Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    4.711
    Дали Хемофилус во нос се третира по секоја цена или не? Во Козле ја однесов на дежурен пошто поткашлуваше викендов па и направија брис од нос пошто има мрсули(не кашла многу, ама изгорена од претходно, сега на секое кашлање ја носам некој да ја преслуша, нека се бунат до сабајле).
    Докторката од таму ни даде антибиотик 7 дена, морала да се третира бактеријава. Ама матичната се мислам да не не ми даде пошто освен мрсуливе и чат пат од секретот што се закашлува е ок, нема температура, јаде, спие, си игра нормално.
     
    Последна измена: 26 октомври 2023
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Не сме ја третирале без посериозни симптоми, домашна е во градинките. Нашава докторка не им ни зема брисеви од нос, само од грло.
     
    На VDT2906 и Mucika им се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.973
    Допаѓања:
    4.858
    Пол:
    Женски
    Мојот имаше стафилокок во нос не го третиравме немаше посебни симптоми, исто во козле бевме на преглед имаше бронхит без температури без ништо др симпт освен кашлица,таму брис земаа. После 1 недела и више од резултатот на крај пак со антибиотик заврши ама најмногу пошто бронхитот беше веќе 3 4 недели не реагираше на инхалациите
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.175
    Допаѓања:
    5.730
    Пол:
    Женски
    Септаназал за деца или Оперил П
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Bevme i na ortoped, rece deka se raboti za izliv na voda vo kolkceto. Bese tolku siguren deka e ova, ne sakase ni na eho da ja snimi.
    Da te prasam, za kolku dena pominuvase kaj sinceto? Malata e tret den, no ne gledam podobruvanje, nema ni vlosuvanje.
     
  6. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мајки ај плс мислење.
    Дадов на малата лој од гуска (19месеци е). До сега не сум давала, пред некој ден почнав ама ја растварав во вода и никогаш не ми ја пиеше цела количина. Вечерва поврати обилно, два пати по многу. Имаше храна, мешано со нешто лигаво. Тоа е секрет?
    Не гледам друга причина зошто би повратила, не јадеше нешто што досега го нема јадено.
    И да продолжам да давам или да престанам? Прв пат вака обилно ми повраќа, не знам што да правам.
    Сега заспа, поврати пред 1 саат.

    Иначе давам лој од гуска зошто преку ден кашла со секрет, навечер некогаш суво, некогаш со секрет. Не направивме брисеви зошто докторката рече не треба чим нема обоени мрсули. Понекогаш и хрчи со носето..
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    4.711
    Не знам јас тоа како се користи, ама ако ми поврати од тоа дур сум го давала сигурно нема пак да дадам.
    Лојот од гуска не беше за мачкање на гради? Се пие?
    Јас би дала испитани суплементи на природна база, терај со спрејчиња, чаеви, течности.
     
    На Tiny Love и dromka им се допаѓа ова.
  8. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Пак поврати..
    Да не е стомачен вирус не знам
    Вода пиеше
    Да ја носам ли во болница?
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    4.711
    Можно е да е стомачен. Не и давај ништо сега нека се смири стомакот. Нека помине 1 саат од последно повраќање и почни со електролити. Мојата повраќаше на 10 мин вечерта кога и почна стомачниот.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Како да знам дали е стомачен? Во млазови повраќаше, ми е страв да не дехидрира, не ми прифаќа електролити, успеав само скоро 2мл со шприц. Не знаев дека треба да почекам еден саат. Сега пак заспа.
    Ако е стомачен колку трае?
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    4.711
    Страшно е за гледање ама таков е стомачниот. Ќе исповрати све сега, мојата и желудочна киселина повраќаше, имаше нагон, а празен стомак и само лигаво искачаше. Едно 2-3 пати може ќе биде во млазови, после може да биде и само лиги. Јас ни вода не давав, ја чекав саат-два скроз да се смири со повраќање па да и дадам било што. Повраќаше од кај 23ч и сабајлето кај 4ч почна да намалува, преку 10 пати сигурно поврати. И сабајлето кај 5-6ч почнав по малку електролити и вода, а она плачеше за вода, јас и давав неколку голтки и и го тргав шишето. Нема да дехидрира за 4 саати, цел ден да не јаде да не пие ќе дехидрира. Електролити така се даваат по 2-3 мл, јас со шприц и ги давав во образ, на 5-10 мин. После некој саат и вода по малку, па после и лесна храна по малку. Гледај температура да не качи, ние немавме. 2 дена повраќаше, 3-4 дена на диета беше. Ако ти е шубе нешто и не си сигурна оди на дежурен.
     
    На Tamara_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Син ми цела ноќ повраќаше, на 10,15мин. Душа, плачеше за вода да се напие а само од голтка одма повраќаше. Од сабајлето се смири. И мене ме фати истиот вирус и исто од попладнето до сабајлето повраќав. Толку жедна никогаш не сум била ама исто не ми поднесуваше желудникот ни капка. Сабајлето со пролив и за два дена како ништо да не било.
    Иначе може да поврати од лојот (тоа лигавото е секрет) ама не давај дур да видиш што е
     
    На Tamara_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ако е секрет тоа, имаше многу секрет. Почна да повраќа во 9, до сега 4 псти поврати. Еве сега повеќе од пола саат не повратила, фала Богу.

    Него што ми текна. Вчера вечерта околу 19:30 падна од многу низок кревет.
    Не плачеше многу, не и беа зениците проширени и одма продолжи да си игра. Има шанса да не поврзано со тоа? Ама не беше поспана денес, напротив си трчаше, се качуваше кај стигне...
    Не знам точно како паднала зошто татко ми ја чуваше, затварал прозор и во тој момент паднала. Само видел дека лежела на грб. Јас кога слушнав како плаче одма дотрчав, си цицаше и се смири за минута. Значи поминати се повеќе од 25 саати. Можно ли е да е до тоа? Ќе се мрднам

    Едит: може и не требаше толку вода да и дадам, да ја изиритирало може.
    @Mucika

    Сега скоро го поминавте вирусот?
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.340
    Допаѓања:
    18.512
    Детево се удри во чело многу силно има џумка и модрица.
    Релативно е здрав,односно не покажува симптоми на болест.
    Денес многу го карав,многу беше непослушнен.
    Има температура 37.7. Знае некој од што може да е? Од модрицата/карањето(според мм)?:?:
     
  15. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Јас сум се чудела како може во толку мало човече да има толку секрет. Не и се секирај за секретот, многу и олеснило од тој аспект.
    Не и се секирај, прати само. ако нешто ти изгледа екстремно носи ја на лекар
     
    На Tamara_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Ако е од склет што се вика ќе спушти одма штом се смири, ама вирус како вирус и со температура како прв симптом знае да почне
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Сега повеќе ми плаши помислата да не е од падот, што не би требало после толку време..
    Фала ти :hug:
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    4.711
    Јас мислам дека и е стомачен. Нема месец како не помина и тоа сите не пореди, јас мислам дека мене уште не ми е оправен стомаков. Очекувај дека може уште да повраќа. Не верувам дека испила пола литро вода за да ја изиритира, ама ќе ја поврати и нејзе. Не паничи само следи состојба. Мојата другиот ден поврати еднаш пошто испи цела шоља супа од петел и другиот ден уште еднаш пошто пак се прејаде со попара. Значи не повраќаат 2 дена вака на 15 минути. Затоа пази на количината и типот на храна.
     
    На Tamara_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    38.535
    Пол:
    Женски
    Температура се крева од вирус или бактерија или некаква инфективна состојба во телото. Треба да се бори телото со нешто за да се крене температурата. Од карање особено никако не може да има температура. Најверојатно некој вирус, има многу сега.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Стана накај 5, мм и дал вода, јас не сум ја осетила, испила 10-15 голтки и пак поврати. А цицање не побраќа. Ајде валда денес нема да биде страшно.
    Да дадам наусолвит?