Денес и двете имаат столица повеќе пати на ден. Претпоставувам од капките. Имаа ваков ефект кај малата кај вас?
Не, такво нешто ко пролив не. За 2 дена ќе поминат очите. Ние брис правевме кога се повтори за 3 дена пак коњуктивит. Првиот пат не. Стававме тобрекс. Вториот кат антибиограмот кажа дека само на Тобрекс е резистентна батеријата. Почнавме друг. Тоа беше пред некоја недела. После фати ушна инфекција. Помина и еве денеска по една недела од уво пак окото и се мати и црвена. А убедена бев дека се исправ на 90ка. Се мислам да и ставам сама капки да не ја носам утре пак на доктор.
Колку денови да седи дом, да не оди во градинка? Оти тука нема брисеви за да знам кога е исчистено. Од око да проценам, 2-3 денови?
Ние 5 дена, додека беше на антибиотик ја чувавме дома. Не знам оти, секако локално се дава ама така рече докторот
Si trebala da smenis drug probiotik da dades. Da znaes za drug pat stom pocnes so antibiotik nikako nemoj da go prekinuvas. A probiotikot ako ne deluva smeni so drug. Konkretno lineksot i kaj moive deca ne deluva, davam ko da ne davam.
Не е имала таков ефект, види во упатството во несакани дејства дали ги има како нешто слично наведено.За во градинка др на мм му кажал додека има долу во внатрешноста на окото црвено да си седи дома.Тоа е минимум 5дена. @Cka лесно се пребесува затоа мора да се седи дома .Мојата еднаш фати кога бевме на др од друго болно дете .Не се ни доближија повеќе од 50 см.Ама еве прифати.
јас давам waja пробиотик претходно имаше кандида во уста па со капките за кандида почнаа и цревата да му кркорат и ми даде матичниот пробиотик да не слезе кандидата на дигестивниот систем а за линекс мислам е гола вода не делува кај детево.
И најголемата префати. Беше со баба/дедо. Сега се врати и наеднаш интензивно почнал секретот. Вчера само најмалото префати бидејќи петокот беше она во градинка со ноќевање, вчера дури си дојде дома. Префати само најмалото. Од контактот вчера денеска и кај нејзе се активира. 24 часа покасно е кај сите. Бесна сум. Многу. Ако одма третираа може барем другите две ќе се поштедеа.
Знам дека си лута и јас се изнервирав во петокот.Затоа ти кажав да одиш на итна.Еве можеше големата да ја скокне.Ама не со физиолошкиЗнам дека има и други капки кој се користат само 3 дена и побрзу минува.Ама мојата само овие ги има добивано со 5 дена . Гуте Бесерунг
Мајки, ги добив резулататите,испадна салмонела има малото.Симптомите веке две недели се течно-кашаста столица 1-2 во ден, и на 3-4 дена повраќа ноќе само.Преку ден е ведел,со апетит без тт.Воопто не ни сомневав на салмонела бидејќи само со храна од дома приготвена го хранам и мн внимавам.Утре ќе одам на педијатар со резултатот.Ме интересира некој искустбо да сподели? антибиотик се дава ли?
Дани на дете му немам дадено капки и не знам реакција, ама на себе кога ставам и пролив и кандида вагинално и мачнини имам, многу тешко ми делуваат. Јас сум имала како мала салмонела, знам дека бев на строга диета цел месец, антибиотик не пиев мислам.
@mariz мислам дека може да сподели искуство. Ако не се лажам, синчето нејзино беше заразено со салмонела. Со лесно.
Ние бевме со полоша слика, преку 30 столици дневно и на секое повраќање... тт 40. Нас не задржаа на инфективно и лежевме 7 дена. Твоето има каснато изгледа помала количина... инаку го лечеа со венски антибиотик моево, а за полесни симптоми незнам како е... Моето беше 1г и 3м и исто само дома приготвена храна давав, многу пазев... Ама давав јајце, пилешко, посебно му готвев... може да било или јајце или пилешко, зашто од 8 души дома, само он да фати чудно беше... (сред лето беше, Јули месец).
Доцна те читам, гледам дека до сега сте се подсредиле. Инаку во однос на секретот од очи сакав да го пишам моето искуство. Малата моја на два три наврати имаше иста ваква реакција. Првиот пат траеше подолго, можеби две недели. Кај ти не ја однесов, што ти не ставив, не Тобрекс, не Хлорахеникол, не брисеви ( ништо чисти), не други капки. На крај ја оденсов во Систина на очно. Др ми вика, само гази со чиста вода и само премивки чести. По 20 пати дневно можеби чистев, и за два дена ко нова. Така го средив и следните два пати кога се појави. Само вода.
Капките делуваа кај двете, големо подобрување има. Но синоќа најголемата доби толку страшен оток, двете очи целосно се затворија, буквално како солзи течеше жолта течност, па пак трчавме до болница. Ни рекоа да продолжиме со капките. Не знам што е, ниту синоќа не направија брис, ама ептен заразно ова
Аууу, а да не е реакција од капките бре?? Човек да незнае што да превземе. Многу чести премивки прави само со вода.
Не. Без капките отекуваат, кај сите три беше така. Првата вечер, додека спијат имаше нагло влошување на состојбата. Но треба барем неколку пати да ги примат капките за да се смири. Отокот повеќе ми е страв одколку жолтото што се создава. Двете се ок. Она сеуште е со оток, ама намален. Спојлер
Ако ти е за утеха и кај моево така изгледаше дури бетер. Плус очињата не и се отвараа воопшто, испозалепени. Ама помина само од вода. Неможев да се изначудам. Треба време. Мада знам како ти е , многу хорор изгледа.