Taa e krema za pelenska regija na bebe na primer nonstop se stava. Jas po sekoe mocanje ja mackav togas ama treba brzo da vidis dali efekt ima
Detevo skrsi toplomer zivin, soprugot go vardese demek, zaspal izmetiv Dali moze da ne e ubo izmeteno, kolku e opasno
Дали и во кој случај му даваат антибиотици на децава, имаше многу висока темп. ни сируп ни туширање не делуваше, докторката рече црвено грло на гради ништо, носот супер мала кашлица, лимфоцити покачени. Дали на ова антибиотик се дава. Се мислам да не згрешивме да не требаше да почекаме, беше само два дена вака кога дадовме лек прекина темп. Сега има некоја кашлица.
Во нашиов случај, во секаков случај препишуваат антибиотик, ова веќе не е нормално што се случува, кашлица, нема температура, прозирен секрет антибиотик ко ис шала со никакви испитувања. Ако веќе сте почнале терајте минимум 5 дена, не е убаво да се прекинува веќе почната терапија
Ми беше чудно што му дадоа затоа прашувам ќе го пиеме, но си велам не почекаме малце можи ќе се смиреше темп. Само два дена беше така. Но од денес нов симптом кашлица , цел ден си кашла еве пие антибиотик сега треба пак да одиме кај матичната, дали на своја рака да правам инхалации со дексазон? И велиш дека можи антибиотикот на симптомите шо ти ги кажувам можи не е потребен? Значи темп висока постојана, покачени лимфоцити и црвено грло имаше. Секрет нема.
Немој инхалации на своја рака со дексаметазон, подобро само физиолошки, за останатото консултирај се. Не знам не сум педијатар да не лупам безвеза само искоментирав дека ова што се случува со препишување антибиотици е надвор од контрола, затоа и најдобро е после 48часа од првиот пат кога ќе крене температура да се направат испитувања а антибиотик се дава по направен антибиограм, ако било во прашање вирус тука џабе се дава антибиотик, но ако станува збор за бактерија тогаш мора антибиотик.
Сега и температура пак крена можно ли е кога пие антибиотик, можи досадувам ама паника ме фаќа вака не бил никогаш. Помислив кашлицата ајде е малце од антибиотикот оти го разредува тоа шлајмче ако го има внатре. Утре го носам на преглед. Ама не можам само на ова мислам.
Можно е, како не. Колку време го пие антибиотикот? Инаку мене во козле ми кажаа дека толку висока температура (40) е резултат на бактерија, не вирус.
Минимум 48 часа треба за да почне да делува. Памтам минатиот месец моево почна со амоксиклав во петок, до неделата вечер изгоре од температура до 40. После 3от ден се врати во нормала. Само трпение, а за кашлицата однеси го да го слушнат утре па нека ти препорачаат инхалации, немој никако на своја рака дексаметазон да даваш.
На моите матичниот им даваше Амоксиклав сируп. Последниот пат кога настина помалиот го имаше истиот проблем како твоето дете. Претходно испитавме крвна слика. Сирупот го пиеше цела недела. И инхалации му правев.
Не се два дена од неделата вечер,не знам оти така пишав. Го однесов на преглед на приватно ми вика не е за антибиотик.
Тука никогаш не ми препишале антибиотик, а е бил и со температура 6-7 дена да трае, и со црвено грло, кашлица итн. Во мк 2 пати на мирно црп ми дадоа антибиотик, кој нормално не му го дадов. Многу сум против ако стварно нема потреба од него. Ние се лечиме со зголемување витамин ц во исхрана, инхалации, и капки за нос. Е некогаш знае да трае и до една две недели. Ама подобро така отколку на секое антибиотик. Минатата година од ноември до март бев како баба рога по цел ден со пумпицата за нос во рака, инхалациите ни беа дел од ноќната рутина, и пак не дадов антибиотик. Фала богу до сега не сме имале посериозни бактерии, до душа и не ни знам што сме имале зашто овде не прават испитувања. Од 9ти месец навака само крв му земат кога е болен да видат црп и нормално грло и гради проверуваат, од тоа се состои целиот преглед.
Можи не требаше ете ја послушав докторката на болница, лошо е кога матичните за викенд не работат. Вирусно е ми рекоја сега на приватно го носев, не требало антибиотик ама е почнат ќе се допир. Саб вечер се напи прв пат другиот ден падна тема. Ама на антибиотикот му требало 48 часа да делува. И без разлика шо го пие пак крена темп има и кашлица. Значи сепак антибиотикот за џабе. Сега ни даде инхалација и да следиме состојба. Па петок пак на контрола. И јас не сум за антибиотик и оставам на докторот да каже шо мисли, ама деф на болница не е за носење кај нас.
Дади ја сега дозата, не прекинувај го на своја рака. Нареден пат кога ќе кажат антибиотик побарај веднаш црп да проверите. Како и да е битно е да биде добар.