Ќе ти пишам лп да не објавувам јавно која градинка е. Сега ме замисливте со ова. Баш и матичната ми рече дека ако е без симптоми не се лекува ми вика ако тие не ти прават проблем слободно пуштија во градинка. Пошто речиси секој човек ја има во нормалната микрофлора. Не ми замерувајте ако згрешив така некако докторски се изрази. кога им се јавив да им кажам ми рекоа да ама таа се пренесува за другите деца ни е. Треба да се лекува. И јас им реков ок една недела ќе седи дома секако. И тогаш ми рекоа донеси ги двата бриса кога ќе почне и овој сега и контролниот. По тоа заклучив дека сакаат чист брис.
Има хемофилус инфлуенца во носот и докторот ќе одлучи според симптомите дали ќе се третира. @Erika.greeneyes Глупости се тоа со контролни брисеви, сигурно детето не си ја донела бактеријата од дома. Јави им се кажи дека докторот одбива да ја лечи, образложи им што кажал докторот и нека ти даде потврда за здраво дете.
Ова се глупости. Ќерка ми сеа да и правам брис, гарант ќе ја има без симптоми. Нека ти даде матичната потврда за здраво дете и носи. За брис кажи им ко ќе има симптоми тогаш ќе се лечи и толку
Имаше мојата секрет зелен ама тоа беше пред недела, две. Сега на моменти има секрет ама не е зелен више. Како вода е.Друго ништо нема. Ни кашла ни тт никакви симптоми. И сега џабе седи дома искрено.
Nosi si ja so potvrda deka e zdtavo dete nema sto da ti kazat. Mojata sea i se zalepija ocine od neso vo nosot sto imase ni prv bris ne praese ne pa kontrolen. Doktorkata mi rece e sto ke cekas 2 dena rezultat i ke ja ostais vaka u ocite turi torbeks 99% ke zavrsi rabota sto ke ti e bris.
Мајки, ќерка ми од вчера е пак со секрет во носот, светло зелен и плус на очите секрет. До недела примаше оперил и моксирал во носот. Што да давам сега, во Мк сме, не сме дома. За очиве се мислам одма со Торбекс да почнам, ама за носот што? Оперил пак ли?
Не мора пак оперил штом до скоро сте користеле и онака е мала за оперил, ако тече носот само солен раствор.
Земи синомарин ама прскај редовно, на 4-5 часа и со физиолошки со туферче од внатре кон надвор ќе и ги бришеш очињата. Закачила нешто. Јас на големиот му имам излечено бактерии со редовно прскање Синомарин и после тоа Ацидосалус, нашиот матичен не дава лесно атб.
Кај да прскам Ацидолус? И јас се природно пробам, ама последнио пат морав Торбекс за очите. Денес ми изгледа како поарна. Можно ли е да настинала по пат?
Во носе, најчесто некое бацилче па се чешала се фатила за очи. А може и од настинка. Затоа пробај прво со Синомарин, чисти носе, па Ацидосалус. Јас не влечам со синомаринот, ако не искива бришам само и после прскам Ацидосалус.
Има некој вирус со такви симптоми. Од брат ми малата го закачила. Па мајка ми од неа. Матичната им рекла само Синомраин или Диво Оригано во нос, и за очите измивање со солен раствор почесто и толку. За два/три дена е подобра. Мене лично Ацидосалусот ми е одвратен, многу ме пече. Еднаш пробав и на детево да му прснам во нос и се уби од плачење (тогаш беше помал). Од тогаш ич не сум го ни пробала. Два спреја фрлив скоро неупотребени. Инаку за грло користам за малиот Силвертус спреј и супер е. Сега гледам рекламираат и таков за нос па види и со тоа за носето. Спрејот за грло е ептен супер.
Ацидосалус за мене е спас помалиот секој пат кога ќе се настине зелени мрсули обавезно вади. Земав почнав да му прскам за неколку дена престанаа зелените мрсули. За грло црвено смирува после неколку прскања.
Отидовме денес во Козле алергии да испитаме, испадна бронхит има детево. Преку ноќ спушти, сега трет антибиотик ќе пие во месец ипол, инхалации со вентолин, оперил, и тн. Ај тоа, али луѓе сте носеле ли дете на рентген во Козле? Каков хорор е тоа, колку трауматично! Уште не ми се верува, инквизиција.
Начинот за рентген дали е Козле или било каде во светот е исто. Подобро така отколку дваесет пати да го снимаат. Мојава имаше две години кога ја снимаја, и ја спремав и кажував како ќе биде, ама бев спремна и јас, така малку муабет , малку тешење, брзи бевме и не и беше толку трауматично, но не дека и беше сеедно. Пак ќе кажам подобро така отколку 20 пати.
Не ни смее 20 пати да се снима и јасно ми е дека мора да мирува ама еве глеам слики и видеа по нетов. Секаде висат скроз на врзани раце? Твоето го собра во тоа цилиндарот? И беа помодрени главата и рацете? Изгуби воздух?
Не беше помодрена, црвенко и беше главчето и рацете кај што беше врзана , ама и се повлече за некоја минута. Инаку ја собра во тоа цилиндарот, јас ја ставив внатре. Во однос на губење воздух од врзувањето, ако на тоа мислиш, тоа не беше ништо во споредба со претходниот ден кога губеше свест на 3 мин од тоа што не можеше да диши, буквално воздух не можеше да земе, сатурација под 90 имаше, во 16 часот почна да кашла, во 19 бевме примени на интензивна во Козле, без температура , без други сиптоми. Дијагноза билатерална вирусна пневмонија. Ама најбитно мислам дека јас бев спремна и прибрана за рентгенот, и брза бев посебно за делот за одврзување и излегување од просторијатаза ретген. Не велам дека е мед и млеко, но голема разлика прави ако си ментално спремен. Нас не примија во болница петок вечер, и знаев дека сабота сигурно ќе ја снимаат, а знаев како оди процедурата. Како и да е нека ви е со лесно брзо да помине. Ние цела недела лежевме и мене искрено тоа ми беше поголемо мачење отколку делот со рентгенот, посебно што цела недела браунилата ја откорнуваше. Брзо и лесно да поминете и не се секирај ќе помине.
Да, многу е стресно за некој кој првпат го гледа тоа. Моето на 8,5м. го снимаа, беше буцко, едвај го собра во цилиндерот. Никој не ме спреми какво ќе е снимањето, уште ја имам сликата во главата. Вториот пат ми беше полесно дека веќе бев спремна. Како и да е, језиво е, оправдани ти се чувствата.