Што да дадам да се смири кашлање, се дави и два пати ми поврати, ама уште и доаѓа нагон. Инхалираме два пати на ден со физиолошки и кортаир, рече ако се влоши да дадам антибиотик ама…
И јас помислив на тоа ама вака не се давела никогаш, ваљда не е ризик да ја истераме вечерта без ништо? Мислев дека со инхалации се смирува баш
За кашлање вентолин и кортаир и плус физиолошки. Само пази со вентолинот не се дава многу. Јас не би чекала искрено ако толку кашла. Пошто ние имаме лошо искуство. Вака многу кашлаше и не вака така додека и дадоа терапија. Помина време. Се изнамачивме.
Мојата исто правеше пред некој ден, ама ние сме под антб веќе за бактерија во грло, а кашлицата отпосле и се интензивира у спиење посебно, и матичниот ни даде флавихам сируп два пати на ден пола саат пред инхалација со физиолошки да и даваме. Чудно после два дена се смири, сега само секретче вадиме, ваљда се разводени секретот.
Извини на убацување во советов, ама никако вентолин на своја рака, не знаеме од што е кашлицата прво, второ не е дека не се дава многу вентолин туку точно според килажа мора.
Не знам, мене докторката ми кажа со вентолинот внимателно. Само неколку капки. Односно 0.25мл и давав и тоа само два дена дали беше. После продолживме само со кортаир. Поголема доза на Вентолинот нешто на срцето влијаело, не ни препрашував.
Пробај и со природни работи. Мене добар ефект ми имаше мешано 1л мед, 1л лимон цеден и 1л маслиново, ова го даваш на 5,6ч по 1 мала лажичка. И ловоров лист со мед, се варат 2,3 ливчиња со 150мл вода, цедиш, ставаш мед и тоа го даваш во текот на денот по некоја голтка.. Тахикардии може да направи вентолинот. Мене мојата матична никогаш не ми го давала, само кортаирот... Вентолин еднаш инхалирала малава, во болница во Козле. Бумбар беше после инхалациите, потекуваше и жар и беа обравчињата...
Затоа реков внимателно. Мојава само два дена ако беше после продолживме само со кортаир. За среќа на мојава ништо не и беше.
За ист случај. ни даде плус 2мл сируп салбутамол. Се давеше и повраќаше. Можеби аериус или друг сируп за алергија пред спиење Сируп некој друг не би. Совет од матичната а и никогаш не ни помогнал
Мајки веќе 2 ипол недели син ми е со растечен нос. Направивме брис во петокот денес ми стинаа резултати - мораксела. 14+++ е. Од симптоми само растечен нос со мноооогу секрет и еве од вчера почна да ми поткашлува. На преглед кај матичен се ок. Крвна слика ок освен леукоцити 11. Како сте ја третирале оваа бактерија?
Никако додека не направи поголема беља. Редовна тоалета на нос со солен раствор, со тек на време ќе прекине секретот.
Дали некоја мама знае од што може да е ова? Не е рапаво, не е подигнато, само црвено.. се нема изгорено на ништо. Од вчера му се појави... 14+++ @Annath @Alishan30 help
Може да е каснато. Кај моиве од комарци вака се прави. Секако уште ги има, внатре се испикаа на ладново. Ама не можам да кажам дека е точно тоа. Следи го и види како ќе се менува.
Синко (скоро 5год.)е со ларингит, бувта, кашла без престан особено денеска. Од вчера сабајле го инхалирам со физиолошки и кортаир, и пие сируп Лихен Форте - ова по совет на матичната. Пие и чај од ловоров лист, и доста течности, ама кашлицата како да се влошува и се почеста е, особено кога легнува да спие. Од пред 1 саат почна да качува и темп, 37.7. Што друго давате за ларингит и кучешка кашлица?
Kerka mi 6god ima najverojatno infekcija na genitalii, pravevme urinokultura ok e. Ima zolto postojano na gakickite. Dali nekoj se soocil so vakob problem kaj tolku malo devojce?