ќе си стаите. Јас лежев во дневна болница два пати трудна заради труење и стомачен вирус, плус дете носам често. Никад не сме фатиле ковид од инфективна. За тетанус, нема моментално на инфективна. Long live Министер, све е дефицитарно. Имате тетанус во Воена болница
вакцината ми рекоа од аптека ќе требало да си ја купам. Како и да е, на крај испадна дека малото примили 3 дози
Јас пред недела ипол закачив ковид, ми рекоа Панцефот да го пијам 10 дена. За толку дена има и во кутијата. Е за дете може е другачие, најдобро доктор би кажал.
Зависи од што е затнат. Дали има секрет или не, ако е со секрет најубаво оперил да ставиш за да намали оток. Ако нема секрет а затнато е и тешко дише тогаш може да е на алергиска база есен е веќе се почнати алергиите така да не те чуди
ако може мислење за резултатите додека ги види матичната. Малку црвено грло и затнен нос веќе скоро 2 недели и се слева шлајм само и го искашлува
касно одговарам ама јас практикувам и има ефект кромид завиткан во шамивче. Да го ставиш до перница и да го дише. Само тоа мене ми е спас. Евентуално има едни лепенки спиранто мислам се викаат ама јас ги немам користено. Тука низ форумот пишува повеќепати за тие
Малиов има стрептокока пиогенес во грло и нос. Носот му е партал, рани цел од што му тече. Што можам да му ставам да му се намали малку тоа разгрането и кои капки за нос да ги земам?