Каде се наоѓа д-р Мирка Шалиќ,и дали може со упат? Капките ми се препорачани од матичен,уште првиот пат кога го болеше увцето.
Кај нас беше од формиран чеп од церумен, со чистење на ОРЛ се среди проблемот, само повторно му лачат премногу и пазиме многу. Обавезно да го виде доктор, само така ќе знаете дали е за чистење или за терапија.
Како се чисти,како за возрасен со шприц со топла вода? Како реагираше детето? Моето е 4год. Денес по втор пат бевме на забар и со мало натегање поправивме уште едно забче. Си правам споредба како би соработувал
Ако му лачи увцето секрет масленоста и густината од капкитр само се долепува и таложи, така ми објаснуваа ... Мирка е позади дом на градежници. Има за со упат ама слабо термини... приватно да се јавиш за побрзо.
Совет ќе ве молам. Ќерка ми, шест и пол години, има секрет од нос, кашла, денес бааѓи и качува навечер температура до 37.5. Матичната нејзина ( семеен лекар е) вчера ми кажа црвено грлце, ај антибиотик. Јас ја прашав дали може на природна база да се проба и ми рече дека може, риностоп даде и инхалации со синомарин. Некако многу несериозно кога се работи за дете. Совет што да правам? Нејзината матична врска нема од дијагнози давање. Еве и сега качи 37.3. Трети ден вака качува.
Да испитате крвна слика. Можно е да е вирус. Детево прво го лечевме на природна база. Сируп Мукоплант и спреј Синомарин. И плус инхалации. Ама крвната слика покажа покачени вредности и мораше антибиотик да пие. А немаше температура.
Па ќе направам, иако сметам дека вистински доктор треба од преглед да установи дали е или не е за антибиотик.. оваа не се замара, уште од врата дава антибиотик.
Нашиот матичен дава антибиотик само ако има симптоми. Кај детево освен секрет од нос, сува кашлица, немаше ништо друго. Е после кога му стана грлото црвено, направивме крвна слика. И мораше антибиотик. И самиот доктор рече дека е за антибиотик, ама по крвната слика сакаше да види што да му препише.
Искуство со упорна кашлица покриена со панцеф, кортаир и ипратом од Козле... 5 ден денес панцеф уште ништо не гледам разлика навечер од памет ме вади, а на слушалка ништо нема
Јас после 2 дена ги пуштав. Денес го пие до крај и утредента на контрола. По препорака од докторот. Најчесто се погодуваше да завршат со антибиотик во петок.
10-15мг на килограм телесна тежина, ако има 20 кг, 3/4 апче парацетамол. Мене така ми советуваше лекарот. 300мг е максимум, едно апче е 500 мг.
Ние пиевме сумамед. И инхалации со вентолин и кортаир и уште кашлаше не толку многу ама сепак не беше скроз излечена кашлицата. После продолживме со tylol cold сирупот по препорака од докторката, пишува дека помага и за кашлица. Дали помогна тој или сама од себе веќе си помина не знам. А дали и се слеваа од носот секрет? Пошто во спиење и тоа знае да први кашлица.
Давајте памет зошто немам На 23 окт почна со панцеф 10 дена ради погрубо дишење и темп, после една недела од испиен тој антб пак темп која траеше 6 дена ама сега стрептокока пиогенис испадна па ајде пак антб сега ко алмацин, понеделникот сега го допи тој денес пак темп сега за сега е 37,6/7 ќе видиме после, ама синока имаше многу плачки ептен раздразлива и не спиеше, сега преку ден е супер активна. Контрола правевме завчера супер беше, можно ли е пак бактеријата сега да пројави некој со исто искуство? Или пак заби тројките се побелени непцата може и тие ќе излеват Пишав кај матичниот чекам и од него Ме оболе Скоро 15 м и дома ја чував намерно да не оди градинка за да оздрави саглам ама џабе било