Од нигде детево почна да поткашлува длабоко и како со секрет, не и тече нос и нема температура. Утре на лекар, да почнам со инхалации паметно е?
Еве не и нас од Понеделникот со истата бактерија во грло, баш пишав погоре ние со ко алмацин сме и ми исповрати после првата доза ама не одма, и прашав неколку доктори рекоа не било алергија туку од горчината, и добив препорака кога ќе и го давам да дадам пола доза па нешто што сака да јаде па остатокот од сирупчето. Не пробав вака, зошто веќе наредниот ден добра беше. Види пробај така
Јас го поделив на два дела по 2.5мл, и со многу вода после секој шприц, тука одма... еве веќе втора доза ја испи вака. Ако забушава, ќе го пробам и твоето, баш ти фала за споделеното искуство. ♡
Дај кажете типс за давање сируп на дете 3,5г.. нема шанси да отвори уста.. пред некој ден ни парацетамолот не го сакаше па на сила му го дадов ама мислам дете ќе се удавеше.. сега треба трицеф да му давам, проба вчера едвај пола доза испи и нејќе уста да отвори после. Смеам со нешто да му го маскирам како сокче, нешто? Нема шанси ни со убаво, ни на сила
Не сум пробала, ама мислам дека ќе е џабе он од вкусот бега.. далеронот и блокмаксот со сласт од шприц ги пие А и гадлив ми е многу, мислам дека во истата секунда може се да исповрати
Парацетамол цела доза за 4 години дете и околу 20-22 кг е 10 мл. За забоболка можеби е подобро да дадеш бруфен кој се дозира според кг (означено на шприцот од самиот сируп).
Ова е запче кое го лекуваме веќе.. ама многу плачеше сега од болка, неможеше да спие И дадов блокмакс по дозирањето од упатство..
Ни дадоа вентолин на дежурство. Во извештајов стои 0.2мл вентолин + 2мл физиолошки. Во аптека ми дадоа ампули со ист состав и ми рекоа 1/3 од нив да ставам односно 0,83мл + физиолошки. Не знам дали добро ми израчуна, а се исповадив од памет за лошо дозирање на вентолин. Наредна инхалација кај 6-7 сабајле ќе и биде кога ќе стане.
Мама да побараш шприцеви од 1 мл во аптека. Така најраат ќе бидеш со мерката за 0,2 вентолин. Вака изгледаат Инаку ако мериш со обичен шприц првите две цртички се 0,2 така ми објаснија во Ремедика. Еве и вака со слика за појасно.
Имам вакви од 2 мл, на 0.5 им се мерките, ќе мерам со него. Ама ампуливе некој вика цела се става имала веќе физиолошки, или пола, аптекаркава па ми вика една третина ампула и плус физиолошки . Цела ноќ око немам склопено, толку кратко дише, крв немам во мене. Ако и дадам помала доза ваљда ќе може да додадам после? Дур да ја добијам матичната..
Да ова е веќе растворена апмула со вентолин внатре. Мислам дека е ок пресметката. Ако не си сигурна земи шишенце вентолин капки и давај од тоа 0.2мл.
Ама ова ти е растворена ампула со Вентолин. Земи инсулински шприц и стави 0.8 од ампулава плус 1.5 мл физиолошки. Некаде 5 мин инхалација ќе ви биде. Мојава има иста терапија ама имам шишенце со чист вентолин па ставам 0.2 Вентолин со инсулински шприц + 2 мл физиолошки со обичен шприц.
Zemi si sisence ventolin samo i teraj po pisanoto raat da ti. Sea skoro i jas inhalirav takvo kupiv Kao pogore slikata takvo zemi si
Почекај одговор и од матичната, за да бидеш сигурна. Како што гледам на ова шишенцето пишува 5мг на 1мл, што значи 1мг вентолин = 0.2 мл од шишенцето. Кај твоите ампули е 3мг на 2.5 мл, што значи 1мг =0.8мл од ампулата. Значи исто, ако си купила повеќе ампули потроши ги, ама нарадено купи шишенце полесно е за дозирање, помалку математики.
Здраво, од како тргна синко во градинка цело време е со мрсули. Прво беа како водичка, сега се жолти и густи. Има ли шанси да е бактерија, што мислите?