Малиот 16м. има многу голема мака со забите. Ептен, до сега вака не било, цела недела не спие, многу го мачат. Не му помагаат геловите, ниту блокмакс за болка. Ич не е спиен. Има ли некој чај да можам да му дадам за да може да спие? Знам за тие на бекутан со маточна се, не сум му дала дека има многу шеќер, ама барам некое чаре како да му олеснам. Секој предлог е добредојден.
Јас немам искуство со блокмакс. Сум давала бруфен и парацетамол. За температура само, болки до сега не се пожалил дека има. Бруфен го препорачуваат како поефикасен. На самиот шприц има дозерка според кг. За болка препорачуваат пола доза парацетамол.
Знам дека се препорачува пола доза, му дадов 2,5мл прво, ништо, следен ден му дадов 5мл, пак ништо. Има многу болка, се лигави многу, и се чеша по глава и уши, до сега вака не вадел. Тој секако сите заби драматично ги извади ама тројкиве ептен тешко. Затоа сакав со некој чај да пробам да видам дали ќе го смири малку да му олеснам.
Го виде утрово докторката, сопругот остана со него, направија и кс, се е во ред. Кога спие се случува ова со ушите да ги чеша. Од забите е сигурно, вака се однесуваше за сите, само не траеше волку долго и не спиеше по 3-4 дена. Ова историско стана веќе цела недела, а и буден е од болката, на града дреме по цела ноќ како утеха. Не знам како да му помогнам.
Спуштено… катастрофа, градите преполни секрет. Нормално добивме и Урбазон зошто едвај дишеше… Стварно не знам како ќе биде кога ќе оди во градинка, ги отрувме децава со лекови. Природен лек некој? Лој од гуска да се намачка чинам прочитав некаде…
Со лесно. И мојата примаше урбазон и тоа неколку дена кога лежевме со ковид. 14 месеци беше. Не знам ни јас со градинка што ќе правиме и дали некој ќе ми гарантира дека ако седи дома до 3г после нема да ми спушта на гради. За лој од гуска имам читано ама не сум пробала. Тапкај ја прави дренажи.
И син ми тешко ги вадеше, во исто време избиваа сите 4ки и 3ки. Пробај со бруфен, мене за температура ми се покажал поефикасен. Само внимавај да не дојде до спуштање на температурата.
Вчера и денес е со кашлица, прошлата недела му беше затнато носето правевме инхалации со физиолошки и деха, му се смири носето вчера сабајле се буди со кашлица..му го земав мукоплант ама од него нема некој ефект..сабајле одиме кај матичната...исто и јас не знам што се правиме со градинкиве. До 3 години седеше дома, штом почна во градинка одма 3- 4дена оди и одма настинат, ќе седи некоја недела дома, после пак од ново..само го клукаме..еве од оваа година пак е исто
Па Сашко е прилично фин, ама така би ти наплатиле како на приватно веројатно ако те примат. Јави се пред да одиш.
Матичен му е на помалото. Затоа мислев да ја однесам поголемата. И да наплатат нема проблем. Ми треба да ја прегледа подетално.
Искуство со затнато уво и намален слух кај дете? Од саботата е ситуацијава,дента се растече и затна носот,ноќта тт 38. Почна и да поткашлува. Имав сируп тајлол колд (го пиеше пред 2 недели за слични симптоми) и откако дадов неколку дози кашлицата се подсмири, носот се одзатна (прскав и оперил п). Во уво стававме парафинско масло.(само тоа сме користеле до сега) правеше и инхалации со синомарин. За среќа не се жали на болка,но слухот му е многу намален и баш сме загрижени со мм. Сте третирале ли некако? Сабајле го носам кај матичен.
Ќе побарам. Инаку на секоја втора настинка знае да се пожали дека го боли увото. Он природно има поголеми крајници но никогаш не било нешто многу сериозно за да не препрати матичната на орл или пак да спомне за вадење. Сега читав во темава дека се мие со вода затнато уво. Се надевам дека ќе прифати. @kristina.k ти за твоето дете си прашувала. Како поминавте вие?
Искрено, имам пропатено од уши со децава... На ОРЛ амбуланта ќе го прегледаат постручно од матичен, верувај ми. Има и во Козле орл, супер се. Они даваат предлог после преглед за што е и како, матичните немаат ни инструменти убаво да видат. Масла во уши мене никој не ми препорачал, може и од тоа да му е намален слухот. Препорака: д-р Мирка Шалиќ Во Козле сите орл се супер, само прва смена имаат амбуланта.