И мене ми личеше на полазено, ама насекаде има. Сега на торзото се смири, на дланките се рашири. Матичнава праша ново нешто да не сме дале да јаде, и викам не, епа може да е розеола, да следиме само и апдејтс да пуштаме. Ваква е розеолата? Хаос, прв пат у живот малиов се подразболе првин тт, конјуктивит, кашла, и сеа ова. Како нуб се осеќам. Луд, збуњен, нормалан.
Мојот малечок вака како пликчиња имаше под косата, вратот левата плешка ноџиња и рачиња пратив слики кај матичната и ми кажа дека чим нема температура кашлање и сл. дека се работи за искасано од инсект највероватно од болва и ми препорача со течната бела пудра да го мачкам да не фати инфекција и да не го чеша. Ако сте играле во трева или блиско животинчиња можно е и кај вас да е искасано од болва. Ама следи како докторката што кажала и ќе знаеш што е точно.
Фала ви многу. Може и да е буба некоја или алергиски, низ двор се пика насекаде, клекнува демек ќе лази на трева, ние го креваме, тој инат пак, плус се мора да фати.
Не не, ова не е розеола. Укасано е. Или уртикарија од нешто, храна, средства за хигиена, тревата надвор. Ама и тоа, најчесто е моментално после контакт. Мене лани вакво од пајак ми се појави, цела десна страна, од под града до бут, кај прошетал.
Брисевите му излегоа чисти, се повеќе се сомневам конјуктивитот, растеченото носе, исфрленото, дека е некаква алергија/реакција на нешто или вирусче. Од храна не верувам, ништо ново не сум вовела, може низ двор што хара, чепка, корне цвеќиња. Температурата 2 дена може и од забите да беше, одеднаш 2 му излегоа.
Не мора да значи дека не е од храна, иако не си вовела нов продукт. Може е вкрстена реакција од повеќе продукти или обична алергија која се манифестирала сега. Било кога може да се добие алергиска реакција. Мене ова твоево ми личи од храна дека е. Штом викаш дека "шета" т.е се појавува на едно место, а се губи на друго. Следи ситуација. Јас би однела на лекар. Посебно ако се влоши состојбата. Обично навечер се случува.
Само да споделам дека се потсмири состојбата на очите. Нема оток и црвенило а лачењето на секретот е прилично намалено и нон стоп бришам. Сабајле најмалото кога стана беше исто како нејзе вчера. Окото целосно затворено од оток и црвенило. На итна ни рекоа да набјудуваме и бришам со физиолошки. Кажав дека ја има префатено од сестра и... И така. Се лечиме со воздух и физиолошки.
Ние со шлајмовите сме добри да речам, пие ацц за искашлување, плус алицеф за воспалено грло и ги нема веќе фала богу. Е сега со носот како да има уште проблем, не и тече, ама на моменти како да и крчи, како да и стои нешто.Прскам синомарин, ама пак е така. Инхалации не ни кажа докторката,а и не ми се прави на своја рака. Некој совет? Што друго да прскам?
@An-na Ќе следам како и да е. Фала на совет. @danichap Лајков за поддршка е. Знаат дека префатила и пак брис или капки не даваат. Ццц... Штом си пренеле, пазете и вас другите да не ве фати.
Ацц, ОперилП, спреј од диво оригано. За првиве две консултирај се со лекар, никако на своја рака. Нас оперилот скоро секогаш ни помага.
Оперил п прскав 7 дена по препорака од лекар, ама веќе не ми се прска, нели тој не треба повеќе денови. Ацц да земам на своја рака може? Сирупот ни помогна, би требало и спрејов.
Не знам колку години сте. Сега го прочитав упатството за АЦЦ, пишува не е за деца помали од 3 години. Сепак најдобро е да се консултираш или со матичната или со фармацевт. Може ќе ти препорачаат нешто друго.
Мене педијатар ми го кажа, а беше 1год и 4 месеци. @Black girl не знам како го дозираш, мене ми кажа 4 дена по 4мл 2 пати на ден. Јас по еднаш давав.
@danichap Малиот беше пред месец дена вака се среди после недела дена пак го пофтори, после 5 дена јас и тоа и двете очи ми беа исто двапати ме пофторуваше и мене после и дадата беше само таа најлесно помина Така да планирај и кај вас може да се случи исто Иначе болката додека окото преку вечер отекува е многу болна премногу боли затоа и плачат