Здраво Дали имал некој искуство со стрептокока пнеумониае во нос? Малава ми има 14 месеци. Матичната не ми даде конкретно терапија ми рече ако нема некои проблеми како температура нема потреба од антибиотик. Нешто локално да ставам. Што се покажало најефикасно кај вас?
Ние ја имавме во нос едвај ја излечивме кај нас ја лечеа со трицеф. Според антибиограм го ординираа. Локално не му дадоа ништо дека беше мал па рече матичната локално нема да можеме да ја лечиме.. И кај него искрено долго време не ја лечеа ама почна да качува тт имаше многу густ секрет што почна веќе да му се симнува надолу и на крај мораше веќе да му пише антибиотик. Веќе на следните контролни брисеви ја немаше.
Мојата нема температура. На почетокот и течеше носето како водичка. Сега не и тече ама има секрет зелен леплив. Во спиење обично и смета ама сега ни секрет нема толку, многу и се подобри. Некој да ми каже искуство со што ја излечил маст/капки што е подобро, пошто ми бараат чист брис за да се врати во градинка.
Хлорамфеникол маст користеле за локално имам прочитано овде баш на форумов исконсултирај се со матичната барем локално ако може да ја третирате.
Хипертоничен спреј и Хлорамфеникол или Тобрадекс. Консултирајте се со матичниот педијатар, ама обично ова е за локална терапија без симптоми.
И она ми спомна тобрадекс или цитерал. Ама ми спомна и некој спреј. Со капкиве тешко би ми одело ставањето. Спреј повеќе ми одговара пошто не седи ич мирна.
Немаш потреба тобрадекс, тобрекс се без кортико. Цитерал нема подолго ќе бараш флоксимед. А спреј диво оригано или ацидосалус евентуално од овие антибиотските нема во спреј.
Чекај извини цела збунка сум. Она не заинтересирано ми кажа така и после ми рече утре е неработен ден некако ме откачи набрзина. Што се покажало нсјефикасно пошто ми бараат чист брис за да се врати во градинка. Инхалации сега ми рече да не правам. Дома имам спреј диво оригано со тој еве може да ги влечам мрсулите со пумпа. А што да ставам друго да се исчисти побрзо? Извини ти здосадив. Ми изгледа дека сте имале искуство со ова.
Цитерал, ама тешко ќе најдеш јас купуваж Флоксимед капки. За истата бакт сум ставала 5-7 дена. Лично, не губам време со спреј диво оригано, бар кај син ми се покажа дека е џабе се без антиб капки. Се надевам ти помогнав
Само цитерал ќе ти помогне.Ацидосаулус повеќе е за кога ќе се излечи бактеријата па да спздаде како слој во уста и нос за бактерии да не фаќа. Хлорамфеникол ти е само маст за локално. Ние ја имавме со темп бевме и само со трицеф се излечи али доколку нема темп само локално третирај.
Не можам да се едитирам ги зедов капките. Во аптека ми рекоа по една капка три пати на ден. Ќе пробам како @Milkiway 5,6 дена со капкиве па ќе го повторам брисот за да се врати во градинка се надевам чисти ќе бидат брисевите. Таман почна да се навикнува во градинка, после пак со плачки додека навикне Фала ви на одговорите.
Тие се. Сите тие се капки за очи, а ги даваат за нос лпкален третман (цитерал, тобрек, тобрадекс...) Ставај 5-7 дена ќе се среди. А каде ова ви бараат чист брис. Кај големиот во 4 години никогаш не ми побараа брисеви. Ако беше така пола деца ќе требаше дома да си седат.
Славиме успешни први 3 инхалации. Откако почна пак да му се затнува носето се решив да купам инхалатор и мислам дека има подобрување. Ми беше страв дека нема да сака да инхалира ама прво преку игра почнавме да инхалираме а денеска и сам бара да ја става маската кога виде дека му помага и полесно диши.Од почеток до крај седи. Заради страв од тие плачки од искуства со блиски досега не ми беше купен, ама дефинитивно требало да пробаме порано. Се надевам само со инхалации со физиолошки и по потреба и синомарин ќе ставам. Сакав да прашам во делот кај дупките. Дали треба толкави да бидат? Кај вашите инхалатори толкави се? Ми е мисла да не излегува голем дел од активната супстанца преку тие дупки и во респираторен да не не оди доволно..
Малку оф топик. Ние го зедовме овој https://alfalab.mk/proizvodi/auron-inhalator-jln-2300-air/ Од тој дел кај плавото излегува воздухот. Не ни притребал засега за бебе, а ни за возрасни додуша. Е сега колку време трае еден циклус на инхалирање? Сакаше сопругот на него да го испроба само со физиолошки, чисто колку постапката да ја научиме. Во упатството нема многу информации дадено за тоа. Освен дека максимум со 8мл течност се полни. Мислам бар толку беше, не ми е при рака сега.
Ќерка ми има пнеумонае година ипол откако е тргната во градинка. Никако ја немаме лечено зашто не и прави проблем, само и протекува носето од време на време. Убаво ти кажала матичната ако нема клиничка слика не се третира. Во која градинка се експертиве микробиолози што бараат чисти брисеви? Ако се толкави експерти треба да знаат дека нос не е стерилна средина.