Фала, го однесов на лекар и еве го со инфузија. Ги пазевте ли многу после сипаници? Докторкава ми вика до декември да не одел во градинка, ептен биле осетливи после сипаници
Не можам да редактирам, сега стигнаа резултатите црп е 100 и се сомневаат на Салмонела. Има ли некој искуство? Се извадив од памет
Во Прилеп ги има(ше). Ама се прошушка дека и во Србија се дефицит и ги нема. Ај утре заѕвонете и прашајте 048/ 400- 901. Доколку не можат да се снајдат, можам едно да им дадам да имаат за секој случај.
Мајки, син ми е 2 ипол години, оф минатата среда почна мн да кашла и да има секрет од нос, одма во Козле го однесов, имаше тешко дишење на слишалка, и плус бактерија стрептокока, му дадоа амоксиклав, инхалации со кортаир и синомарин на 12 часа тие, чистње нос и спреј опероил П со дексматезон внатре 5 дена само, се ова го тераме вака, утре му е последна доза од антибиотикот, ама тој уште си кашла, еве и во спиење итоа премногу во спиње, ќе го кренам ќе се смири, пак за некор време пак истото, секрет од нос веќе нема ич, друг симптом исто нема, ама очекував да престане да кашла со антибиотиков, што да правам? Дали пак да го носам во Козле се мислам, има некое детенце со ваков вирус или што и да е ова кашлање?
Пред 7 месеци прележа сипаници и нонстоп е болен. Уште што не пробавме од препарати за имунитет и природни и вештачки, катастрофа. Давај нешто природно, витамини, било што да му помогне. Сега имунитетот е паднат и убаво ти вика докторката, ако има кој да го чува подобро да поседи дома. Со лесно нека поминува што и да е @Mumoftwo30 Исти случај кај нас, гледам и кај други што пишуваат тука. Долго трае кашлицата, кај мојот конкретно од 10ти септември. Имаше и остро дишење, го инхалирав со кортаир, испи панцеф, во меѓувреме качуваше температура неколку пати. Крвната слика и брисевите беа ок, почна терапија од орл и овие два дена е подобар, ќе видиме до кога.
После сипаници ќерка ми се зарази со мононуклеоза, од градинката. Вистина е дека значително имунитетот им опаѓа после сипаницата, затоа ако можеш нека си поседи дома некој период.
Повеќе од еден месец се мачиме со растечено носе откако појде во градинка. Почна со кивање и воден секрет, па кашлање обично ноќе пиевме сируп tylol cold таман малку како да помина пак почна носето со така погуст секрет и пак кашлање одредени периоди во денот и ноќе. Пред неколку дена почна пролив и да се жали дека ја боли мешето. Давам провен прибиотик .Крвна слика ок, црп 2.8 овој пат ни дадоа антибиотик ко алмацин. Денеска завршува 5 дена од сирупот но не гледам подобрување , сеуште кака така течно не баш како пролив , утрово пак се жали дека ја боли мешето и се искака исто така. Многу слабо јаде. Некој совет што да давам 3 ипол години сме.
Температура 38,6 Дадов чепче кога ептен беше омалаксан Синоќа добро ја поминавме ноќта Има ладни раце и нозе и стапала , ама челото и вратот жешки... Некое време така, потоа знае пак да качи и да му бидат жешки и рачињата и ноџињата.. Ни кашла, нит нос му тече Сега мерев, беше 37, 3 Падната А челото и вратот жешки Ладно нешто натопено, нема шанси да му ставам нарочито на чело, плаче рика одма Што е ова стварно незнам
Што терапија прима од ОРЛ? Се мислам дс го однесам во АудуоБМ, мн добра апаратура имаат, нешто за алергија му дадоа или?
Јас би сменила матичен. Прво за црп 2.8 не се пие антибиотик. Второ Тајлол за растечен нос нема потреба, а нос растечен има секое дете у градинка. Кашла од што се сливаат мрсулите. нема подобрување од антибиотикот од нема потреба од него и прави само лошо на цревната флора. Може од тоа е и проливот. Јас само би појачала храна со лук, кромид, многу овошје, многу салати и многу шетање низ паркови. Ништо вештаки имуностимулатори, витамини или лекови за настинка кога е растечен нос.
Исто и нас сируп амоксиклав не ни помогна воопшто, истите симптоми ги имаше и откако го испи. Пароверете во микробиологија да не е бактерија во носот.Ентерофурил сируп за проливот да запре. Да не се мачи. Го кажав сирупот бидејќи подолго време ви трае проливот и можно е да е дехидрирано детето па да не се мачи со пробиотици директно нека земе ентерофурил.Дозирање ќе ви кажат во аптека спрема тежината. Електролити исто нека пие.
И јас сум многу против антибиотици но цел месец е таква и викам ајде ќе помине со антибиотик но изгледа џабе. Од денеска не и го давам веќе, како што не јаде може и тоа дополнително иритира стомаче. Што давате за настинака а да не се овие сирупи мене што ми ги препишаа?
Чорба со неколку чешниња лук, смути, салати, овошја секакви, свеж воздух. Ништо друго. Растечен нос не е болест. До 10 накашлувања на ден не страшно.
Не ги пазев. Им поминаа сипаниците и си тргнаа одма во градинка. И двајцата во Декември имаа сипаници.