Исто е, деконгестив. Види Адрианол дали може да го земеш. Мералис е добар ама содржи ксилометазолин. Ама дали од ксилометазолин ти се исфрлал, може да е од помошни состојки.
Точно мислиш. Не се исти состојките но се користат за иста намена односно затнат нос. Ксилометазолин е по состав септаназал, ако има осип, избегнувај го
Значи неможам веќе психички, од како тргна во градинка од септ никако скрос да оздрави. Пишав и погоре пред две ипол недели качи темп во козле бевме и крв земаа и беа покачени параметрите и пиеше антибиотик трицеф се до средата, а инхалации со кортиар до петокот. Одма после тоа носето пак почна да тече и поткашлување али ништо страшно, дури вчера скоро ич не кашлаше си викам супер помина, денес после градинка топла мерам 39 што е ова жени значи не сум паметна веќе, сега и брис да и земат не е веродостоен нели? Една недела е само од антибиотикот поминато. Вака ли беа и кај вас пд градинка, почна да ме фаќа страв, давајте утеха 14 м сме
Zinat по колку мл сте давале? Три дена давам по 3,5мл како што ми препишаа ама вечерва се свестив дека лани за ушите по 5мл пиеше. Сега за бронхит 3,5? Ќе има ли ефект ако била мала дозата или џабе давав деновиве
Ќерка ми се жалеше на болка во увото, и дадов ибуброфен и заспа. Вчера имаше пак некои мрсулчиња зелени и и го чистев со вода носето , потоа се си беше ок. Може ли да и помине од ибуброфенот? Како да препознаам дека е инфекција на пр па и да ја однесам на лекар? И др пат еднаш се жалеше на увото, ама тогаш беше грипосана пиеше антибиотик и и помина.
Не, ако е инфекција нема да и помине од бруфен, мора антибиотик. Со бруфен само нема да ја боли, а инфекцијата ќе си "работи во позадина". Болката во уво е многу силна секако ќе знаеш кога ќе мора на лекар.
Zeleni mrsuli ukazuvaat na bakterija proverete bris od nos. Mene od bakterija vo nos od decava sto fativ i uvo me fati.
здраво..некој тазе опериран кај Др. Демири Систина, да ми сподели искуство за докторот... фала ви многу...
Да, зелени мрсули имаше уште пред 3 недели , купив од оној систем за чистење на нос и чистев неколку дена и престанаа да и течат зелени мрсули. Сега пак од пред некој ден ама така ептен малку, еве денес гледам нема ништо. А ова за увото ќе ја носам на лекар после зошто страв ме фати сабота недела нема кој да ја ѕирне (во болницата во градов кај што сум ОРЛ доктор нема) Од ноќта до сега ми се нема пожалено.
Вчера ја носев на педијатар да ја ѕирне, немаа ништо ушињата, така,да била моментална болката. Барем сум си мирна викендов
Само растечен нос од вчера, денеска станува очи не може да отвори. Ставав кромид во соба, може и од секретот да му е ? Го носам на доктор Искуства