Убав е и чист. Јас на бебе само мачкав ама на внук ми 18месеци му даваше сестра ми да пие. Не е мешан со ништо.
За шарлах кои испитувања се прават, што е асо? пред антибиотик или после антибиотик се прави? Малку се исплашив од се што читам
Шарлахот е предизвикан од стрептокока. Со АСО вредноста се покажува да не остане скриена бактеријата, па да направи проблем. Не знам стручно да објаснам баш.
Здраво,детето ми е женско и мината ноќ и денеска ми крена температура 41.5 ,ставав чепчиња ибупрофен бидејќи сируп не сака да види.. Никако да падне.. Денеска е Недела ја носев на дежурен ја буцнаа урбазон и еве саат ипол сеуште не е падната температурата.. Утре ке идам на матичен секако но сакам да прашам дали некоја мајкичка недај боже се соочила со толкава температура,јас искрено сум многу исплашена.. Ве молам некој заеднички совети.. Ви благодарам ❤️
Ние бевме исто,и на крај испадна гнојна ангина. Земи нешто за против грчеви на толкава температура,и мачкај и ги нозете со сенф,на нас така ни паѓа температурата.
Тоа е многу висока температура за да ве пуштат дома. Ако сте дома со толку висока температура одете повторно на дежурен, ако сте во Скопје или на детска или во козле. А ако паднала не очекувај да падне под 37.
Ќерка ми, шест и пол години е, беше со температура, до 39 качуваше, затнат нос и кашлица. Нејзината матична даде антибиотик зашто не и се допаѓала клиничката слика иако кс беше ок, само црп 20. Од средата пие антибиотик, но носот и кашлицата никако да се смират. Што да давам? Се си мислам дека и антибиотикот беше бадијала даден, но тоа е.
Па најверојатно бадијала даден... Инхалации не ви дадоа? Мојава беше минатата недела со мн сува надразнителна кашлица, се откорна, па после стана влажна и постепено се смируваше. Кашла по малку сеуште, но влажно. Јас и давав Хербион (Исландски лишај) и ја прскам сега сеуште прополис со сребро (и некои др билки). Спојлер: Прополис
Инхалации да, со физиолошки и кортиар. Проблемот е носот кај неа, додека тече, нели ќе кашла? Носот не сопира.Матичната видела наводно бааѓи црвено грло, иако само 20 проценти и верувам, знам дека лесно дава антибиотик, никако да ја сменам бидејќи ми е блиску, но сега разгледувам други опции. Паничи за речиси седумгодишно дете.
На мојава не и течеше па нос, само си кашла... оперил П ставајте или Септаназал детски, кога ќе го отпуши убаво, по 5мин нека дува убаво нос, па после тоа диво оригано спејче. Јас бар вака правам..
Која бактерија ја имаше? И за колку време ја излечивте? Ќе ме правите малце немајка можда, ама едвај чекам да е негативен брисот и во градинка да продолжи. Првпат вака да отсуствува една недела откако е почнат скоро 6 месеци. Патем, стрептокок пнеумониае има. Еве уште се бели, чисти.
Што би можела против грчеви,имам ставено поодамна дијазепам детето гледаше само во една точка и така да страв ми е да ставам пак такво чепне.. Бевме и на невролог во Ремедика кажаа дека нема место за паника и тоа беше пред година.. Скопје бевме на клиники и таму земаа крв и ништо не открија,детево ми е често со температура од раѓање... Не сум паметна што ли да направам веќе..
И вие заглавивте со стрептококата? и ние...веќе втора недела дома е...ви рекоа чист брис кога ќе почне? пошто слушам се јавувале на телефон а мене никој не ми се јави...планирам да го пуштам од понеделник да знам да правам брис пред тоа
Да, со негативен резултат. Јас од кај матичната го зедов резултатот, така ми пренесоа. А кај вас само во носот? А зошто сте две недели дома? Што има?
Таа не сме ја имале уште ама кај и да е ја очекувам од градинка да ја фати . Имаше мораксела и хемофилиус инфлуенца (од оваа е вакциниран)