Секако ќе го носиме денес втора смена му е докторката, вчера го приметив на бањање. Можно е и да е кила.
Јас сум на гости во Швајцарија на една недела, но син ми (5г) има многу бело јазиче. Не кашла, нема затнат нос.. Дали е можно да е таков заради крајници да има потреба од антибиотик? Со мене имам алмацин, не знам дали да го дадам
Мајки,кај девојчето мое ,еве сега пред малку забележав како едното цице и е повеќе испакнато од другото,како мало топченце да има,кај брадавичките тој дел. Утре веднаш одам на доктор,сега сакам да прашам дали кај некоја др мајка е имало ваков случај?
Касно ти одговарам , види на што е сензитивна. Последно кај син ми давав хлорамфеникол. Матичната секогаш дава левуно капки за стрептокока. Инаку кај ќерка ми дава лесни симптоми а син ми штом се раскивува и идма после затне знам стрептококата е и одма набавувам кортаири , веднаш се раскашлува и почнува да спушта Спреј од диво оригано, кај ќерка ми ја лечам само со тоа ( без температура, зелен густ секрет)…. @macalavica што маправи со син ти, и син ми има на грбчето но матичната рече дека не е загрижувачки
Јас имам друго прашање сега. Значи носот константно и е затнат диши преку уста,како да и олеснам и синомарин прскав и диво оригано и влечам со пумпа џабе се.
Син ми има 11м и ги вади горе единиците, а веројатно и двојките според отокот на непцата. Качува температура до 37,5 и има растечено носе. Тоа што најмногу ме загрижува е што веќе две вечери неутешно плаче и не се смирува, а дење е ок, не е ептен расположен ама не е ни катастрофа како ноќе. Дали е сето ова од забите? Во меѓувреме почнав и на работа, работам од дома но не ме гледа толку, генерално бабите го чуваат преку ден па можеби и пва придонесува за ситуацијата. Како да му помогнам? Дадов малце парацетамол за болката и заспа, ќе видиме само до кога...
Мачкај и ладен гел за непцата. И парацетамол можеш на 4-6 часа за болката. Друго нема како да му помогнеш ,ќе се помачите малку и без спиење ќе бидете ама ќе помине.
Мислам дека може. Моето на 13м тргна во градинка и долго време користевме од спрејовиве. Секако со пауза. 5 или најмногу 7 дена смее да става. Само тие помагаа за затнат нос. Измеѓу ставав или оригано или синомарин. Консултирај матичен педијатар.
Консултирај се и за двата спреја со доктор. И јас сум прскала оперил пред да направи 2 год ама по препорака на лекар, во аптека едвај ми ги дадоа. Во меѓувреме пробај со инхалации.
Probavte so kapenje, so parea I da iscistis? Togas zemi gi Ovie kapki od Bugarija gi zemav preku Edna Zena odma go odzatna.
Иста ситуација имавме..не мотааа 3 г.по хирургии..лани конечно ја решивме... Ако сте од Ск многу полесно ќе завршите работа...
Има 2 вида Оперил капки. Едните се за деца до 7 години, а другите за деца од 7 години па нагоре и за возрасни. Овие вторите ги купувам со гентамицин (во аптека го додаваат). Јас и инхалации им правам.
Мачкам, се надевам што побрзо ќе излезат, ај ние што се мачиме туку и тој не спие по цела ноќ и нервозен е.