Ако почнал антибиотик ќе се среди. Можеш да прскаш синомарин полесно да се чисти во меѓувреме и мачкај го некоја крема за да не го боли, јас од таа за пеленска регија ставам.
На ќерка ми (2години има) и давам антибиотик алмацин заради грлото, но крева температура дали може да и дадам и ибупрофен , докторката ми рече парацетамол за температура но дома моментално имам само ибупрофен..? Касно е да е барам сега, мислев имам и парацетамол но сум немала, незнам што да правам
Ако има рани на стапче за уши јас искрено вазелин со невен на сенсилис користам или чист вазелин земи си и мачкај.Кај мене, а и кај мали најефикасно за испукана кожа тоа има помогнато.
Мајки дали после неколку дена температура е нормално да се попоспани? Син ми имаше 4 дена температура, вчера и денес нема ама еве денес мн поспан е, цел ден сака да спие.. 13+
Истото беше кај нас, и само прашував ама во ред било. него давајте совет шотуку се излечивме и ева три дена тргна градинка од вчера носето пак почна да тече, денес како затнато и е третирам со солен раствор нон стоп, кромидче и ставив над глава, ама еве ја сега почна да кашла почесто у спиење и се нервира неможе да спие. Може ли одма да спушти на гради ?? Кога ја држам се смирува кашлицата ваљда дека е исправена, неќе на висока перница да спие ја ставам, незнам како да и помогнам. Утре на децко ке ја носам ако продужи 13+м
И се слева секрет од носот во грло и затоа кашла. Прашај за инхалации. Можеш да прскаш и спреј од оригано. Т.е. прашај дали можеш за таа возраст.
И на мојата и се затнува. Јас правам инхалации со физиолошки, а синомарин прскам и влечам со пумпа. Доволно е синомарин или да прскам и диво оригано, имам дома. Кој е поефикасен ако имаш искуство.
Можеш и двата наизменично. Добри се и двата,ако го користиш синомарин спрејот има јак притисок и убаво одзатнува.
Инхалацииве само со физиолошки помагаат? @Brpbrp мислам тебе некаде те прочитав инхалација со физиолошки и ампула синомарин. Тоа антибиотик е или?
Под душекот стави некое ќебе нешто да ја поткренеш да не и се слева. Оперил за деца земи сум ставала и ја. Со што и влечеш секрет?
Од што може да се појават влакненца на нос?Ке ставам слика. Син ми има 5.5 год сега ги приметив, има и по грб влакненца и на нозе. Ке пратам слики и на матичната. Тие на грб и на нозе ги имаше ама на носот не сум приметила до сега. Под мишки и на интима нема фала богу. Иначе има ли некој стомачен вирус, колку време трае, од вчера повраќаше, денес само тт и се жали дека стомаче го боли веќе не повраќа, му дадов пробиотик и јагленчиња.
Помагаат особено кога е затнато носето. Можеш со обичен физиолошки или синомарин ампула, ампулата повеќе помага пошо е поконцентрирана. Ништо друго не ставај на своја рака.