Има ли некое дете алергично на бор и шо симптоми има? Можда тропам глупости, али детево дома и кај и да е на др место е ок, ни кашла, ни нос му тече, го носам во парк (целиот е со борови), се откорне од кашлање, носот почнува да му тече како чешма. Не знам од што друго би имало таква реакција.
100 пати бевме во последниве дена на преглед. Денес последно во ремедика, вироза има и зрела кашлица, веројатно во одминување вирусов. Е арно ама пред пола саат стана и пола саат кашла не прекинува, а спие од 8 негде и не се будеше И направив инхалација само со физиолошки, прскав чистев нос, има некој секрет ама не можам да го извадам. Не знам што да и правам.
Јас на помалиот последниот пат му правев инхалација со физиолошки раствор и вентолин. Матичниот ми кажа за вентолинот. На своја рака не давам такво нешто. Не знам само од која возраст може да се дава.
Два дена кашла, ден и ноќ, бевме на преглед инхалации со дексаметазон и лоратадин сируп башка си пие антибиотик. Ова не прекинува, цело време сме со чајче, се пробавме, пробав и топла бања за среќа не кашла сега толку но сепак еве заспа и уште го греби и се закашлува. Ако се влоши одиме пак на преглед.
@Mucika Вентолинот е кога има опструкции во белите дробови, не е за вашата ситуација мислам. За шлајм што не може да го исфрли им давале капки Бисолвон и тие помагале. Сепак за овие лекови консултација со педијатар.
Внимавајте со антихистамините, тие ја смируваат кашлицата, но кога кашлаат значи има нешто што треба да искашлаат, не да се сопре кашлањето. Подобро некој сируп за искашлување на природна база.
Ima svasta ama ako se smeni kaslanjetomora pak da go cujat. Nie se inhaliravme nedela dena fizioloski taman pocna da se namaluva kaslanjeto koa stana eden den i pocna druga kaslica i posle i ventolin i pulmicort i pancef si dobivme
Има инхалации со cortair 2 пати на ден, затоа само со физиолошки и направив, не знам дали смеам. Цел саат кашлаше и заспа некако и во спиење продолжи ама без да се буди. Ми спомна матичната и антихистамин ама не прашав кога колку, тогаш не кашлаше волку. Ќе одам пак денес очигледно... И јас сум иста, и инхалации и антихистамин земам и не ми помага, ми доаѓа со метална жица да си го почешам внатре грлово, сигурно и нејзе и е исто.
Мајки јас пак за дијареата. Имам проблем со млекото. На аптамил сме, ама аптамил без лактоза не сака да пие. Давам само пред заспивање и едно навечер кога се буди, и додека не му дадам не презаспива, пробав вода чај ништо друго не сака само млеко. Се мислам сега да земам козјо да му го давам разредено со вода кога ќе се буди ако го прифати. Да не направам уште поголем проблем со дијареата, што мислите?
Јас имам давано без лактоза исто Аптамил не ми правеше проблем. Кога сменавме на кравјо знаеше со денови да се буни, дури се навикна ама се навикна бевме решени.Сега кога има проливче пошто не можеме да го отфрлиме млекото и си пие уште давам алпско без лактоза и мешам со многу вода оти млеко не се препорачува. Не знам за козјото какво е. Уште има проливче? Не се намали? Пробај пак со алпското измешај малце со лактоза и без и појќе на вода да е дали ќе сака.
Има ли годинка детенцето? И дијареа има само без температура и дали повраќа? На моето наеднаш му излегоа сите 4, во еден месец и имаше мнооооогу лиги. Дијареа имаше повеќе од две недели. Јас го дојам,ама внимававме и малку на исхраната и се среди. Некогаш беше 4-5 пати на ден, некогаш три пати во еден час. И се решив да направам копрокултура и престана. Ме знам кој беше проблемот ама се сомневам на лигавењето. Беше обилно. И многу е важно да внимавате да не дехидрира и дали има болки кога кака. Побрзо оздравување
Не знам како е за постојана кашлица, значи на две мин беше до вчера, не можеше да спие, по совет на лекар е дека треба малце да се смири кашлањето. Мене друго ме буни. Значи пред една недела од ова тој имаше исто вирувче како шо рекоја и кашлаше не колку шо и сега, неколку пати во вечер нешто преку ден и ни дадоја инхалации за смирување е сега ме замисли оти викаш треба да се искашла а ние го смиривме за по една недела пак да се активира, дали беше доизлечен?
Уште има, поретко, 2 пати до 3 на ден ама е течно и мириса. Најдов едно на нестле тетрапак млеко од 12-18 месеци, со тоа ќе пробам повеќе на вода да е. Да 12+++ е. И јас се сомневам на заби горни два кеца вади, ама веќе една недела е вака и мислам млекото уште толку влошува. Преку ден не пие, навечер се буди само и ќе пробам со тетрапак сега. Бевме и на доктор рекоа ако трае повеќе од две недели пак да се јавам. Среќа јаде добро сега и пие вода многу. Кога кака не плаче претпоставувам нема болки, само некогаш во сон кога кака знае да поплаче ама не многу. Освен ориз компир јаболка и банана што друго може да давам како оброк? Цела недела само ова јаде
Дали од вадење заби може да има честа столица? Не е пролив, туку често кака. Газето црвено, плус нос му тече, четворки горе извади и една долу и една тројка горе. Нервозен е, полудев веќе. Дали од вадење заби може да е вака?
Значи намалува, ќе му помине за брзо, не знам дали сега да преминиш на тетрапак, во овој момент почекајте нека му помине, тешко е кравјото или козјото и знае да направи запек дури се навикне мешето. Можеш да даваш кисело млеко, варено пилешко. Чај од кора од калинка велат дека помага за пролив, да пробаш да го измешаш со млекото.
Калинки имам одма ќе направам. Знаеш точно како е? Да изрендам кората од калинка во зовриена вода ваљда а? А да и пилешко и к млеко давам. Не сум дала тетрапак да пие, само во рецепти ставам кравјо. Само на ад е до сега. Не знам што да правам, доктор ми вика да не давам воопшто млеко, ама како кога навечер хистерише ако не му дадам