Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    2.933
    Пол:
    Женски
    Последно имавме таков вирус неколку недели траеше, во понеделникот помина, искрено ништо не помогна освен инхалации секој ден различни по шема на доктор, прво дексаметазон, па Вентолин, па кортаир на неколку дена различно ни ги даваше. Таков е вирусот напорна кашлица која го премори ако можете и вие дома некако пазетесе ние се префативме уште кашлам...
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја мајка со искуство дете са де жали од болка во колено навечер во спиење и сабајле кога ќе стане? 2,5 год е малиот, во последни 2/3 медеци се жали рандом ноќи дека го боли ногата во сон, ја покажува истата потпчно левото колено, сега беше болен и почесто се жалеше. Испитав ASTo (ASO) негативен е резултаот, го однесов и на ортопед го гледаа на ехо викаат ништо нема а он уште се жали. Некоја препорака што може друго да биде?
     
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    2.995
    Пол:
    Женски
    поинтензивен физички напор во текот на денот трчање, скокање, качување, болки во мускул можеби
     
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    2.995
    Пол:
    Женски
    Или вака нешто
    https://deca.mk/zabrzanoto-rastene-predizvikuva-bolki-kaj-detsata/
     
    На SenzeRR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    23.139
    Пол:
    Женски
    Како неколку недели?
    Синко е два дена со кашлица, па преморен делува.
    Качи пак темп, 38.2. Мислам дека има спуштено на гради, едвај чекам за некој саат да отидеме на преглед кај матичната. По дишењето така ми стои за жал.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    26.706
    Таков е вирусот., долго трае кашлицата. И син ми го помина убедена бев дека има на плуќа, немаше ништо. Амабебе префати и спушти на плуќа
     
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    На SenzeRR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас прво на тоа помислив ама ортопедот ми кажа дека болки од раст не биле констатни на едно место туку шетале…
     
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    7.411
    Ние се уште со кашлица, 5ти ден. Нема температура, нема на гради, а детево се дави од кашлање.
    КС е ок, ниско ЦРП, секретот е проѕирен... Бевме Козле саботата, Кортаирот ни го сменија со Ипратом, вчера се смири денес пак по старо...
    Сирупи не ни даваат, мала е.
    Не знам дали по приватниве да почнам или да се помирам дека трае долго?
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    23.139
    Пол:
    Женски
    Спуштил синко, сабајле го прегледа матичната. Ами знаев дека има спуштено, го осетив по дишењето.
    Да продолжиме со инхалации, и плус Лекоклар атб доби.
    Во меѓувреме почна да кива и нос да му тече дури сега како да настинува.
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    26.706
    Со помин мајка. Секое второ дете е со наод на плуќа. Страшно.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    4.704
    А мислиш дека нешто не фаќаат на слушалки па да го носиш на приватно? Пошто таа е терапијата, освен ако не ти личи влошено па да одите на контрола пак да го проверат. Мојата е со наод на плуќа со истиве инхалации. Прашај ги што да очекуваш, кога и колку да се смирува кашлицата. Крени го креветчето да не му се слева на гради и давај многу течности. Сируп ако мислиш за искашлување и нас никогаш не ни дале.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.042
    Допаѓања:
    123.934
    Не ти дадоа вентолин?
    Син ми кога имаше ларингит тоа беше таква страшна кашлица штом во сред зима искачавме надвор на ладно и отваравме фрижидер
    Сега за жал ни вентолин не помогна мораше урбазон и сируп салбутамол+кортаир
    РСВ хара, моите и двајцата фатија , исти беа незнам кој бетер со некоја температура 37,8 , значи 2 недели и уште поткашлуваат:(
    Со помин

    @Калатеа сте биле Козле дајте време. Освен ако не се смирува кашлицата , ако е неподносливо како што беше кај нас
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    23.139
    Пол:
    Женски
    Не, нема свирежи за Вентолин да прима.
    Денеска е веќе подобар со кашлицата, не е како вчера. Кашла пак суво, ама не толку често. Качува повремено темп до 37.8/38, ама се надевам ќе почне да делува атб и да биде подобар.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Ели што симптоми дава РСВ?
    Класично она спуштање на гради или плус нешто друго?
    Двајцата поткашлуваат неколку дена и имаат секрет ама со инхалации подобри се,малото посекако си е покриено со Вентолин.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    7.411
    Ептен се тресам да не ми спушти, а да пропуштам, значи каква анксиозност ми се болестиве страшно.
    Ми смени кашлање, некако почудно хрчи и само ја гледам, само ја меркам.

    Се тешам само што нема температура, не знам дали и без температура може да има наод?!

    Утре пак кај матичната ќе појдам да ја слушне.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Следи го мешето.
    Ако дише забрзано и му рипа мешето тогаш има спуштено.
    Ако си дише мирно добра е.
     
    На mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    7.411
    И рипа малку ама не дише нешто забрзано…
    Се надевам нема да биде нешто сериозно до утре:(
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.042
    Допаѓања:
    123.934
    Може син ми кога лежевме во Козле спушти без темп. :(
    Следи како што ти пиша Моник (ако дишат стомачно, е знак за аларм можеш на ју тјуб да побараш) а и се слуша на грпче.
    @monik55 прво им се затна носот,за ден , ден и пол кашлицата, па после качија температура. Имаа мн. ниски лимфоцити другото , во нормала но ние го потврдивме со брис. Син ми дополнително и стр.пнеумоние и така , весело
    После не зареди и нас еве сеа ја чекаме мајка ми да се подопраи :(
    Нема здраво дете :(

    Давај пред спиење сируп за алергија
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2023
    На mal.ecka и Калатеа им се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    4.704
    Што да ти кажам кога и јас се тресам и не спијам и ја гледам како дише и пуштам јутјуб да споредувам дишење, сама не си.
    Мојата кога спушти не хрчи, туку е како зарипнато кашлањето (не како ларингит), дишењето и е плитко, и кај клучната коска вдлабнатинката многу и се собираше, така ја приметив, а и се приметуваше и на мешето. Не мора да качи температура.