Hmmm zar taka funkcioniraat tamu jas imam odeno tuka mn cesto i sum zadovolna zemaat bris krv urina i se ispituvaat sega za rezultati se pocekuva malku ama istiot den dobiva i soodvetna terapija. Me cudi za tu da e taka
Имате ли некој совет како да му помогнам на мали. Вади тројки и има афта. Преку ден се држи, ама навечер има страшни болки и цело време се штрека и плаче. За афтата денес прскав проафтол, ама за забиве немам памет како да му помогнам. Што можам да му дадам за ублажување на болките?
Од четвртокот вечерта почнавме да пиеме антибиотик зинат во вид на апчиња по 2 пати на ден ова е трет ден досега само 4 пати се напивме денес имаше еднаш пролив па решив вечерва да не му давам антибиотик. Се сеќавам пред неколку месеци пиеше коалмацин и по два дена фати исто пролив бев до аптека по линекс ми рекоа дека најдобро е да го прекинам антибиотикот. Инаку пиеме веќе 10тина дена пробиотик бидејќи два месеци сме под некаква терапија,дали со капки дали антибиотик... Ваше мислење? За на матичен дури понеделник
Ако е масно ткиво ставај топли облоги. Многу се досадни и траат со месеци, кај син ми имаше период кога едно ќе помине друго ќе излезе. Едно стоеше дури шест месеци. Еве веќе две години нема ништо. Мене докторот ме советуваше да ставам топло. Ако не дозволува вака, ставај кога спие. Загреј вода колку може да издржи и со газа или памучно крпче ставај на окото по неколку пати во денот. Кај деца е полесно, порано или покасно поминуваат, кај возрасен е тешко, мора хируршки зафат.
Антибиотска терапија не се прекинува, посебно не на своја рака, кога се пие се пие до крај. Која е таа аптекарка што така те советувала??? Нормално е да има течна столица при терапијата. Течна столица не е пролив. Како го даваш пробиотикот? Тој се дава на средина помеѓу двете дози антибиотик, или барем 3 часа пред или после антибиотикот, во спротивно нема ефект.
@Monella еве слика, педијатар рече дека е јачменче . Сега ставам само од маста, оти со капките е невозможна мисија. И држам топло , вчера пукна се надевам брзо ќе помине и веќе да не излегуваат . Фала за споделеното искуство
Трета среќа, добивме капки. Треба ли брис за да делуваат(бидејќи не добивме) или се универзални за сите проблеми од овој тип. Еве го составот. Ми рекоа антибиотик е, на двете да им давам бидејќи и на средното и се врати а на најмалото се влоши состојбата. Имаат зелени мрсули и од нос. Со неисчистени гурелки ги однесов за сериозно да не сфатат па да дадат нешто
Не е антибиотик, ова се капки за промивка, за големиот користам нешто слично повремено, оти има алергиски конјунктивит. Ќе помогнат секако.
Ова е хипертоничен физиолошки раствор, со додаток на натриум хидроксид и бензалкониум хлорид. Никаде не прочитав име за некој антибиотик.
Ќе помогне. Ќе смири црвенило и солзење, ем ќе ги прочисти очите. И мене ми изгледа дека само сакале да те откачат ако си барала антибиотски капки. Овде па без рецепт се купуваат. Таму една крајност, овде друга крајност. Не чини тоа.
Моја грешка, задната страна од опаковката ја сликав каде стои останати состојки. На предната стои нешто друго, како главна компонентна. Ваљда тоа е антибиотикот и не ме излажаа Мака ми е што чекаа неколку денови, и на детето да се влоши состојбата па и најмалото да префати, но тоа е.
пробиотикот на пладне го давам пак му иде помеѓу двата дози на антибиотикот. Итака сме на таа тема да прашам пробиотикот се дава пред јадење после јадење? Јас гледам да има барам еден саат поминато после јадење или исто толку пред јадење. е кај нас ги праќаат во битола па од таму ги враќаат... Ептен итните или бактерии преку крв на органи ги испитуваат тука ама пак се чека 3-4 дена. Уште едно да прашам,сакам да му смирам сува кашлица,кога бевме кај матичниот реце кашлица со секрет пожелно е да ја искашла да не му остане или да слезе на плуќа. Сега еве ноќеска откорна грло од сува кашлица едвај спиевме. А па преку ден е со секрет Гледав баш сега на зегин аптеки за маџун од јаглика и тимјан. Дали да земам сируп за смирување на кашлица или маџун? еве што ми излезе во информации.
Да Дани тој е го немав до мене минатиот пат и не ти го сликав.5 дена се дава.Јас капам и кога и се стегнати -затворени очите.Тогаш делува.Чувај го за недај боже .Како што ви е никаков др .Јас на мојата и дадов по 6 месеци од отварање па се спаси да не се прошири.Баш ми е жал за малите.Ама ќе мине од 3 пат капки.